Ова како диско биртија ни го опишаа, нема јадење само пиење и кршење у 3 по полноќ
Ајде пофали ги Марена кафаните, Весели гробишта и слично
Во Кавадарци на времето биртиите не биле толку познати поради големиот замав на YU рок културата.И тогаш имало нешто налик сегашните биртии (по димензии) но без сељаштвото.
Денес во Кавадарци нема останато речиси ништо од тогашната култура и речиси се е сведено на турбофолок и екс ју рок каде што публиката и пеачот се понашаат како да свират некоја срцепарателна песна од Аца Лукас и компанијата.Како дел од помладата генерација ги имам фатено само последните година-две од тој период каде што веќе таа култура се рушеше, а турбофолкот земаше се поголем замав.
Во Кавадарци денс за едно обично петочно „журкање“ имаш 2 опции.Првата опција ти е да посетиш некој бар/кафиќ (Blue,Круна,Roma и (the) Doors), а втората опција е да посетиш биртија.Во кафиќите владее културна атмосфера и таму одат претежно лица над 18 години но тие не се тема на разговор и со нив ќе застанеме тука.
Биртиите во Кавадарци ги има безбој и никнуваат како печурки после дожд (додуша за исто толку време и пропаѓаат).Нај биртијата во Кавадарци е Дејтона.Тоа е просторче со големина 1.5х2.5 метри со 3 маси внатре и 2 надвор (на лето).Внатре може да се најде се од деца по 13-14 години,средношколци по 16-17 години, сељаци од 20+ години па до пијаници од по 60 и кусур години.Облеката на гостите кои се до кај 30 години се состои од свадбарски панталони или некој фармерки налик свадбарски панталони, свадбарска кошула пикната во панталоните и сето тоа затегнато со каиш.Обично ова биртија се посетува кога некој сака да се опие поради екстремно ниските цени.
Следна биртија е Златно Буренце.На почетокот беше просторија со големина од 4х4 метри, а сега е проширено и надвор.Таму претежно се собира најголемата богата сељачна во градот (20+ години) и ретко се наоѓа машки хомо сапиенс под 19 години.Женски примероци од видот хомо сапиенс се наоѓаат од 15 години па се до 40.Машките ХС носат сако и некој ефтин парфем кој удара во нос.Женските ХС носат миниќи и затегнати маички кои добро ги истакнуваат нивните облини и околу 400-500 грама шминка.Од музика има некој локални бендови составени од еден ентузијастичен пеач и свирач на сајзер кои свират само тежок турбофолк.Не се кршат чаши бидејќи е срамота и ретко може да се види некој пијан.Сите стојат како за стрелање освен кога ќе им се погоди некоја песна па креваат раци и пејат.Обично се водат муабети кој колку го кренал мерцедесот и кој која ја ебел.
Можеби најпозната биртија во Кавадарци е Пела.Речиси се е исто како кај златно буренце освен малку постарите гости.Исти менталитет на гости,исти свирачи,исти муабети.
Најсељачката биртија која постоеше во Кавадарци е „Клубот“ (самото име сугерира).Се собираат основци и средношколци,сите облечени како за на свадба и се пијанчат на големо.Некој самопрогласен пеач земал да пее песни од Аца Лукас и компанијата,летаат чаши на сите страни, некој земал се степал, некој повраќа на масата...Откако го зема некој друг и го преуреди го изгуби приматот на најсељачкото место и сега служи како место за испаѓање на средношколци кои не успеале да си најдат место во некоја поелитна биртија.
На последно место го оставив Бриони.За ова место ми е многу криво.Порано беше одличен ресторан за фамилијарни луѓе,а сега се претвори во обична кафеана за средношколци со турбофолк кој се слуша во радиус од 1 километар.Место на прекрасна локација кое западна во канџите на турбофолк културата.Пу јзк.
Како младиќ неможам да зборувам за хард кор биртиите во кои одат пензионери за да локаат ракија и да играат табла но се надевам дека ова е доволно.Како анти-талент за пишување неможам да ја доловам вистинската слика но се надевам дека колку толку успеав да доловам.