Е ајде полека полека одиме кон нешто.
Прашањето е какви права им дадовме и дали тие права им требаа како прво. И што прават со тие права. Значи давањето на правата со соживот нема некоја допирна точка. До толку заклучивме. Истот би се случило и кога во Германија би се дале вакви права на некоја верска заедница или етничка група( можеби се дава незнам). Таа група би се гетоизирала и не би била способна да се интергрира во општестовото и неговиот начин на живот, вредности норми и тн.
Но од друга страна како очекуваш некој да биде лојален во некоја држава ако не ја чувствува за своја или е сметан за граѓанин од втор ред во истата таа држава. Дали очекуваш дека тој би бил лојален граѓанин, дали ти би бил на пример ако се најдеш во слична ситуација.
Цела работа е во умереноста во потенцирањето на разликите помеѓу луѓето. Разликата во веросиповест, јазик и така натаму. Од друга страна неприкосновено инсистирање на почитување на работите кои ги сплотуваат сите граѓани без разлика на вера и нација, значи официјален јазик ,државни органи,, уредувањето на државата, такви работи и најстрого казнување за непочитување на истите. Ако си забележал на друга тема јас сум за воведување на воен рок. Некој смета дека тоа е само да се научи да се ракува со оружје. Не тоа е да се научи да се живее заедно со некој кој е различен од тебе, да се смени позната средина ( домашната на пример) и еден куп други работи кои немаат врска со оружјето, но тоа е за во другата тема, овде само како пример ти давам.