„Добро утро“
Додека стоиш пред огледалото во купатилото и зјапаш во ликот пред тебе, се чудиш што би можел да значи кошмарот од пред неколку минути. Устата ти горчи од никотинот, зошто си претерала претходната вечер, и пастата за заби дури ти изгледа гадно.. На крај се решаваш да ја пикнеш четката во уста и додека четкаш, правиш филмови и планови како да се справиш со неколкуте луѓе во твојот живот кој не се ништо друго освен „психички вампири“. Толку далеку си забегана со мислите што забележуваш дека веќе размислуваш дали едно кутивче Диазепам (што моментално го имаш) ќе биде доволно да ја заврши работата.... и се разбира почнуваш да плачеш, се чуствуваш немоќно и разочарано, а депресијата почнува да ти удира во коски...
Да навистина „прекрасно“ утро ...