Спортисти на кои им се восхитувате

  • Креатор на темата Креатор на темата Stivie G
  • Време на започнување Време на започнување
Без редослед,

1. Џордан
2 Федерер
3. Роналдо Да Лима
4. Занети
5. Рајан Гигс
6. Мајкл Фелпс
7. Зидан
8. Род Лејвер
9. Ленс Армстронг
10. Коби Брајант
 
Без редослед,

1. Џордан
2 Федерер
3. Роналдо Да Лима
4. Занети
5. Рајан Гигс
6. Мајкл Фелпс
7. Зидан
8. Род Лејвер
9. Ленс Армстронг
10. Коби Брајант
Дали ке му се восхитуваш и доколку биде докажано дека користел дрога и доколку му ги одземат титулите од Тур Де Франс?


http://espn.go.com/olympics/cycling...-enhancing-drugs-unprecedented-cycling-career
 
Дали ке му се восхитуваш и доколку биде докажано дека користел дрога и доколку му ги одземат титулите од Тур Де Франс?


http://espn.go.com/olympics/cycling...-enhancing-drugs-unprecedented-cycling-career
Докажаа, финишира постапката, се живо диво од 98ма наваму ќе му одземат. Тој изјави дека нема да се бори против обвинениата. Абе...
 
Една топ 10 листа и од мене:

1. Коби Брајант
2. Роналдо оригиналот
3. Ривалдо
4. Усеин Болт
5. Јан Торп
6. Мајкл Фелпс
7. Михаел Шумахер
8. Роџер Федерер
9. Чави
10. Елена Исинбаева
 
1. Рафаел Надал
2. Миккел Хансен
3. Ивано Балич
4. Филип Миркуловски
5. Лестер Бо Мекјелеб
 
DelPiero.jpg


Најмногу на човеков :)
После Џордан, Брајант, Meси, Зидан, Раул, Болт.
 
Ќе одговорам во глобала,значи им се восхитувам на фудбалери кои што играле долго време за еден ист клуб,кој што биле лојални кон клубот и не заминувале за пари или X причини.
Ќе набројам неколку фудбалери:Гигс,Занети,Тоти,Де Роси,Дел Пиеро,Малдини...
 
Раул Гонзалес Бланко

Можеби причината поради која сум за Реал и до ден денес.Права легенда на клуб,можеби Роналдо за многу помалце време ќе даде повеќе голови али најмногу што почитувам во фудбалот е фер игра и карактер на играчот.Прав и успешен играч.Држеше рекорди во Лига на Шампиони,Реал,Шпанска репрезентација,Премиера....
2 сезони играше во Шалке и го испратија како легенда а не знам кој играч го испратиле така иако играл 2 сезони

Икер Касиљас

Поим за фер спортист заедно со Раул.Единствен играч од Шпанска репрезентација кој ги собра играчите на Барселона и Реал Мадрид за да ги смират страстите се со цел да се подобри хемијата во репрезентација.Можеби и единствен играч моментално од Реал кој е почитуван и од Барселона.Башка најдобар голман со све освоено.
 
Дали ке му се восхитуваш и доколку биде докажано дека користел дрога и доколку му ги одземат титулите од Тур Де Франс?


http://espn.go.com/olympics/cycling...-enhancing-drugs-unprecedented-cycling-career

Newsflash: врвните спортисти од било кој спорт примаат чудни супстанци...треба да си наивен ако веруваш дека се чисти. А Lance Armstrong има преживеано рак на тестиси проширен во тумори на мозок, бели дробови и стомак...и после тоа има освоено 7 титули на Tour de France. Без разлика на тоа што ќе одлучи некоја чкартна организација, Lance останува еден од најголемите спортисти што овој свет некогаш го видел.

Провери малку статистики како изгледа да се извози еден Tour de France...ако некогаш си возел точак ќе сватиш колку е тоа тешко.
 
Newsflash: врвните спортисти од било кој спорт примаат чудни супстанци...треба да си наивен ако веруваш дека се чисти.
Постои разлика помеѓу дозволени и недозволени супстанци а Амстронг ги користел вторите.Постојат голем број на сведоци(тимски колеги на Ленс) кои биле исто така дел од шемата и објаснуваат во детали како успевале да користат допинг без да паднат на тестови. Флојд Ландис исто така откри дека процесот на "blood transfer" бил неговиот омилен стил на измама (веројатно не единствен) и за тоа не постои допинг тест бидејќи ти си нанесуваш сопствена крв и се изгледа исто. Ефектот е ист како со дрога,тоa дава неверојатен потик само што не можеш да паднеш на допинг тест. Он кажа дека го видел Амстронг како го прави ова заедно со двајца тимски другари(Хинкапи и Рубеира).

Ја сум изненаден како некој сеуште може да верува дека Ленс е невин(Можам да разберам дека на некој не му е гајле дали зимал допинг или не зошто и другите зимали).

А Lance Armstrong има преживеано рак на тестиси проширен во тумори на мозок, бели дробови и стомак...и после тоа има освоено 7 титули на Tour de France.
Титулите ги освои пред тоа,Кога се врати во првата сезона бшше во ист тим со Контадор кој го растури на сите можни места а во следната сезона го напушти тимот и формираше свој но пак не направи ништо.

Без разлика на тоа што ќе одлучи некоја чкартна организација, Lance останува еден од најголемите спортисти што овој свет некогаш го видел.
Тој е еден од најголемите спортисти кој светот го видел кој користел допинг. Доколку не користел ќе бидел ли еден од најдобрите? Тое е дискутабилно.

Провери малку статистики како изгледа д
а се извози еден Tour de France...ако некогаш си возел точак ќе сватиш колку е тоа тешко.
Не морам да проверам кога не сум пропуштил етапа од Тур де Франс 5 години.И знам колку е тешто но не мора да значи дека мора да зимаш допинг Како Ленс да победиш Истото важи за Виела и Џито.
 
Постои разлика помеѓу дозволени и недозволени супстанци а Амстронг ги користел вторите.

Сите ги користат вторите...тоа ми беше поентата. Ама од илјадници такви, само еден е шампион.

Постојат голем број на сведоци(тимски колеги на Ленс) кои биле исто така дел од шемата и објаснуваат во детали како успевале да користат допинг без да паднат на тестови. Флојд Ландис исто така откри дека процесот на "blood transfer" бил неговиот омилен стил на измама (веројатно не единствен) и за тоа не постои допинг тест бидејќи ти си нанесуваш сопствена крв и се изгледа исто. Ефектот е ист како со дрога,тоa дава неверојатен потик само што не можеш да паднеш на допинг тест. Он кажа дека го видел Амстронг како го прави ова заедно со двајца тимски другари(Хинкапи и Рубеира).

Нели е смешно овие персони кои легално биле фатени и паднале на допинг тестови( и ги изгубиле титулите/медалите) да прават се да ја уништат репутацијата на единствениот кој не бил никогаш фатен? :)

Ја сум изненаден како некој сеуште може да верува дека Ленс е невин(Можам да разберам дека на некој не му е гајле дали зимал допинг или не зошто и другите зимали).

Никој не вика дека е невин. Бил на допинг и тоа е факт. Исто како и сите негови колеги од тимот и сите врвни атлети на земјава...сите се на допинг. И тоа е факт. Јавна тајна е дека сите врвни спортисти се на "недозволени" средства, само малите деца не го знаат тоа. А бидејќи сите се на допинг, не е фер само еден да е дисквалификуван...и тоа најдобриот.


Титулите ги освои пред тоа,Кога се врати во првата сезона бшше во ист тим со Контадор кој го растури на сите можни места а во следната сезона го напушти тимот и формираше свој но пак не направи ништо.

Ракот го добива 1996 година, а првата титула на Tour de France во 1999 година. Би требало тоа да го знаеш како голем фан на спортов. А и најди друг човек што преживеал рак на тестиси, на мозок, на бели дробови и на стомак и потоа станал најдобар во некој спорт...на сите времиња :)


Тој е еден од најголемите спортисти кој светот го видел кој користел допинг. Доколку не користел ќе бидел ли еден од најдобрите? Тое е дискутабилно.

Допинг или не, секако е еден од најдобрите. И да не постоеше допинг сепак ќе беше еден од најдобрите.


Не морам да проверам кога не сум пропуштил етапа од Тур де Франс 5 години.И знам колку е тешто но не мора да значи дека мора да зимаш допинг Како Ленс да победиш Истото важи за Виела и Џито.

Се лажеш ако мислиш дека можеш без допинг да ги победиш оние што "мамат" (y)
 
Иначе јас ко вечен фан на феноменалниот Јан Улрих конечно дочекав да си ги потврдам ставовите за кои низ минатите години (поодминати) бев нарекуван „искомплексиран“ од фановите на.... Армстронг...:ROFLMAO::vozbud::icon_mrgr:


:icon_mrgr:
 

...и нему сличните....
Добро, алпинисти се...јас повеќе сум по хајкинг, ама неодамна бев на релативно висока планина, на карпест терен (јажиња, провалии исл.) и ме инспирираа овие типови и типки....ова горе не само што е climbing туку е и high-speed...
Немам впечаток дека се кљукаат со триста глупости за успех и не земаат 450000 мои плати за една недела трчање по трева исл.па да ми бидат идоли...посебно не сакам да величам поединци во тимски спортови (не е ни логично)....
Сличен однос имав и кон велосипедизмот и велосипедистите, ама и самиот као практикант на спорт сум многу против какви било стимуланси, а во последно време се утепаа од боцкање - ако те бива, те бива, ако не, биди втор, трет...не поштуем cheater-и....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom