Ajde brat...da diskutirame..da ti ja vidam strategijata..
Shto e religija?
Хмм, после еден куп месеци, ме натера да напишам нешто посериозно.
Терминот религија етимолошки има неколку значења
1. Од латинскиот, од именката “religio”, која значи верување во еден бог и една заедница и еден владетел, како верување во една религиска вистина
2. Од латинскиот збор “religare“, кој значи воспоставување (втемелување) заклетва, врска или било каква поврзаност со супермоќен ентитет, црквата како храм на тој ентитет и секако луѓето;
3. Трето значење на пимот религија се изведува од глаголот “religere“ , а се однесува на издвојување на нешто од тривијалните и обични работи, а во преносна смисла значи однесување со почит кон некого и нешто, а особено кон Бог како супермоќен ентитет
4. Поимот религија можеш да го доведеш во врска и со глаголот “reeligere” кој пак означува повторно издвојување или избирање (тука да не се пронајдеш себе си
)
5. Можеш да појдеш и од глаголот “relegere”, кој означува разбирање, повторно согледување на односите и врските на човекот со Бог;
6. Глаголот “reliuguere“, значи одвојување нешто на страна, нешто што е наменето на Бог, односно принесување жртва, најчесто.
Не ми текнуваат уште у моментов.
Сите шест се навидум слични, но толку различни, флуидни и непрецизни за да се означи еден поим со голема комплексност - РЕЛИГИЈА.
Понатаму
· религија е запознавање на нашите морални вредности во облик на Божји заповеди;
· религија е свето нешто, обвиено со тајновитост, мистериозност, Божји дух и стравопочитување, но сепак со огромна желба од секој човек да се приближи кон се тоа;
· религијата говори за натприродни битија кои управуваат со животот на луѓето;
· религија е облик на животот на човекот во кој самиот тој знае дека е предодреден да служи на Бога.
Ова ти се збир од размислувања, сфаќања, поими засновани на база на фантастична интерпретација на општествениот живот и целиот свет, кои се припишуваат на дејство на некои натприродни сили, а не на самиот човек кој во оваа религиска интерпретацијана светот сепак не е прифатен како творец на сопствената историја.
Бидејќи сите си ја сфаќаат религијата различно, кој како знае и умее, а најчесто како му е наследено доаѓаш до следново:
1. Религијата се сфаќа како поглед на целокупното опкружување и живот водени од натприродни сили. И имаш.
- космогонија (кој е творецот и потеклото на земјата и живото на неа);
- сотеорологија (сфаќање за спасението и вечноста);
- есхатологија (сфаќање за судниот ден, апокалипса и царство Божје);
- теодицеја (сфаќање за трпение и маки на овој свет и утеха која доаѓа само од Бог)
2. Религијата е израз на човековата психолошка потреба за сигурност
3. Религијата се сфаќа како суштинска вредносна и морална компонента, како и за извор на доброто, вистинското и убавото;
4. Религијата се сфаќа како култура, и во овој смисол има:
- аксиолошка (вредносна);
- когнитивна (спознајна);
- нормативна (прописна);
- практична, ритуална и емоционална димензија;
5. Религијата се сфаќа како извор за забегување на луѓето, односно нивно оттуѓување од реалноста и приклонување кон персонална фантастична замислена проекција на реалноста.
Кај сакаш пронајди се Гурџи, а пронајди ме и мене.
Отприлика ова горе напишаново, е реалноста околу поимот религија денес.
Некако знам дека ќе ме пронајдеш у болдот, а себе си?