Најсериозно Владе. Јас не гледам никаква трета политичка опција во земјава ниту некој да има амбиција да стане опција. Гледам само апатија. Два пати гласав за промени, првиот пат во 1998г, донесов татар закоравен на власт и татарска партија која се колне во бугарија. Вториот пат кога гласав промени го донесов овој ликов копија на бц само со силен маркетинг тим позади него. И во двата случаи добив навистина силна промена, нали на „подобро“. Првиот ми спука војна и си избега за бугарија и до ден денес крвникот зборува против нас, а вториот како нали голем патриот си ја пикна главата си помилува се што требаше и во негово време се намали животниот стандард. Сега ако сакаш власт биди маж и прифати одговорност. Ова е исто како бц, значи цела земја ја искраде и до ден денес вели не беше така. Најмногу ми е криво што не го пикнаа зад решетки, што немаше ревизија на приватизација, што немаше кривични, само до ден денес дрндлање у магла ами тој што направи, ами тој што направи. Пукне бре или затвори го, аман доста глава ме здоболе од филмови.
Мене ми е јасно дека вемеро има силна поддршка до ден денес, секако ќе победат на избори, никој луд не гласа за онаква опозиција. Само мојата свест ќе си биде чиста, амин нема да ставам. Вака имам грижа на совест, која будала со која будала ја заменив. Кога ќе се појави трета опција тогаш ќе размислам повторно за гласање. Инаку во скоро време со толку испрани мозоци, ништо не ги руши овие од власт, плус и нема конкуренција никаква. Така да како што рече ти на една тема да не се замараме нема долго да живееме за долгови на идни генерации