Протести против поскапувањата на струјата, парното, бензинот...животот! [вторник, 18 ч.]

Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Добро,викаш да се приватизираат ЕЛЕМ и МЕПСО. а после кој ќе ги спречи нив заедно со ЕВН да ја покачуваат цената,пошто нели нема регулаторна..Кој може на приватник да му каже по која цена ќе го продава својот производ?
Би била иста ситуација како со телеком..се додека не се либерализираше пазарот и не влегоа други оператори,не дереа до максимум,плаќавме претплати во кои немаше ни минута разговор.. а струјата како ќе се либерализира?

Цитро ајде сега да ти објаснам.

Прво владата прави монопол на пазарот со тоа што лиценцира само одредени увезувачи на струја ( а и на гас Макпеттрол партали направи со таа политика дури сега ќе имаат конкурент конечно ) и така минатата година компаниите што увезуваат струја направија десетици милиони профит ( иако не произведуваат ништо само препродаваат али они имаат лиценца другите не.Можеш да замислиш колку пари се влеваат во нечии џепови.


Друга работа ние како домаќинства имаме малку поефтина струја од СЛОВЕНИЈА а сме 17% поефтини од Германија.Значи кај нас се исплати ептен да продаваш струја.Само за споредба во Бугарија има за повеќе од 20% поефтина струја.

Трета работа кај нас државата активно спречува инвестиции во енергетскиот сектор.На пример многу пати имам кажано за Чебрен и Галиште бараат повеќе од 40% од профитот годишен по изградба а инвеститорот му требаат 700 милиони да инвестира што е целосно нереално.

Кога ќе го нема мешањето на државата да каже кој смее да увезува,продава и произведува ќе дојдат и инвестициите.Тогаш ќе дојде и долго очекуваната гасификација зошто нема да ја има владата како бара рекет од потенцијалните инвеститори за да им даде лиценца.

Најважниот дел е што го спомна за телекомуникации.Се сеќаваш ли какви беа цените на интернет,мобилна телефонија и фиксна кога со сите 3 монопол имаше владата дали директно преку државни фирми или преку лиценци.

Денес имаш интернет,кабловска и фиксен телефон за 1000 денари.Се сеќавам кога при крајот на 90тите ќе му дојдеа од Германија роднини на еден другар и ќе ни кажуваа како за 50 марки имале интернет,кабловска и телефон а ние ќе му викавме не бе лажеш нема шанса само филмови ни правиш тука.


--- надополнето: 23 август 2012 во 01:30 ---
Ти си млад, не можам толку брзо да те следам
Регулаторна не е потребна за парното.
Од една котларница можат да се затоплуваат згради одалечени едвај неколку километри. Јас пребарував по интернет, секаде има регулаторна но никаде не најдов регулаторна да одлучува за парното . Поа е општинско прашање. Каква врска има парното во Скопје, со животот на граѓаните во Битола, Гевгелија или некој друг град.
Тие кои парното го ставија под контрола на регулаторна, а не на општината како што беше пред 2006, го направија тоа за да Топлификација може да си ги покачува цените како сака. Порано имаше каква таква контрола од општината, сега нема ништо
Затоа ти велам не барај тука политика, нема политика има криминал
Тоа и јас го кажувам НЕ Е ПОТРЕБНА.

Државата е таа што го создаде монополот и го одржува.Нека го изгуби целото влијание државата во тоа како се греат граѓаните.Нека се продава топлинска енергија како што се продаваат смоки па да видиме какви цени ќе ни даде пазарот.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Најнова вест на Сител:
СДСМ бара разрешување на Претседателот и Членовите на Регулаторната комисија за енергетика, во рок од 48 часа.
Мислам дека нема основ ова барање... Регулаторна е независна, единствено може да се бара оставка
Погледајте:
http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/sdsm-bara-razreshuvanje-na-pretsedatelot-i-chlenovite-na-rke
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Нова цена на струјата!?

24.08.2012 | 17:02
Економија
Прочитано: 85
Цената на струјата повторно ќе расте. Наспроти очекувањата на граѓаните за ублажување на ценовниот шок и враќање на ефтината тарифа, денеска стигна нова најава за нова поголема цена на струјата. Првиот човек на ЕЛЕМ Чинговски не ја исклучува можноста дека од нова година сметките за струја ќе бидат повисоки. Отплатата на новиот заем кој ЕЛЕМ го зема од Дојче Банк, за ревитализација на РЕК Битола ќе влијае врз цената на елетричната енергија.

„Заемите што ги добиваме всушност помагаат притисокот врз цената значително да биде намален затоа што се прифакаат оние трошоци кои се реализирани во текот на годината.

Гледајки дека овие кредити ќе се враќаат дванаесет години, само ратат која ќе с еотплаќа годишно ќе влезе како трошок во работењето на компанијата, а со тоа и врши притисок врз покачување на цената на електричната енергија“ изјава Влатко Чингоски, директор на ЕЛЕМ.

Во меѓувреме Владата призна дека граѓаните ги очекуваат повисоки цени на прехрамбените производи, какви што не се паметат во последните 27 години. Мерки ќе има, но кога не се знае.

„ Во текот на завчерашниот ден дојде до најголем пораст на цената на производите кои с еупотребуваат во процесот на исхрана. Владата како и досега ги следи состојбите и прави анализи проценки и сценарија за понатаму да реагира“ изјава Александар Ѓоргиевски, портпарол на Владата на РМ.

За еден месец цената на струјата поскапе за 10%, парното за 4%, а нафтените деривати за 14%. Статистика регистрираше повисоки цени во трговијата на мало за 2,3% . Цената на лебот веќе во некој од градовите е корегирана. Велешани веке плаќаат за 25 % повисока цена за леб.

Досегашни поскапувања

Струја + 9,82%
Парно Топлификација + 3,88%
Парно Скопје Север + 3,75%
Нафтени деривати +14, 06 %
Леб + 25%

Но поскапувањата не сопираат. Спиралата се одмотува. Во септември се очекуваат нови цени на месото, кондиторските производи, тестенитет и огревното дрво. Стандардот се топи, а граѓаните се молат за топла зима и пониски сметки.

http://24vesti.com.mk/nova-cena-na-strujata
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ма 50% нека ја покачат само така.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ма 50% нека ја покачат само така.
Прашање е дали и тоа ќе го реши проблемот
Македонија мора да увезува струја бидејќи потребите се поголеми од производството. Но тоа треба да го направи на најповолен начин.
Само прашање дали : Y a-t-il un pilote dans l'avion
http://www.youtube.com/watch?v=07pPmCfKi3U
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593
Прашање е дали и тоа ќе го реши проблемот
Македонија мора да увезува струја бидејќи потребите се поголеми од производството. Но тоа треба да го направи на најповолен начин.
Само прашање дали : Y a-t-il un pilote dans l'avion
http://www.youtube.com/watch?v=07pPmCfKi3U
Абе пилоти има, ама само пилотите си имаат падобрани.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Прашање е дали и тоа ќе го реши проблемот.
Знаеш кога ќе дојдеш во фаза да кренеш раце и да си речеш што сака нека биде? Ете во таа фаза влегуваме, закржлавена маса и апатија. 100% нека ја покачат и сите прехрамбени продукти нека се покачат по 100%, а платите нека замрзнат и наредните десет години.
Се нека се истера на просјачки стап и нека исцрка, кој како сака нека си се снајде. Доста е веќе дежурни будали да реагираат за се, а другите да гледаат партии во се. Се нека иде у курац со се нас. Чим ви е убаво терајте.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Доста е веќе дежурни будали да реагираат за се, а другите да гледаат партии во се.
Со партиите е циркус...
Луѓево не гледаат што се прави или што се зборува, туку дали е тој што прави или зборува, од оваа или онаа партија.
А во секоја партија има секакви луѓе
 
H

HITCH

Гостин
Член од
5 септември 2011
Мислења
52
Поени од реакции
30
Знаеш кога ќе дојдеш во фаза да кренеш раце и да си речеш што сака нека биде? Ете во таа фаза влегуваме, закржлавена маса и апатија. 100% нека ја покачат и сите прехрамбени продукти нека се покачат по 100%, а платите нека замрзнат и наредните десет години.
Се нека се истера на просјачки стап и нека исцрка, кој како сака нека си се снајде. Доста е веќе дежурни будали да реагираат за се, а другите да гледаат партии во се. Се нека иде у курац со се нас. Чим ви е убаво терајте.
Ne se nerviraj tolku majke mu, eve ti kako svesna licnost, probaj spodelija tvojata visoka kultura i opshtestven angazman
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ne se nerviraj tolku majke mu, eve ti kako svesna licnost, probaj spodelija tvojata visoka kultura i opshtestven angazman.
Пикасо иди брани си ги браќата шо се замараш за струја и парно не ми е јасно.
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
264
Поени од реакции
72
Џабе се протести, се додека државата поради политички причини не дозволува Дистрибуција да исклучува цели реони со неплаќачи(+ и оние што крадат, директно поврзани без броило), грото реони населени со косовски емигранти, цената на ЕЕ ќе оди нагоре. Мора да се покријат тие загуби.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom