Не е тоа работата дали ти пречат или не, или дали си верник голем или не си. За да се маргинализира нешто значи да не му се дава посебно внимание и значење. Незнам како тоа да ти го објаснам со прости зборови за да не звучи глупо или еднострано. Битно е дека влијанието на двете најголеми верски заедници мора да се намали до таа мера да не претставува можна алатка на странски интереси кои ти погоре ги споменуваш. Државата да си стани тоа што и е по устав, секуларна. Значи нема пеење на оџите секој ден, нема чукање на камбаните секој ден, нема градење нови цркви или џамии. Едноставно верниците да не му придаваат толку значење на религијата, но не таа да се укини како што некој мисли туку едноставно да не биди главен дел од секојдневниот живот. Дури тогаш и само тогаш ке се створат услови за некои други работи кои водат кон толеранција. Тука ајде ке ги наведам и двојазични настави до средно образование како пример. Војската ја спомнав погоре и нема да се навратам на неа повторно. Друга алатка е полицијата или другите служби на државата ( царина на пример) каде службениците по службена должност би ротирале на сите краишта на државата а не само во родното место. Тоа е лесно изводливо ако ништо друго, а бенефициите би биле многукратни. После задолжително полагање на Македонскиот јазик при вработување во државна работа и такви на изглед минорни работи кои итоа како би имале влијание покасно.Има тука уште многу да се зборува.
За болдираното мое мислење дека до максимум би го искористил немилиот настан кај езерото, но таа шанса е испуштена. Ако ме сваќаш што сакам да кажам.