Вчера на враќање од Лешок ми се расипа колата, пежо 206 (2007) ја отклучив се најнормално од далечинското, влегов дадов контакт и таман пред да ја заверглам другарми ја отвори задната врата позади возачката, во тој момент ми снема струја комплетно во целиот автомобил. нит контакт нит бутур. Отворив хауба го откачив + од батеријата и проверив сите осигурачи беа исправни. Повторно го уклучив + и кога отварам врата ми штрака нешто кај осигурачите, кога го вртам клучот на 1-ва и контакт позиција исто така штрака, сами се уклучуваат брисачите со сецкање, трепкаат сијаличките од позицијата. Неколкупати се врати контактот но несакаше да завергла и пак се случуваше се истото од почеток. На крај ја запалив на туркање и кога менував брзини во поспора ми ослабнуваше струјата на целиот автомобил, едвај некако ја донесов дома. Утре секако ќе ја носам на сервис, ми треба искуства и мислења што би можело да биде.
Инаку автомобилот е купен нов и до сега никаков проблем не сум имал.