Поскапува маслото за јадење

  • Креатор на темата Креатор на темата Network
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
Од денеска 100 денари за маслото за јадење


Со цена од 100 денари за литар - маслото за јадење денеска осоамна во дел од скопските продавници.

9357.jpg
„Зачудени сме како може од вчера до денес зејтинот да стигне до 104 денари. И ова зголемување не е 10 %. Не знам како ќе се живее“ велат граѓаните кои ги прашавме.

24 вести во обиколка на неколку продавници и пекари забележа дека веќе се зголемени и цените за дел од пецивата - бурек, кифли, банички. Според информации на 24 Вести - во дел од месарниците е зголемена цената и на месото. Одбројувањето до новите повисоки цени за лебот почна.

Граганите се убедени дека поскапувањата се секојдневни и силно ги чуствуваат по домашниот буџет.

Од владата велат дека подготвуваат мерки за граѓаните. Владиниот портпарол обвини дека дел од производителите ја злоупотребуваат состојбата и затоа ги поскапуваат производите. Посочи и на новинарите дека непотребно создаваат паника.

„Во овој момент дизбаланс на пазарот на храна во Македонија нема. Има определени обиди за поместување на цените, но структурно нарушување на пазарот нема.Јас апалирам, но и владата малку посоодветно и поодговорно да се однесуваме во пласирањето на информации“ изјава Александар Горѓиев, портпарол на влада.

Додека граѓаните се борат со поскапувања, стопанството се бори со неликвидност. Владата им подгови мини пакет од 5 антикризни мерки.

„Ќе се пролонгираат роковите за еколошки дозволи, а и проектите на металургијата ќе имаат предност во добивање на поволните кредити од Европската Инвестициона банка“ изјава Александар Горѓиев, портпарол на влада.

Приватниот бизнис алармираше дека серијата на поскапување ги зголемија значајно трошоците. Што уште повеќе ја продлабочи неликвидноста.

„Каде помалку, каде повеќе, поскапувањата ќе влијаат секаде“ изјави Стоимирка Тасевска, СКМ.

Додека и компаниите и граѓаните се затечени од поскапувањата, министерот за финасии Ставрески изјави дека инфлацијата годинава ќе остане во планираната рамка од 2-3 % .


Извор
 
95 денари е кај нас не е 100.
 
„Во овој момент дизбаланс на пазарот на храна во Македонија нема. Има определени обиди за поместување на цените, но структурно нарушување на пазарот нема.Јас апалирам, но и владата малку посоодветно и поодговорно да се однесуваме во пласирањето на информации“ изјава Александар Горѓиев, портпарол на влада.

А што мислевте вие, ќе одат основните ресурси нагоре и реалниот сектор ќе ги држи цените исти? Абе вие дали сте стварно глупи или глумите глупи не ми е јасно. Јас апелирам да си пикнете два прста во газ и да се вртите во канцеларија оти за тит не ве бива, камоли за економија. 4 години се бамка неликвидност,неликвидност, пораст на трошоци,пораст на трошоци, мрсулково ми кажува искористувале производителите ситуација. Идете вие произведувајте и продавајте по стандард на граѓаните да видам дали ќе издржите. Ненормални едни, уште инфлаторна спирала ни фали и тогаш дури треба да ве обесат на плоштад сите до еден!
 
Сега од УЈП да поминат по маалски продавнички кога ќе ги забоксоваат има да биде како на дивиот запад :icon_lol:.
--- надополнето: 30 август 2012 во 22:20 ---
КАМ во Велес?

Шо има врска каде иста би требало да биде цената мислам секаде Брилијант масло.
 
Јебига...се е увозно...нема домашен производ. Капацитети има.....
 
Од 75 денари ќе оди до 120-130 денари за време на сезона,после па ќе се врати 75-80 денари кога сите ќе направат зимници
И пак за покачувањето ќе биде крива владата
 
Е ај сега, зошто па маслото за јадење да поскапне, па водата е уште по иста цена...друго што ставаат во него
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom