Биртии

Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Ова е пејачка од Рока Кавадарци, тоа џоа дискотека што би рекле Кавадарчани :icon_lol:



Охоо во Кавадарци какви биртии има.Па ова е Бурж Ал Араб во споредба со некои други места (а е прилично зтепано место со деца од 12 до фуфици од 20 години).
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Охоо во Кавадарци какви биртии има.Па ова е Бурж Ал Араб во споредба со некои други места (а е прилично зтепано место со деца од 12 до фуфици од 20 години).
Ова како диско биртија ни го опишаа, нема јадење само пиење и кршење у 3 по полноќ:icon_lol:
Ајде пофали ги Марена кафаните, Весели гробишта, Бесна кобила и слично :)
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.865
Поени од реакции
23.243
Опатија и целата нејзина легендарност заминаа во историјата.

.
Иако Битолчанец се сеќавам на Опатија. Кога служев војска во Илинден касарната, ајде со еден војнички скопјанец од Ѓорче Петров демек ке бегаме. И онака нормално по униформа ( пошто немавме цивилка) касно на вечер незнам ни јас како завршивме во Опатија, пошто таму му биле другарите. Другото е историја:) и се онака како што е опишано. Еее тоа беа времинња:(
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Знам дека Струмица моја (т.е. струмичко) е најпозната по бившиот Шабан и Пепи кој уште работи и се држи.

Ама ако се најдете, случајно или не во градот, а при тоа сакате да искусите биртија во права и целосна смисла на зборот, за вас само е КБС (Кафе Бар Столе). Пепи и Шабанот се Александар Палас во споредба со ова. Подолно нешто во Мк гарант не постои, а и прилично сум сигурен дека добро се држи и во однос на некои шупи некаде во Србија или Босна, каде мрежа телефонот не ти фаќа. Еднаш на мајтап се најдовме таму за да ги провериме муабетите - испадна 10 пати пострашно. Сцени од филмон од Самрак до зори ви провејуваат кога влегувате. Се оди на втори спрат, уште скалите кога ги качуваш те фаќа необјаснива болка и притисок на слепоочниците од двете драч ЦРВЕНИ неонки кои светат на спратот, се осеќаш малце како Сајклопс од Х-Мен, ласер може да пуштиш у секој момент. Те пречекуваат само 4 маси, 2 пејачки и еден тип на клавијатура, кој од прва не знаете дали е гостин или дел од музиката, бидејќи седи на најблиската маса до синтисајзерот и пие ѕидарско Скопско со луѓето од истата маса. Околу пејачките да не почнувам, Гулабица за нив е Мис Универзум. За да доживеете ултимејт КБС искуство треба :

1. Да нагазите весела вечер и посведочите 2 минутна борба на некоја пијана петарда со Шиберот од ВЦто. Додека не им покаже некоја од келнерките, пола кафана не може да се соземе од смеа.

2. Да ја викнете пејачката и порачате некоја српска песна, а она ви ја потврди порачката со : Биче, биче ! :pos:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
за вас само е КБС (Кафе Бар Столе). Пепи и Шабанот се Александар Палас во споредба со ова. Подолно нешто во Мк гарант не постои, а и прилично сум сигурен дека добро се држи и во однос на некои шупи некаде во Србија или Босна, каде мрежа телефонот не ти фаќа. Еднаш на мајтап се најдовме таму за да ги провериме муабетите - испадна 10 пати пострашно. Сцени од филмон од Самрак до зори ви провејуваат кога влегувате. Се оди на втори спрат, уште скалите кога ги качуваш те фаќа необјаснива болка и притисок на слепоочниците од двете драч ЦРВЕНИ неонки кои светат на спратот, се осеќаш малце како Сајклопс од Х-Мен, ласер може да пуштиш у секој момент. Те пречекуваат само 4 маси, 2 пејачки и еден тип на клавијатура, кој од прва не знаете дали е гостин или дел од музиката, бидејќи седи на најблиската маса до синтисајзерот и пие ѕидарско Скопско со луѓето од истата маса. Околу пејачките да не почнувам, Гулабица за нив е Мис Универзум. За да доживеете ултимејт КБС искуство треба :
Одлично доловено веднаш добив желба да ја посетам. Убавината на овие места е што еднаш влагаш и никад више!:icon_lol:
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.865
Поени од реакции
23.243
Како сакате земете во биртија си рајат. На никој не му е гајле со кој си, во што си облечен и што пиеш. Што би сакале повеќе од тоа.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Ова како диско биртија ни го опишаа, нема јадење само пиење и кршење у 3 по полноќ:icon_lol:
Ајде пофали ги Марена кафаните, Весели гробишта и слично :)
Во Кавадарци на времето биртиите не биле толку познати поради големиот замав на YU рок културата.И тогаш имало нешто налик сегашните биртии (по димензии) но без сељаштвото.
Денес во Кавадарци нема останато речиси ништо од тогашната култура и речиси се е сведено на турбофолок и екс ју рок каде што публиката и пеачот се понашаат како да свират некоја срцепарателна песна од Аца Лукас и компанијата.Како дел од помладата генерација ги имам фатено само последните година-две од тој период каде што веќе таа култура се рушеше, а турбофолкот земаше се поголем замав.
Во Кавадарци денс за едно обично петочно „журкање“ имаш 2 опции.Првата опција ти е да посетиш некој бар/кафиќ (Blue,Круна,Roma и (the) Doors), а втората опција е да посетиш биртија.Во кафиќите владее културна атмосфера и таму одат претежно лица над 18 години но тие не се тема на разговор и со нив ќе застанеме тука.
Биртиите во Кавадарци ги има безбој и никнуваат како печурки после дожд (додуша за исто толку време и пропаѓаат).Нај биртијата во Кавадарци е Дејтона.Тоа е просторче со големина 1.5х2.5 метри со 3 маси внатре и 2 надвор (на лето).Внатре може да се најде се од деца по 13-14 години,средношколци по 16-17 години, сељаци од 20+ години па до пијаници од по 60 и кусур години.Облеката на гостите кои се до кај 30 години се состои од свадбарски панталони или некој фармерки налик свадбарски панталони, свадбарска кошула пикната во панталоните и сето тоа затегнато со каиш.Обично ова биртија се посетува кога некој сака да се опие поради екстремно ниските цени.
Следна биртија е Златно Буренце.На почетокот беше просторија со големина од 4х4 метри, а сега е проширено и надвор.Таму претежно се собира најголемата богата сељачна во градот (20+ години) и ретко се наоѓа машки хомо сапиенс под 19 години.Женски примероци од видот хомо сапиенс се наоѓаат од 15 години па се до 40.Машките ХС носат сако и некој ефтин парфем кој удара во нос.Женските ХС носат миниќи и затегнати маички кои добро ги истакнуваат нивните облини и околу 400-500 грама шминка.Од музика има некој локални бендови составени од еден ентузијастичен пеач и свирач на сајзер кои свират само тежок турбофолк.Не се кршат чаши бидејќи е срамота и ретко може да се види некој пијан.Сите стојат како за стрелање освен кога ќе им се погоди некоја песна па креваат раци и пејат.Обично се водат муабети кој колку го кренал мерцедесот и кој која ја ебел.
Можеби најпозната биртија во Кавадарци е Пела.Речиси се е исто како кај златно буренце освен малку постарите гости.Исти менталитет на гости,исти свирачи,исти муабети.
Најсељачката биртија која постоеше во Кавадарци е „Клубот“ (самото име сугерира).Се собираат основци и средношколци,сите облечени како за на свадба и се пијанчат на големо.Некој самопрогласен пеач земал да пее песни од Аца Лукас и компанијата,летаат чаши на сите страни, некој земал се степал, некој повраќа на масата...Откако го зема некој друг и го преуреди го изгуби приматот на најсељачкото место и сега служи како место за испаѓање на средношколци кои не успеале да си најдат место во некоја поелитна биртија.
На последно место го оставив Бриони.За ова место ми е многу криво.Порано беше одличен ресторан за фамилијарни луѓе,а сега се претвори во обична кафеана за средношколци со турбофолк кој се слуша во радиус од 1 километар.Место на прекрасна локација кое западна во канџите на турбофолк културата.Пу јзк.
Како младиќ неможам да зборувам за хард кор биртиите во кои одат пензионери за да локаат ракија и да играат табла но се надевам дека ова е доволно.Како анти-талент за пишување неможам да ја доловам вистинската слика но се надевам дека колку толку успеав да доловам.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Биртија е дупка, претежно два на два, се греат на ќумбе на дрва, претежна клиентела е на рамбовки, копачот им е потпрен пред врата, пие ракија и мези зелка или домашна туршија, негде од страна вреска певајка у најлоша верзија со најлош турбофолк на сите времиња, се е дим околу тебе таму е дозволено да се пуши. Претежно се наоѓаат во селски средини или негде спикани во град каде инспекција никогаш нема да ги најде.
Изгорени чаршафи, на една маса нема три исти чаши, виљушките им се толку чисти да веќе се лажици, столчињата обавезно се клатат, и да собирано пиво и жта наместо коњак :pos: Скарата никогаш не исчистена вц славина со црево наместо казанче итн итн итн
Биртиите се уметност.
Да не ја заборавиме легендарната Трскара , Кај Брус, Птица,Росоман,Барбика. ( во маџари) и уште мал милион такви.
иначе мислам дека овде биртиите се мешаат со чекалните ( два на два стара искусна газдарица млада конобарка , десет вуци чекаат кој попрвин ке си отиде за да ја собере конобарката, обавезно со тебе пие газдарицата ред бул и кока кола 500 денари )
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Изгорени чаршафи, на една маса нема три исти чаши, виљушките им се толку чисти да веќе се лажици, столчињата обавезно се клатат, и да собирано пиво и жта наместо коњак :pos: Скарата никогаш не исчистена вц славина со црево наместо казанче итн итн итн
Биртиите се уметност.
Во никој случај не помислувај кој јадел од истата виљушка или ја лигавел чашата. Се препорачува многу многу да не гледаш накај гостите, оти можеш да налеташ на некој лут поглед и ете ти проблем. Многу многу шетање низ биртијата да нема, кога минуваш гледај да не закачиш некој несакаајќи. Во веце не очекувај сапун или тоалет, исто очекувај од кога ќе пуштиш вода од ноа клечешконо да избие таков водопад што треба да си спремен да бегаш во секое време. Не се заклучувај оти може никој да не примети дека си заглавен.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Ај за муабетот кога биртија е крчма една песна од мене
(аман модераторот нека не бриши , во контекст со муабетот е)
Инаку Перон кај железничката Битола, кој бил знае:)
Инаку квартална крчма во буквален превод би значело малска биртија( ако грешам нека ме поправат бугарчињата на форумот), барем јас така си ја сваќам.
Владе батали не идеме император ќе идеме кај Шпицот ако доаѓам натаму :pos:
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Во никој случај не помислувај кој јадел од истата виљушка или ја лигавел чашата. Се препорачува многу многу да не гледаш накај гостите, оти можеш да налеташ на некој лут поглед и ете ти проблем. Многу многу шетање низ биртијата да нема, кога минуваш гледај да не закачиш некој несакаајќи. Во веце не очекувај сапун или тоалет, исто очекувај од кога ќе пуштиш вода од ноа клечешконо да избие таков водопад што треба да си спремен да бегаш во секое време. Не се заклучувај оти може никој да не примети дека си заглавен.
Велес од десна стррана карши пазарот , велес одма до автобуската нај убава скара имаше во цела македонија таму ( ама кој да ти го знае дека со кучки мачки и магариња пцојасани не ранел ) :pos: И се разбира онаа последната карши пазарот што е одма пред мостот :) не ги памтам по име ама во сите сум бил :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom