- Член од
- 24 март 2010
- Мислења
- 15.286
- Поени од реакции
- 26.166
Роналдо - Руни - Тевез(Бербатов) + Гигс кој почна да игра подлабоко тогаш?Не се работи за тоа кој е подобар играч, туку се работи за тоа кој играч колку се вклопува во формацијата на еден тим. Јас за Кагава имам многу високо мислење, но тој е класичен AMC играч. Во последните 20 години Манчестер никогаш не играл со таков играч во поставата. Целата офанзива на Манчестер отсекогаш доаѓала преку крилата.
Ќе се испомешаат брзините оваа година, и тоа дебело. Плус, трансферот на Ван Перси го прави Велбек комплетно неупотреблив.
Хазард од друга страна совршено ќе легне во Челзи, затоа што како што гледам, тие планираат да играат само со еден класичен шпиц, и со пет играчи во средниот ред. Во една таква постава, Хазард ќе се изнаигра позади Торес.
И сега има сличен профил на играчи, Кагава кој нема да биде многу дефанзивно дисциплиниран и ќе има комплетна слобода во нападот, повторно Руни, кој ќе треба и повторно да почне да покрива до лев бек (ова може да биде проблем, бидејќи веќе не е млад фудбалер, ама сепак Фергусон може да го натера) и Перси кој ќе треба да игра и десно крило. Валенсија/Јанг ќе ја играат улогата на Гигс. Ќе играат подлабоко и ќе бараат шанса да се уфрлат на крило од втор план.
За Хазард си во право. И после само два изиграни натпревари се приметува дека е најталентираниот фудбалер што заигра во Премиер лигата после Роналдо. Ама и Фергусон го знаеше тоа, испрати понуда и Хазард го избра Челзи. Не можеше ништо повеќе да направи.