Парафискални такси

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Има ли некое истражување кај нас колку се ткн. парафискални такси? Тука значи спаѓаат ТВ претплата, еколошка такса, фирмарина, оваа новата такса за пуштање музика итн.
Во Србија разбрав дека се во постапка на укинување на ваквите давачки - 35 на број, па ме интересира каква е состојбата кај нас.

Најдов само во Капитал две претприемачки искуства, ако има некои повеќе информации нека ги сподели ако сака.

Немаш работно време, празниците и викендите се само убав сон, даваш работа на други луѓе, се грижиш и за нивните проблеми, трчаш по набавки, трчаш по наплата, се плашиш инспекција да не ти “залепи“ казна од 5.000 евра за некоја глупава ситница, која не си имал време ниту да ја дознаеш...

http://kapital.mk/MK/makedonija/86491/zoshto_e_teshko_da_si_pretpriemach_vo_makedonija_.aspx
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Радиодифузна смрдарина по 190 ден од правно лице+ дома. И да ти се на иста адреса, пак плаќаш за сите.
Фирмарина е еднаш годишно 6000денари од правно лице- пари за општината.
Индустриска струја дупла од домашната. Вода. Улично осветлување и ѓубрарина.
Против пожарен апарат и редовно сервисирање годишно.
Лиценци за секој компјутер, 4 во канцеларија.
Ми стаса некакво писмо за безбедност при работење да се обратам во три набројани фирми да ми напишат елаборат. Значи само во тие три фирми со телефони име и презиме напишани на листот, минималниот е 15 000 денари. Колку е поголем објектот и секторот на пример погон тродупли суми. Овој лист од УЈП го донесоа.
За било каква работа ти треба решение од централен не постар од 6 месеци - во суд си плаќаш околу 250 денари. Лист за солветност исто од суд со важност од 7 дена. Потврда дека не си во стечај исто важност 7 дена. Потврда дека против управител нема поднесено стечајна постапка исто 7 дена важност. Точните износи не ги знам, сметководителот си пушта налогче и ги вади, ама ќе прашам.
Сметководител во зависност од обем на работа од 1500 до 2500 за мали, средни од 2500 нагоре.
Банкарски провизии, водење на сметка, извршување на налози, дрн дрн јариња да неможе човек да ги пресмета. 15 евра провизија за плаќање кон странство. Откуп на средства од денари во девизи курс 62.
Придонеси и плати до 15ти во месецот, после има камата и блокирање на сметка.
Завршна сметка кога поднесуваш си плаќаш 3000ки на сметководителот. Листови посебни од УЈП обрасци и незнам ти што таму плус.
Лиценца за секторот 250 евра, полагање на управителот како неписмен да е 200 евра. Шоферот исто полага 100евра за сите по една лиценца.
По 5 евра една дозвола, годишно земаш преку 100.
Пошта месечно 1500 денари мин. 90 денари провизија за уплата по граници. Број не им се знае.
А ДДВ пред да ти вратат ти праќаат инспекција да те проверат нели за да може да ти го скратат. Ова се генералните давачки, плус давачки за самиот сектор кој се дупли од ова. Наплата лудница, само ДДВ касни над 4 месеци. Ете толку си ги исполнуваат обврските.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006

Сите ове давачки се за ОПШТОНАРОДНО ДОБРО
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Да има од што да јадат браќата во администрација. Кркајте и уживајте.
Не е само за нив,многу работи во државава се направија од тие пари
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Не е само за нив,многу работи во државава се направија од тие пари
Знам пресреќна сум. Особено кога се движам по автопат, пукам и рипам од среќа. После од општонародново добро една ефтина струја што плаќам да знаеш. Едни можности што имам, абе убавини. Се е тоа за мое добро. Кога идат инспекции идат со цвеќе во рака и бомбоњера, да ми заблагодарат, потоа работиме.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Знам пресреќна сум. Особено кога се движам по автопат, пукам и рипам од среќа. После од општонародново добро една ефтина струја што плаќам да знаеш. Едни можности што имам, абе убавини. Се е тоа за мое добро. Кога идат инспекции идат со цвеќе во рака и бомбоњера, да ми заблагодарат, потоа работиме.
Па автопатот Скопје Велес сега скоро го реновираа.Од Неготино до Гевгелија не е магистрален пат туку го направија автопат.
Цената на струјата не зависиод владата,а инспекциите и јас не ги сакам,особено кога имам направено некоја дубара
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Па автопатот Скопје Велес сега скоро го реновираа.Од Неготино до Гевгелија не е магистрален пат туку го направија автопат.
Цената на струјата не зависиод владата,а инспекциите и јас не ги сакам,особено кога имам направено некоја дубара
Не планирам да се објаснувам на темава само ќе ти посакам вечно да ти се враќа исто вака општонародново добро и со желба да ти се зголеми. Искрени желби до тебе, од дно на душа.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Па автопатот Скопје Велес сега скоро го реновираа.Од Неготино до Гевгелија не е магистрален пат туку го направија автопат.
Цената на струјата не зависиод владата,а инспекциите и јас не ги сакам,особено кога имам направено некоја дубара
Оваа ти е добра, хехехе...
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
="leandra, post: 5268069, member: 4868"]Радиодифузна смрдарина по 190 ден од правно лице+ дома. И да ти се на иста адреса, пак плаќаш за сите.
Фирмарина е еднаш годишно 6000денари од правно лице- пари за општината.
И.

.....проблемот кој е пострашен е изгледноста дека тоа нема да се подобрува , туку само ќе се комплицира. Еве и претендентите на позицијата ќалиф наместо ќалифот ништо не спомнуваат за тоа, дури бегаат од можноста и да спомнат нешто во врска со такво нешто...туку се бават со финесите за тоа кој со кого каков порно клип направил и слично. А ние постарите добро се сеќаваме и кој почна да ги измислува тие начини за цицање на пара...:)
..она што ме плаши е дека зад се тоа сепак се феудалците од Замокот Градиште кои внимателно бираат кого пуштаат да биде избран во Македонија , за да не случајно им се протне некој кој нема да пропишува вакви глупости.....кои се добри само за армијата џаболебари партиски задолжени за нишање врати....и за матните глобалистички неоколонијални интереси..
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во оваа тема да не се заборави да се напише за најсрамниот облик на такси - наплатата на паркирање и злоупотребата на пајак - возила.
Јавните паркиралишта се добро во општа употреба, но тоа не им пречи на локалните шерифи да со нив „ стопанисуваат и поштено заработуваат “. Оваа пракса започна во Скопје, но сега се прошири и низ други градови.
Во Скопје има 6 градски и 2 општински пајаци. Најголем дел од приходите двете ЈП го остваруваат од злоупотреба на пајаците. Општинското ЈП има и телефонски број на кој секој може да се јави и да викне пајак
Градското ЈП работи деноноќно и рекорден број на подигнати возила за едно деноноќие е 120
Општинското ЈП, за сега работи во две смени и просечно дневно дига 25 возила
Годишно во Скопје се подигаат околу 25 илјади возила, во најголем случај без вистинска потреба и од причина да овие ЈП остварат приход.
25 илјади возила годишно е огрома бројка, бидејќи во Република Македонија вкупно се регистрирани околу 250 илјади лесни возила. Што значи просечно секое 10 возило се подига во Скопје. А пајаци има и во други градови
Нај срамно од се е што ниту една институција од РМ не се спротивстави на ова, па сега единствен спас очекуваме од Судот во Стразбур/
 
koskar

Џон Клиз
Член од
27 август 2005
Мислења
566
Поени од реакции
360
Па автопатот Скопје Велес сега скоро го реновираа.Од Неготино до Гевгелија не е магистрален пат туку го направија автопат.
Цената на струјата не зависиод владата,а инспекциите и јас не ги сакам,особено кога имам направено некоја дубара
leandra, нели е топ кога вака ќе ти мудруваат, да не кажам ќе ти го ебат муабетот?
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
leandra, нели е топ кога вака ќе ти мудруваат, да не кажам ќе ти го ебат муабетот?
Тоа им е работа, треба да има разбирање за сите :) Конкретниов член кога ќе го фати жута минута пцуе и влади и мајки и шајки. После му поминува и пак се враќа у колосек со ваков некој муабет :)
 
H

HITCH

Гостин
Цената на струјата не зависи од владата,а инспекциите и јас не ги сакам, особено кога имам направено некоја дубара
Во регулаторна се поставуваат патриски трупови, на кои претходно им се дава текст, кој тие треба да го прочитаат на состанокот, исто `ко со пратенициве в парламент. Понекогаш поскапувањето или поефтинувањето е огромно изненадување и за „регулаторите.“ Инспекција се праќа секогаш кога е празна државната каса, а штом е празна каста се дополнува со даноци и казни, но во никој случај не се престанува со „прекрасниот“ проект „Скопје 2014.“ Обично засилени проверки има кога ќе треба да се делат плати и пензии на администрацијата.

leandra заборави да нагласи дека казната за доцнење на исплата на плати важни само за приватниот сектор. :icon_lol:
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Секако. На некои волонтери од државно денес им исплатија плата за минатиот месец. Немале пари кутрите. Слабо сте работеле летово, треба по еден камшик да ви се удри, не ви е срам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom