Да и помогнеме на Ева!

Член од
18 декември 2005
Мислења
1.356
Поени од реакции
165
И еве цитат од таткото на Ева на страната на фб

Pomos Za Malata Eva

August 21

ЗА СИТЕ ШТО ДОНИРААТ ЗА МАЛАТА ЕВА.....
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СОСТОЈБАТА НА ЕВА (21.08.2012)
МАЛАТА ЕВА СЕ СПРЕМА ЗА ПАТ....ПАТ ОД КОЈ МОЖЕ НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ ВРАТИ......ИЛИ ЌЕ СЕ ВРАТИ КАКО ПОБЕДНИК.
ТОГАШ СИТЕ ШТО ДОНИРАА ЗА МАЛАТА ЕВА КЕ БИДАТ ПОБЕДНИЦИ.

ДА СЕ РАДУВАМЕ НА УСПЕХОТ НА ЕВА,ЗАШТО НЕЈЗИНОТО ЗДРАВЈЕ Е ВАША ЗАСЛУГА....ТОА Е И ВАШ УСПЕХ.....

Еве линк од таа страница па секој нека прочита и нека ги види датумите кога е пишувано http://www.facebook.com/pomoszamalata.eva
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Eве јас последно што прочитав сега.

Д-р Софијанова: Шлаканица за сите што ја спасуваа Ева

Полицијата го истражува случајот за можен фалсификат на медицинската документација за лекување на четиримесечната Ева Илиевска од Куманово, со која, преку Фејсбук, се собираа пари за нејзиното лекување. Од Министерството за внатрешни работи кусо изјавија дека случајот е пријавен кај нив и оти се постапува по него.

Проф. д-р Аспазија Софијанова, директор на Клиниката за детски болести во Скопје, вели дека завчера во МВР и во Министерството за труд и социјална политика го пријавила случајот за можен фалсификат на медицинската документација од Клиниката за детски болести и детска кардиологија во Бугарија и оти денес ќе побара и јавниот обвинител да се вклучи во истрагата. Таа објасни дека за можниот фалсификат на потписот на нејзината колешка од Бугарија - директорката на Клиниката за детски болести и детска кардиологија Маргарита Цонзарова, дознала викендов од медиумите и од Интернет порталите, кои пишуваа дека родителите на четиримесечната Ева со фалсификуван документи барале донации од граѓаните.
"Ева од 10 август од Бугарија каде што $ беа извршени четири интервенции, со специјално возило ја префрливме на Детската клиника, и сe уште работиме на нејзино закрепнување. Тоа што јас го видов на Интернет и на Фејсбук - дека на Ева $ е потребна итна операција и оти има уште 10 дена живот - е апсолутно неточно. Детето се роди со мана на аортата и веднаш, со конзилијарно мислење од нашата Клиника, беше префрлена во Бугарија. Фондот за здравство покри 80 отсто од трошоците", вели проф. д-р Софијанова.
Таа објаснува дека Ева ќе треба да биде подложена на уште две интервенции, но дури по една година. "Не знам кој ја злоупотребува состојбата на Ева, но ова е шлаканица за сите нас што правиме максимални напори за да $ помогнеме, а и натаму ќе $ овозможиме најдобра медицинска нега", вели проф.д-р Софијанова.
Бранко Аџигогов, портпарол на Фондот за здравствено осигурување, вели дека за четирите интервенции на Ева во Бугарија ФЗОМ веќе платил 25.000 евра. Дејан Илиевски, таткото на четиримесечната Ева, за дел од медиумите викендов изјави дека станува збор за недоразбирање и оти ќе оди во Бугарија за да разјасни за што станува збор. Вчера тој не беше достапен на неговиот мобилен телефон.

извор Вест
Штом сите надлежни излегуваат со официјални изјави точно и повеќе одјасно се знае сега кој ја направил измамата:mad: како ке шета овој човек утре низ луѓето незнам ....
 

Man-ce-ster

fanatic
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
707
Штом сите надлежни излегуваат со официјални изјави точно и повеќе одјасно се знае сега кој ја направил измамата:mad: како ке шета овој човек утре низ луѓето незнам ....
Кои официјални изјави -нели гледаш дека се се тоа шпекулации. Кој знае таа докторката колку е препотентна пицајзла па сеа им се курчи на родителите демек таа повеќе знаела од специјалистите во Бугарија - можно е и да имало мало недоразбирање меѓу нив пошто имам информација дека во Бугарија им кажале дека треба уште една хитна операција а од тука им било речено дека не е неопходно. Па ај ти биди паметен родител и реши се што да праиш...Документот не е фалсификат туку се работи за техничка грешка во Бугарија (знаеме колку се мафиози)...Ви кажувам уште еднаш дека не се работи за измама туку само за спас на своето дете...
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Кои официјални изјави -нели гледаш дека се се тоа шпекулации. Кој знае таа докторката колку е препотентна пицајзла па сеа им се курчи на родителите демек таа повеќе знаела од специјалистите во Бугарија - можно е и да имало мало недоразбирање меѓу нив пошто имам информација дека во Бугарија им кажале дека треба уште една хитна операција а од тука им било речено дека не е неопходно. Па ај ти биди паметен родител и реши се што да праиш...Документот не е фалсификат туку се работи за техничка грешка во Бугарија (знаеме колку се мафиози)...Ви кажувам уште еднаш дека не се работи за измама туку само за спас на своето дете...
Како можеш такво нешто да тврдиш дека дошло до недоразбирање кога детето е вратено и примено после извршената операција во клинички со документите од лекувањето од Бугарија , а тоа нејзиниот татко зашто го објавил на фб и засто не излезе пред јавноста со демант и изјава дека се работи за грешка направена од страна на лекарите а не да е недостапен и на мобилниот сега (од толку донации и помош на многу деца кои имале потреба, како сега ова се појави и зашто би манипулирале докторите не е едно лекувано тука и во Бг ..него има нешто нешисто и злоупотребено тој Дејан и нека му е на чест и совест). Не е за парите кој сум ги донирал и мило мие за девојченцето дека успешно е помината операцијата и му посакувам се најдобро , но со ова е злоупотребена довербата кај сите досегашни и идни хуманисти и се става знак прашалник дали одсега некој би и донирал за вистинска цел ....:(
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203
Кои официјални изјави -нели гледаш дека се се тоа шпекулации. Кој знае таа докторката колку е препотентна пицајзла па сеа им се курчи на родителите демек таа повеќе знаела од специјалистите во Бугарија - можно е и да имало мало недоразбирање меѓу нив пошто имам информација дека во Бугарија им кажале дека треба уште една хитна операција а од тука им било речено дека не е неопходно. Па ај ти биди паметен родител и реши се што да праиш...Документот не е фалсификат туку се работи за техничка грешка во Бугарија (знаеме колку се мафиози)...Ви кажувам уште еднаш дека не се работи за измама туку само за спас на своето дете...
Не мислиш ли дека има премногу случајности?
- во поглед на документот - техничка грешка
- докторката = мафија
- акаунтите на ФБ, Фемина и други сајтови за помош во парични средства, и срцепарателните раскази напишани во нив = не се од Дејан, туку од некој друг + на сите тие акаунти се наоѓаат исти броеви за донација, и банкарска сметка ( што чисто се сомневам дека некој би имал корист од тоа, освен таткото на Ева се разбира)
- контрадикторни изјави и од него, и од жена му
...........
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.920
Поени од реакции
41.888
Имаше една вест дека демек родителите го загубиле документот пред болницата, па потоа од болницата по факс им пратиле нов документ. На тој документ што им го пратиле им бил напишан стариот број и адреса на болницата, а сега таа била преместена.
Е сега дали навистина го загубиле документот?
Дали они намерно направиле нов документ за да имаат доказ дека им требаат пари или од болницата им го пратиле по факс? Инаку на документот има нешто како печат до потписот зарем и тоа може да го фалфискикуваат? :eek:

https://www.facebook.com/filip.stojanovski/posts/451330678233094?notif_t=share_comment

Тој што го споделил линкот со документот од каде има бугари во листата на пријатели па веднаш да му коментираат?
10 мин после споделувањето некој си бугарин напишал дека е измама (профилот ми изгледа дека е лажен) а под него коментирале еден куп бугари. :cautious:
--- надополнето: 30 август 2012 во 02:29 ---

Откако во јавноста беа пласирани тврдењата на таткото на малата Ева, (за чии операции на срцето беа собирани пари преку хуманитарни апели и со фалсификат документ, иако операциите веќе беа изведени и за нив беше платено) во кои тој објаснува дека пари за операциите не барало семејството на девојчето, туку дека тоа го правеле администратори на Фејсбук групата, до редакцијата на „Плусинфо“ пристигнаа многубројни реакции.
Дел од администраторите децидно демантираат дека било што правеле без согласност и директна комуникација со семејството. Тврдат, дека дури и во саботата попладне, кога побарале објаснување за фалсификатот од семејството, човек што се претставил како татко на девојчето, упорно им тврдел дека пари за операцијата се неопходни.
„Од документот ќе видиш колку пари требаат, а Ева се подготвува за нова операција (меѓукоморен дефект) во Бугарија“ - пишува во мејлот адресиран во саботата попладне до нашиот читател, кој повеќекратно донирал и помагал да се спаси Ева.
Читателот е сигурен дека мејлот му го испратил таткото на Ева, бидејќи како што вели, на тоа му претходел телефонски разговор во кој се распрашувал за состојбата на четиримесечното бебе и барал докази бидејќи слушнал за евентуалниот фалсификат.
Во документот, кој поради заштита на личните податоци нема да го објавиме, стои дека операцијата чини 25.177 евра. Toj e валиден и издаден од софиската болница. Човекот кој се претставувал како таткото на Ева, во мејлот не додава дека парите за операцијата се платени и тоа 80 проценти од Фондот за здравство, а 20 проценти од семејството.
Овде може да ја погледнете и преписката како фотографија, која до нашата редакција ја испрати читателот.
„ОФИЦИЈАЛНО пишува Дејан, таткото на Ева.
Прво да ти се заблагодарам за поддршката и помошта. Во атачмент ти испраќам документ, кој се надевам ќе ги оправда твоите сомневања. Впрочем, не знам ни дали и тој е веродостоен. Ќе се обидам деновиве да отидам до Бугарија, за да ги земам сите оригинал документи, кои нема да ги објавувам на Фб. Ќе ги праќам лично, само на мејл адреси. Никако не можам да ја избришам кошаркарската слика од профилот на Ева. Недолично е ставена. Сменив адреса и пасворд и открив друга адреса со некои бројчиња под таа што беше dekoeko2009@hotmail.com и објавив на ФБ. Отсега кога ќе пишуваш со мене ќе ме прашаш за омилената пејачка (Цеца), така ќе знаеш дека сум јас. Од документот ќе видиш колку пари требаат а Ева се подготвува за нова операција (меѓукоморен дефект) во Бугарија. П.С. Се надевам нема да биде злоупотребен документот“.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Имаше една вест дека демек родителите го загубиле документот пред болницата, па потоа од болницата по факс им пратиле нов документ. На тој документ што им го пратиле им бил напишан стариот број и адреса на болницата, а сега таа била преместена.
Е сега дали навистина го загубиле документот?
Дали они намерно направиле нов документ за да имаат доказ дека им требаат пари или од болницата им го пратиле по факс? Инаку на документот има нешто како печат до потписот зарем и тоа може да го фалфискикуваат? :eek:

https://www.facebook.com/filip.stojanovski/posts/451330678233094?notif_t=share_comment
Тој што го споделил линкот со документот од каде има бугари во листата на пријатели па веднаш да му коментираат?
10 мин после споделувањето некој си бугарин напишал дека е измама (профилот ми изгледа дека е лажен) а под него коментирале еден куп бугари. :cautious:
Ја преместиле болницата во рок од три дена? Може и печат да се фалсификува и тоа не е некоја сложена процедура.
И што ако имал Бугари за пријатели, зарем е тешко човек да запознае Бугари? Ај да беше некој од Папуа, Нова Гвинеја па да се замисли човек како се нашле и разбрале, ама за Бугари аргументот не ти држи.
Таткото можел искрено да каже дека им требаат пари за понатамошно лекување, не да матка и да манипулира. Оној другар му погоре тврди дека докторката Софијанова била "препотентна пицајзла", докторката си е сосема нормална и секој случај со кој не може да се справи го препушта на колегите што знаат. Не го вртете упорно случајот на фондот, докторите, хакерите, нека искочат сега и нека ја прифатат одговорноста онака како што ги прифатија парите кои ги добија со манипулација.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.673
Поени од реакции
35.352
А бе ете ќе кажеме дека други лица без знаење на родителите отварале сметки и собирале пари -( иако сметката и броевите за донации се истите)

- Ајде ќе кажеме дека и страната за помош на Ева на ФБ некој друг ја раководи и манипулира, дури и ја хакирале- (иако самите изјавија дека тие ја отвориле страницата)

- Ајде ете нека биде дека фалсификуваниот документ е техничка грешка - ( иако документот има датум 23 август, а Ева веќе 13 дена била на скопската клиника, а не во Софија)

- Ајде ќе кажеме дека нашето здравство не е кадарно ( до 10 август на Ева и се извршени 3 интервенции Фондот ги исплатил потребните средства, ама господинот Дејан не најде за сходно да излезе и да се појави и да каже ‘‘ Благодарам за донираните средства, Ева сега е подобра , туку очајно на 21 август повикуваше дека Ева оди на последната операција и можеби нема да се врати)

- Ајде ќе кажеме дека не се работи за измама, туку за спас на своето дете - ( за спас на своето дете господинот Дејан даде 927928797 различни изјави, дека други луѓе собирале пари, тие ништо не знаеле, ситуацијата излегла од контрола без нивна вина, ФБ страната им била хакирана, го изгубиле оригиналниот документ од болницата, па бугарите им шибнале фалсификуван документ)

- Уште еднаш ќе кажеме дека очајните родители навистина барале само спас за своето дете - ( иако првично тврдеа дека тие ќе поднесат пријава за да ја докажат својата невиност, ама за жал тоа не го сторија, МВР и Јавното обвинителство работат на случајот по пријава на директорката на клиниката за детски болести, а грижливиот и добар татко веќе незнае со каква информација да се појави во јавност, па реши да биде недостапен ).
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.920
Поени од реакции
41.888
Имале и фактура на која пишува дека се потребни 25.000 евра. Дали е фалфисикат којзнае и ја праќале само по мејл на оние кои ќе донирале поголема сума.
 
Член од
25 август 2006
Мислења
336
Поени од реакции
6
Според оваа изјава родителите тврдат дека тие не барале пари, туку некој друг.
Не разбирам каква корист би имал тој некој ако парите одат на сметка на родителите. Зошто не пријавиле (и сеуште не пријавуваат) дека некој прави злоупотреба и дека им се полни сметката со пари, а веќе не е потребно? А и изјавите дека девојчето го губат и дека е вратено неоперирано не ги демантираа одма кога се појавија, туку си молчеа.
Тогаш испаѓа дека ниту на форумите, ниту преку e-mail и fаcebook човекот што се претставуваше како татко на Ева, всушност не бил навистина тој..?
http://www.youtube.com/watch?v=iIoNZN1zXFA&feature=player_embedded
 
H

HITCH

Гостин
Кога не беа популарни социјалните мрежи на Интернет, луѓето на мака собираа пари од врата на врата, покажувајќи ги документите за болниот. Но тоа толку почна да се злоупотребува од такви што не се болни што почнуваа да се појавуваат „лажни“ болни со бледи копии на документи, па ако почнеш да ги распрашуваш за што им се парите, толку ќе се заплеткаат, што на крај за да се извадат ако треба и ќе заплачат. Така и луѓето веќе ретко веруваат кога некој ќе им затропа дома дека навистина собира пари за болест. Потоа се појавија телефоните за донација. Многу поедноставно решение за оние што сакаат да помогнат, за да не мораат да одат во банка и да чекаат ред за уплаќање пари на трансакциска сметка. Олеснување беа и Фејсбук и Твитер, каде што брзо се шират информациите. Но зарем приказната со нив треба да заврши како онаа со собирачите на пари по врати.
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Има ли некои нови информации? Детево добро ли е сега?
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.738
Поени од реакции
27.731
Стварно, што бидна?
Затоа кога ќе го прашаат драгиот ми Венко, што му фали на светов, одговара кратко и едноставно: луѓе.
 
Член од
18 декември 2005
Мислења
1.356
Поени од реакции
165
Никаква информација, ниту на интернет, ниту во весниците, ниту на тв... Таткото кога тука молеше за помош беше присутен, а сега не може да се уклучи и да пише еј луѓе вака и вака беше... На фб каде што бараше помош ја избриша страницата...

Најверојатно собрал доволно средства и повеќе не му се потребни па затоа го нема...
Кретенизам!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom