RocknRolaa
Rafa Para Siempre
- Член од
- 21 февруари 2010
- Мислења
- 6.869
- Поени од реакции
- 9.740
Не знаев како точно да ја крстам темава, ама мислам дека дефинитивно местото и е во овој подфорум. Одамна ме зачудува човековото лудило кога станува збор за познативе, а дечково дополнително ме мотивира да ја отворам темава.
На еден од одговориве се изнасмеав. Ми се допаѓа неговата песна, ја слушнав за радио, не запамтив како се вика, ама добра е? WTF?!?
Не дека циркусов е од сега. Уште за време на Битлси и Елвис Присли, обожавањето на познатите оди до толкави крајности, што луѓе паѓаат во несвест ако им мафне некој. Ми текнува на снимките со Мајкл Џексон мафта со раката од еден прозор, долу едно чудо луѓе во транс и паѓаат како покосени зашто леле мори мајко Џексон им мафнал.
Мислам видете го однесувањево на луѓево на видеово:
Овде има материјал за работа на еден куп психолози. До кое ниво дојдовме ако блесок на камера, насловна страна и улога ни се доволни некого да го сметаме за божество? Дел од нив се неписмени, припрости, не знаат да сврзат две реченици, а ликот во јавноста им го креира цел ПР тим. Жените се поголемиот дел од приказната тука, апсолутно ги посочувам за главен виновник за лудилото по селебрити луѓево. Опседнуваат хотели, се траскаат од земја, плачат, паѓаат во несвест.
Што треба за луѓево да разберат дека истите само си ја вршат работата во која се добри? Што прави луѓево да се однесуваат без никаква самопочит во овие моменти? И патем, само јас ли имам впечаток дека вакви будалаштини на Балканов нема шанси да се случат. Не верувам дека ќе доживеам жена да падне во несвест, зашто некој и мафнал со рака. Сме имале ние актерски легенди и музички ѕвезди, ама до волку мрднати работи не верувам да се случиле на овие простори. Тоа води до друго прашање. Постои ли можност ова селебрити лудило да почне да се случува и кај нас, мислам генерално на Балканов, или уште сме отпорни на ова?