Одмазда

Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Има две три вакви теми но или се во ЧДА или се во некој друг под форум.
http://forum.kajgana.com/threads/Одмазда-за-неверство.8654/
http://forum.kajgana.com/threads/Љубовни-одмазди.63119/
http://forum.kajgana.com/threads/Дали-казната-е-одмазда.15951/
Гледано од страна понекогаш не толку ретко се случува да видам поединци кој што единствен двигател во моментот им е осветата, убедени се дека некој нешто им должи дека ги повредил дека ги навредил. Без разлика од каква природа е одмаздата ( од што е предизвикана )
Постојано се во потрага на нов начин како да и наштетат на одредена личност поретко на група. Зошто луѓето си дозволуваат да паднат толку ниско само за да зодоволат моментална потреба, потребата од нанесување болка на друга личност. Не ретко тоа преминува и со опседнатост кон личноста кон која е цел на осветата. Се губат самите себе,губат чуство за реалност занемаруваат се останато и единствена преокупација им е како да наштетат.
Не ретко ја среќаваме и по религиозните книги каде што е легитимно средство за постигнување на правдата, ја има во Библијата,Коранот,Тората. целосно оправдана и целосно овозможена како начин за истерување на правдина.
Дали потребата од одмазда е всушност скриено зло кое што тлее во нас, и само чека повод за да излезе на површина.Зошто некој би се замарал со некого друг кога во животот има толку многу други нешта што би ги направил во тие моменти наместо губењето време за бесмислици.
Дали е тоа изветропирен инстинкт за преживување,или пак е толку интегрирана во човековата природа па е премината во рефлексна реакција, ме удрил го удирам.
Дали се работи за луѓе со слаб карактер а прејако алтер его, кое што ја презема контролата ?
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Ако ти бидам непријател нема да можам да ти правам сопки,затоа ќе бидеме најдобри пријатели.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Ако ти бидам непријател нема да можам да ти правам сопки,затоа ќе бидеме најдобри пријатели.
Не е во тоа поентата,зошто воопшто се троши време и енергија на освета. Зошто воопшто би го правел тоа.
 
V

Vollstandig

Гостин
Дали се работи за луѓе со слаб карактер а прејако алтер его, кое што ја презема контролата ?
Мислам дека самиот го даде одговорот , со прашањето. Према мене, одмааздата секогаш се базира на скршено его. Ако човекот има цврст карактер, валјда би останал, би се одбранил на начинот кој знае и умее, без да тоа создава последици за понатамошна одмазда.
Личности со високо его, а слаб карактер, никогаш видена, а преголема желба за истот, никогаш чуени, а уште поголема желба за истото,лесно навредливи па дури и ако не ги поздравите на начин на кој тие очекуваат. Се базира на преголема емоционалност кај истата личност, проследено со страв за повредување на неговото его, али повеќе би го нарекол авторитет и желбата да се создади истиот.

Сигурно, сте дошле до дебата многу пати, со одредена личност, каде после неколку разговори, и ненаоѓање на заеднички јазик,валјда од несогласени ставови, а тврдоглаво стоење на сопствените, дебата прераснала во расправија, а често пати, на македонски и кавга.Често пати се случува кога една особа губи аргументи, а сеуште ја има желбата да биде во право, па се проследува и прекинување на разговор, преминува во лични навреди, а на крајот резултира и со кавга.Е сега, еве го од истиот пример со одмазда, ако после разговорот кој не завршил успешно, не бидне кавга, се продолжува истата таа погоре спомната омраза, кај личноста што останала без аргументи, без да признае вина па дури и на некој начин се проследува и со одмазда во било каков облик.

Заклучок, одмаздата се создава како резултат на скршено его и голема количина на емоции.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Одмазда...
Не се замарам со тоа, ама сум злопамтило.
Ако ми згрешил некогаш ептен, ако го начекам некогаш во иднина, ќе му вратам дупло, ако не, никому ништо.
А да мислам 24/7 на одмазда... тоа нема шанса.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.738
Поени од реакции
4.494
Одмаздата е слатка :sneaky:
А мене заб ме боли од слатки :cool:
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Мислам дека самиот го даде одговорот , со прашањето. Према мене, одмааздата секогаш се базира на скршено его. Ако човекот има цврст карактер, валјда би останал, би се одбранил на начинот кој знае и умее, без да тоа создава последици за понатамошна одмазда.
Личности со високо его, а слаб карактер, никогаш видена, а преголема желба за истот, никогаш чуени, а уште поголема желба за истото,лесно навредливи па дури и ако не ги поздравите на начин на кој тие очекуваат. Се базира на преголема емоционалност кај истата личност, проследено со страв за повредување на неговото его, али повеќе би го нарекол авторитет и желбата да се создади истиот.

Сигурно, сте дошле до дебата многу пати, со одредена личност, каде после неколку разговори, и ненаоѓање на заеднички јазик,валјда од несогласени ставови, а тврдоглаво стоење на сопствените, дебата прераснала во расправија, а често пати, на македонски и кавга.Често пати се случува кога една особа губи аргументи, а сеуште ја има желбата да биде во право, па се проследува и прекинување на разговор, преминува во лични навреди, а на крајот резултира и со кавга.Е сега, еве го од истиот пример со одмазда, ако после разговорот кој не завршил успешно, не бидне кавга, се продолжува истата таа погоре спомната омраза, кај личноста што останала без аргументи, без да признае вина па дури и на некој начин се проследува и со одмазда во било каков облик.

Заклучок, одмаздата се создава како резултат на скршено его и голема количина на емоции.
Апсолутно се слагам.
Би додала дека на овие луѓе барањето одмазда им служи и како одбранбен механизам. Поради тоа што се крајно несигурни во себе па и најмала провокација ја доживуваат како тешка навреда, преку одмаздата се бранат себеси, од непостоечки напад, и тоа на доста радикален начин.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не е во тоа поентата,зошто воопшто се троши време и енергија на освета. Зоштоо воопшто би го правел тоа.
Се согласувам со ова 100 посто. Тоа што некој ме повредил на било каков начин кажува за него како особа, тоа не ме детерминира мене како личност. Ме повредил и тоа е тоа, грешно сум ја проценила таа личност. Одмаздата како таква е залудно трошење на нерви и мисли за личност која според мене не заслужува такво внимание.

Затоа што додека некој си таму не се замара како сум, си го живее животот, јас треба да си ја чукам главата и да се замарам како да вратам на болката? Ма мало морген. Најдобра “одмазда“, ако тоа така може да се рече е човек да продолжи со својот живот, да се смее, да излага, да заборави на болката, да стисне заби и да оди понатаму. Затоа што секое време потрошено во чукање глава во ѕид е погрешно, особено заради фактот дека со замарање со работи кои веќе поминале, губиме драгоцено време тука и сега. Наместо сега да живееме, ние уште размислуваме за тоа што било.
Убаво рекле дека животот е она што ти се случува додека правиш други планови.

Нема да речам “учиме од своите грешки“, затоа што барем од моето искуство не е така, али тоа е сепак индивидуално.
Кога ќе ме повреди некој, тешко ми е, се разбира дека патам, но не дозволувам болката да ме парализира, така што паралелно додека тагувам или што и да е, си водам најнормален живот и пробувам што побрзо да побегнам од тоа што било и да се насочам кон тоа што ќе биде и како ќе биде.
Додека сум сама помеѓу 4 ѕида, размислувам за тоа што би било кога би било, си правам некој вид на сумирање на се шо се случило, што е и сосема нормално, но мојот живот не запира и си продолжува со истиот интензитет како и претходно.

А одмазда?
Никогаш.

Едноставно искрено и посакувам на особата се најдобро и се оддалечувам од неа.
Се разбира ако особата сака повторен контакт, давам јасно на знаење дека тоа е едноставно невозможно и дека од денот кога ме повредиле тоа е денот кога за мене едноставно не постојат како личности, туку само како нешто што го заобиколувам кога ќе го видам.
Нема потреба од одмазда, негативна енергија и огорченост, кога има толку многу прилики и шанси за насмевки, позитивна енергија и добри луѓе... :)
 

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Постојано се во потрага на нов начин како да и наштетат на одредена личност поретко на група. Зошто луѓето си дозволуваат да паднат толку ниско само за да зодоволат моментална потреба, потребата од нанесување болка на друга личност. Не ретко тоа преминува и со опседнатост кон личноста кон која е цел на осветата. Се губат самите себе,губат чуство за реалност занемаруваат се останато и единствена преокупација им е како да наштетат.
Не ретко ја среќаваме и по религиозните книги каде што е легитимно средство за постигнување на правдата, ја има во Библијата,Коранот,Тората. целосно оправдана и целосно овозможена како начин за истерување на правдина.
Дали потребата од одмазда е всушност скриено зло кое што тлее во нас, и само чека повод за да излезе на површина.Зошто некој би се замарал со некого друг кога во животот има толку многу други нешта што би ги направил во тие моменти наместо губењето време за бесмислици.
Дали е тоа изветропирен инстинкт за преживување,или пак е толку интегрирана во човековата природа па е премината во рефлексна реакција, ме удрил го удирам.
Дали се работи за луѓе со слаб карактер а прејако алтер его, кое што ја презема контролата ?
Сигурно желбата за освета не им се појавува од лепе-очи. Таквите задоволуваат моментална потреба и се хранат со тоа зошто сигурно нешто ги поттикнало да се одлучат на таков чекор.

Потребата од одмазда ни малце не е скриено зло што тлее во нас, тоа се стекнува и доаѓа до израз со текот на животот. Најчесто тоа е предизвикано од љубомора, завист или пак како што вели нашата стара “Око за око, заб за заб“ oти ретко денес кој има толкаво ниво на самоконтрола за кога некој ке му наштети, ке го навреди или просто нема да му оди по ќефот ке остане рамнодушен. Секој ке го запамти денот, месецот, годината, саатот па дури и местото со сите китки наококу за после некое време кога ке биде обратна ситуацијата мило за драго да му врати, исто како твојот пример-ме удрил го удирам.

Ретки се таквите што така се родени и приоритет во животот им е да наштетуваат и да се замараат со другите.

За последното болдирано би рекол дека се работи за цврст карактер и прејако алтер его (Абе не попуштам и не заборавам, ке вратам и . (точка)!!!). Голем број од луѓето така се створени, злопамтила. Тоа е длабоко в коренето и нема да се искорени никогаш. Во овој случај, тие другите што се со висока самоконтрола и на кои осветата не им е ниту приоритет а ниту опција претставуваат ендемски вид на луѓе и во денешниот свет се етикетирани како лузери, слаби, полтрони итн итн од страна на овие попаметниве (или “попаметниве“).
 

mandak

матапрчо
Член од
26 март 2009
Мислења
799
Поени од реакции
525
Одмаздата е најслаткото нешто бар за мене:mad:;)
 
T

templar55

Гостин
Додека мислиш како да и/му вратиш и се пуниш со злобност времето можеш да го икористиш во наоѓање на друг партнер кој ке заслужи да биде со тебе ( ова можат бифшите да го сфатат како одмазда ама не е ) .
Кармата е зезната работа, немој да мислиш дека луѓето околу тебе нема да ја осетат твојата жед за одмазда што по автоматизам те прави непривлечен. У тој случај ти губиш. Едноставно за таква глупа работа луѓето не треба да се полнат со негативна енергија. Само зрачи со позитива и тоа ке им биде доволна одмазда на тие што ти наштетиле. Биди едноставно нескршлив и секогаш ке го добиеш тоа што го сакаш.
 

saskon

Член од
22 август 2008
Мислења
2.231
Поени од реакции
5.464
Има две три вакви теми но или се во ЧДА или се во некој друг под форум.
http://forum.kajgana.com/threads/Одмазда-за-неверство.8654/
http://forum.kajgana.com/threads/Љубовни-одмазди.63119/
http://forum.kajgana.com/threads/Дали-казната-е-одмазда.15951/
Гледано од страна понекогаш не толку ретко се случува да видам поединци кој што единствен двигател во моментот им е осветата, убедени се дека некој нешто им должи дека ги повредил дека ги навредил. Без разлика од каква природа е одмаздата ( од што е предизвикана )
Постојано се во потрага на нов начин како да и наштетат на одредена личност поретко на група. Зошто луѓето си дозволуваат да паднат толку ниско само за да зодоволат моментална потреба, потребата од нанесување болка на друга личност. Не ретко тоа преминува и со опседнатост кон личноста кон која е цел на осветата. Се губат самите себе,губат чуство за реалност занемаруваат се останато и единствена преокупација им е како да наштетат.
Не ретко ја среќаваме и по религиозните книги каде што е легитимно средство за постигнување на правдата, ја има во Библијата,Коранот,Тората. целосно оправдана и целосно овозможена како начин за истерување на правдина.
Дали потребата од одмазда е всушност скриено зло кое што тлее во нас, и само чека повод за да излезе на површина.Зошто некој би се замарал со некого друг кога во животот има толку многу други нешта што би ги направил во тие моменти наместо губењето време за бесмислици.
Дали е тоа изветропирен инстинкт за преживување,или пак е толку интегрирана во човековата природа па е премината во рефлексна реакција, ме удрил го удирам.
Дали се работи за луѓе со слаб карактер а прејако алтер его, кое што ја презема контролата ?
Секој нормален човек е во искушение на одмазда. Јас сакав да се одмаздам.
Каква религија, каква библија, каков коран, какви курци палци, сите овие не ги напишав јас затоа што во ниедна од сините линкови не се најдов како "Зоро" но...
Кога животот ти виси на конец, а при тоа единствен избор е црниот челик.
http://forum.kajgana.com/threads/%D0%97%D0%B0-%D1%88%D1%82%D0%BE-%D0%B7%D0%B0%D0%B3%D0%B8%D0%BD%D0%B-%0D0%B1%D1%80%D0%B0%D1%82-%D0%BC%D0%B8.61187/page-3#post-5067508
Јас не сум личност со слаб карактер, но едноставно тоа некогаш извира од тебе јбг.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Да бидам искрен за да ја отворам оваа тема бев малку испровоциран од темата во ЧДА Љубовни одмазди поконкретно од видеата во истата.
Јасно е дека никој не прави нешто без ништо,разбирам моментална реакција во афект но најчесто не се работи за моментални реакции. Но сепак во овие случаеви не се работи за било каква спонтана реакција.
Едноставно како да се губи допир со реалноста,целата енергија се пренасочува само кон едно нешто ОДМАЗДА, иако овде некој рече дека се работело за цврст карактер.Не ми е јасно како може некој да биде цврст карактер кога не знае да прифати пораз.
Прифаќањето на одмаздата како истерување на правда воопшто не ми е ни поимливо,како воопшто е возможно да се истера правда ако на нанесено зло возвратиш со зло ( не ретко по дефиницја тоа зло мора да биде поголемо од нанесеното) Тоа е маѓепсан круг од кој што нема изегување, каде што постојано се возвраќа од едната на другата страна. Ова со видеава е само пример, и можеби само ја прикажуваат онаа темна страна. Но доколку погледнеме низ историјата Одмаздата како појава воопшто не е нова постои откако постои и човештвото, па така не ретко поради одмазда неможноста да се прифатат фактите какви што се пропаѓале и цели империи.
Незнам само се обидувам да сватам зошто некој би трошел време на бесмислени дејанија.
Се спомна карактер, карактерно мислам дека сум доста цврста личност кога се работи за инат може да се каже дека сум голем инат но никогаш нити сум бил злопамтило нити пак некогаш сум се обидел на некого да му се одмаздам за нешто. Едноставно не ми ни било битно,можеби би се окарактеризирало како слабост но карактерот и инатот попрво би ги насочил кон реализирање на некој план што го имам во моментот или кон некоја задача која што сум си ја зацртал, отколку да се замарам со луѓе кој што ми згрешиле нешто, едноставно ги бришам од животот тие личности и крај на муабетот.
--- надополнето: 26 август 2012 во 03:44 ---
Додека мислиш како да и/му вратиш и се пуниш со злобност времето можеш да го икористиш во наоѓање на друг партнер кој ке заслужи да биде со тебе ( ова можат бифшите да го сфатат како одмазда ама не е ) .
Кармата е зезната работа, немој да мислиш дека луѓето околу тебе нема да ја осетат твојата жед за одмазда што по автоматизам те прави непривлечен. У тој случај ти губиш. Едноставно за таква глупа работа луѓето не треба да се полнат со негативна енергија. Само зрачи со позитива и тоа ке им биде доволна одмазда на тие што ти наштетиле. Биди едноставно нескршлив и секогаш ке го добиеш тоа што го сакаш.
Не беше поентата за бивши девојки дечковци, ги земав за пример само бидејки само во тие категории постоеа, Одмаздата како категорија не е експлузивно љубовна категорија постојано се среќаваме со неа.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: imp
T

templar55

Гостин
Не беше поентата за бивши девојки дечковци, ги земав за пример само бидејки само во тие категории постоеа, Одмаздата како категорија не е експлузивно љубовна категорија постојано се среќаваме со неа.
Да де јасно ми е ама дека конкретно клиповите се за тоа и затоа напишав таков пост. Има и случаеви каде одмаздата е неминовна.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom