Значи најдобра пицерија и ресторан според мене е Енрико во Лептокарија, Скопје...Стварно е поскапо али квалитетно јадеш и вкусно, а плус локалот е многу чист...Имаат преубави панцероти со сирење и мојата омилена пица со кулен, сирење и зелена пиперка ја прават екстра ммммм...
Иначе летно време во Палма дремам во Аеродром и сладоледот стварно е топ таму...Јас не поднесувам млеко, слатко а сакам сладолед и единствено во Палма не ми се лоши од сладоледот...Не знам какво е млекото што го ставаат во сладоледот...
Друга дестинација што ми е ок е Еквестриан исто во Аеродром карши Палма...Убави палачинки прават таму...
Мелено месо не јадам по ресторани, али во Скопје мислам дека најдобрите ќебапчиња се кај Дестан...Доколку одам на ќебапчиња, одам таму...
Во Балила пиците се многу јаки, прекалорични и мрсни...Не ми се баш ок...
И во Специјал одам, кога сакам бели пецива и морам да го спомнам моето омилено - баварски перек со морска сол одозгора и вкус на квики (НЕМАТЕ ПОИМ КОЛКУ Е ВКУСНО
) и исто така убави крофни со чоколаден крем прават...
Моментално на овие места ми текнува