Помош, совети, размена на искуства...

TDM

Член од
5 јули 2012
Мислења
67
Поени од реакции
11
Помош!
Имам NIKON S3000, кој има проблем со механизмот на објективот (изместен е) и сега се отвара, но сликата е дефокусирана и после 2 секунди се затвора и пишува "Lens error" .

Дали знаете каде да го однесам мојот мил апарат за да ми го поправат квалитетно брзо и ефикасно?
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Помош!
Имам NIKON S3000, кој има проблем со механизмот на објективот (изместен е) и сега се отвара, но сликата е дефокусирана и после 2 секунди се затвора и пишува "Lens error" .

Дали знаете каде да го однесам мојот мил апарат за да ми го поправат квалитетно брзо и ефикасно?
Од Скопје си?
Јави се во Рефот, они се главни застапници за Никон. Претпоставувам дека се се сервисира таму.
 
TDM

Член од
5 јули 2012
Мислења
67
Поени од реакции
11
Бев вчера во Рефот, беа многу неуслужливи и непрофесионални.
Ми кажаа дека објективот цената на објективот била 95 евра, додека нов апарат е 75 евра.
Кога се обидов на таа таму да и објаснам дека механизмот не е оштетен, туку само расштиман, таа почна да се тресе од нервоза...
 
Член од
21 јануари 2008
Мислења
83
Поени од реакции
10
ми треба помош
каква картица да земам за full hd video, дали ке ми врши работа од 10 mb/s, или мора да земам од 30 или 45 mb/s.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
598
Поени од реакции
145
мислам дека 10 нема да ти врши работа.земи си побрза ,45 би земал ја.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
ми треба помош
каква картица да земам за full hd video, дали ке ми врши работа од 10 mb/s, или мора да земам од 30 или 45 mb/s.
Зависи со која брзина камерата запишува, имај ти и 100тка картица но ако трансферот камера - картица е 10 - џаба ти е
 
Член од
21 јануари 2008
Мислења
83
Поени од реакции
10
ми треба помош
каква картица да земам за full hd video, дали ке ми врши работа од 10 mb/s, или мора да земам од 30 или 45 mb/s.
купив класа10, 10MB/s, и одлично работи.
за HD не е потребно многу брза картица затоа што 1час HD видео е 20GB, 1мин е 333MB, 1 сек е 5,5MB/s. така да и класа 6 ке заврши работа.
 
Член од
3 октомври 2012
Мислења
5
Поени од реакции
1
Mene mi treba pomos! vo izbor na blic
koja e podobra varijanta od NIkon SB600 na staro za 12000 denari i Nikon SB700 za 18990
znaci mi treba za slikanje niz diskoteki i sl.
bilo kakvo mislenje bi pomognalo :)
 
The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Е значи вака, имав дигитален апарат ама бог да го прости веке...сеа ми треба пак апарат да си купам ама не ми се фрлаат пари за нешто профи/полу профи туку сакам да си земам некој поефтин-до кај 100 евра. Ги разгледувам цените по продавниците и стварно не можам да разберам една работа-има апарати што се со многу мегапиксели а се ефтини и обратно. Во очи ми падна еден Самсунг во Керфур со 16 мегапиксели, батерија на полнење и беше 4300 денари. Гледам по другиве продавници апарати со 12 мегапиксели се по 5-6 илјади и тоа со две АА батерии.
Значи прашањата ми се:
Дали цената и местото на кое се продаваат производите го одредуваат квалитетот на истите?
Дали Самсунг не ги бива за фотоапарати?
Дали за квалитетот на сликата се најбитни мегапикселите или прсти мешаат резолуцијата, ИСО-то или што ти знам таму друго што има (не се разбирам во тоа многу)?
И слично како претходното: Што треба да се гледа кога се купува апарат (мп, резолуција....?)
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.065
Поени од реакции
666

Прво и основно, не се базирај премногу на мегапикселите (освен ако неќеш да сликаш зa билборди). Квалитетот на сликата , барем кај овие апарати горе долу е ист- не верувам дека ќе забележиш некоја разлика во квалитет. Различен може да биде дигиталниот и оптичкиот зум.
Значи што и да земиш, нема да згрешиш, освен ако некој маркет во комплет нуди гратис торбичка или картица.
И да, колку за инфо, Канон и Никон се на врвот од фотографската технологија. :)
 
TDM

Член од
5 јули 2012
Мислења
67
Поени од реакции
11
Е значи вака, имав дигитален апарат ама бог да го прости веке...сеа ми треба пак апарат да си купам ама не ми се фрлаат пари за нешто профи/полу профи туку сакам да си земам некој поефтин-до кај 100 евра. Ги разгледувам цените по продавниците и стварно не можам да разберам една работа-има апарати што се со многу мегапиксели а се ефтини и обратно. Во очи ми падна еден Самсунг во Керфур со 16 мегапиксели, батерија на полнење и беше 4300 денари. Гледам по другиве продавници апарати со 12 мегапиксели се по 5-6 илјади и тоа со две АА батерии.
Значи прашањата ми се:
Дали цената и местото на кое се продаваат производите го одредуваат квалитетот на истите?
Дали Самсунг не ги бива за фотоапарати?
Дали за квалитетот на сликата се најбитни мегапикселите или прсти мешаат резолуцијата, ИСО-то или што ти знам таму друго што има (не се разбирам во тоа многу)?
И слично како претходното: Што треба да се гледа кога се купува апарат (мп, резолуција....?)
Пикселите иако се битни, сепак немаат клучно значење. Кај некои апарати зависи од експозицијата на блендата, од брзината на окинувачот... така што може апарат со помалку пиксели да вади подобри слики од апарат со повеќе пиксели. На пример, Nikon S3000 со 12 pix, вади подобри слики од Samsung со 14 или 16 pix. Да не зборуваме што работи Nikon од 16 pix, посебно тој S9300.
 
Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
http://snapsort.com/compare/Canon-PowerShot-SX500-IS-vs-Nikon-L810

Имам на ум во скоро време да пазарам нешто од овој тип....
Основно што барам е апарат што не е многу тежок, затоа што претежно ми треба за по планини (пошо си шетам така), ама од искуство досегашно со компактни камери не би идел пак со такво нешто...
Сум се враќал дома од многу убави места разочаран од сликите поради тоа што имало многу силно сонце или многу малку светлина....не сум Аварел или сличен мањак за, ама си имам кеиф....
Што мислите за овие два? Никонот е стварно поефтин, кај нас и дупло...имам некоја можност сега во периодов од Јапонија да пазарам (со напомена дека цените таму не се воопшто friendly за нас, иако таму се изработува најдобрата фото-опрема)...па би било корисно ако ми даете некој совет...може и предлог за некој трет, меѓутоа од фирми што праат и тостери и фенови - фотоапарат или аудио опрема од принцип не купувам....или предлог за друг тип апарат кој е вон овој опсег со назнака дека тежината ја ценам дека е потребна за добра фотографија, ама и да носиш нешто тешко по 20-30км нема резон....
 
aneta:)

animal lover
Член од
3 јули 2007
Мислења
449
Поени од реакции
13
Некој кој повеќе се разбира ако може да ми каже за колку пари би можела да продадам аналоген Canon AE-1?
 
Член од
1 јуни 2012
Мислења
64
Поени од реакции
34
Само сакам да ве прашам дали некој знае да ми каже колку би ме коштало слики од старите апарати да ги ставам на цд? Негде од прилика 10 слики. Фала однапред на одговор
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Само сакам да ве прашам дали некој знае да ми каже колку би ме коштало слики од старите апарати да ги ставам на цд? Негде од прилика 10 слики. Фала однапред на одговор
Фотографии од филм?
ако ги имаш како фотографии можеш да ги скенираш и самиот кај некој приател што има скенер или да ти секнираат во некоја книжара или продавница за канцелариски материјали (обично имаат такви услуги) и после да си ги изрежеш или да ти ги изрежат. За 10 слики, не би требало ич да е скапо, не занм точна цена но не ми се верува појќе од 100-200 денари. најубо прашај по познати сигурно некој има скенер.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom