ДУИ бара во законот за бранители да влезе и ОНА

Статус
Затворена за нови мислења.

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.968
Знам, само има покрупни од него. Ако сакаа да ги гонат требапе одма, после десет години тешко ама Грујо лоша трампа направи со амнестијата. Иначе ја сум против такви трампи на штета на Македонците и мислам дека во случај да се трампаат со Монструм нема да помине така лесно кај гласачите за разлика од амнестијата.
Нема да помини така лесно, единствено само заради тоа што е посвежо сеќавањето... ама кај овој народ секое чудо за три дена. Министерството за правда е во раце на ДУИ, така да немој да те чуди уште еден испад на ДУИ за кој ДПМНЕ повторно нема да знае!
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.403
Поени од реакции
9.034
И дваесет и пеесет да поминат.Тероризам не се амнестира во ниедна земја во свет.Тероризам и ѕверства не застаруваат и е спротивно на меѓународното право.Баткава вчера искочи и кажа дека нема да дозволел да се гази достоинството на Македонците.Во ред,ама за 6 години два пати го погази,колку што не е погазено никогаш.Амнестијата и Слупчане.Немаше ни достоинство да го избрка Бесими.Друго,јас не велам дека он ќе го амнестира Монструм,лично не верувам,но ништо веќе неможе да ме зачуди,затоа што народецот во Македонија брзо заборава.Јас стварно незнам која е таа генетска разлика од пред 100 години,кога било турско ропство,потурчување,асимилација и сл.Тие луѓе биле Македонци,пиреј!Па денес за едно вработување во администрација си ќутат ко пи*иња,иако знаат дека не оди работава и упорно те убедуваат дека се е розево.Ти вика абе не е скапа струјата или па сегде е така,ти вика не вози кола вози точак.Толку се укочивме,што веќе космодиск не помага.Ебати владата каде што за 6 години нема поднесено ниеден министер оставка.Или се богови/безгрешни или живееме во недемократско општество.Наредниве избори си седам дома,немам за кого да гласам,отидоа сите опции,мислев дека овој има карактер,ама изгледа има тежок грб кога ги истрпе сите самари на Аљи.Пуста фотеља на која сака да седи силно инаетливо магаре.
da zboruvame realno, bez namera da gi branam ovie od DPMNE ama tie samo ja oficializiraa realnosta,a toa e deka radi mir vo kukata ja oficializiraa amnestijata koja bese zavrsena rabota ama nikoj ne sakase da ja prezentira i ne skase da ja cepka veke 10 godini,ako nekoj misli poinaku sekogas moze da gi otvori tie prasanja, ama tie sto se najglasni vo momentov ( sdsm ) nisto ne napravija vo nivniot mandat da gi otvorat tie prasanja tuku begaa kako gavol od temjan.....
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.968
da zboruvame realno, bez namera da gi branam ovie od DPMNE ama tie samo ja oficializiraa realnosta,a toa e deka radi mir vo kukata ja oficializiraa amnestijata koja bese zavrsena rabota ama nikoj ne sakase da ja prezentira i ne skase da ja cepka veke 10 godini,ako nekoj misli poinaku sekogas moze da gi otvori tie prasanja, ama tie sto se najglasni vo momentov ( sdsm ) nisto ne napravija vo nivniot mandat da gi otvorat tie prasanja tuku begaa kako gavol od temjan.....
Без разлика дали СДСМ или ДПМНЕ... амнестирањето на воените злосторници беше осудено од многу странски организации. Само што тоа не излезе на вестите на Сител и Канал 5.

Ради мир во куќата?! Е ај сега ради мир во куќата и на УЧК нека му дадат пензии?

Мислам која логика е таа, ради мир во куќата??

- Никогаш не сум се пазарел за хашките случаи. Тоа се судски случаи. Информиран сум дека тие се во судска процедура - изјави Груевски во септември 2010 година, по обраќањето до нацијата за сработеното во изминатите четири години.

Ако има паметен народ во оваа држава, треба да ги казни и ДПМНЕ и СДСМ еднаш за секогаш!
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
... ќе гледаме како собрание ќе гори.
Да го видам ова со свои очи нема да верувам.
Ама добро, барем мирно ќе си умрам, знаејќи дека останала тронка самопочит во нашиот жален народ, и не заради грците или не знам кој, заради гнасите што седат во тоа собрание.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Читам коментари и некој од нив се стварно детски и неиздржани, значи се гледаше дека оваа коалиција на Вмро и Дуи од 2011 година не е иста од таа во 2008година, од 2008 до 2011 Груевски имаше мнозинство во парламентот а и Дуи беа мирни како јагниња немаше ни испади, немаше ни мрчење од Дуи, откако Вмро го изгуби мнозинствотот освои 56 пратеници а му требаа 63 за мнозинство , јасно беше дека не можат сами да формираат Влада е сега ситуацијата е поинаква не само што не можеше влада да состави без коалиција со Дуи, туку и ден денес ако не гласаат и од Дуи заедно со Вмро не може закон да помине(помина времето од 2008-11 кога можеа и сами да излгасаат закон), е сега зошто позицијата на Вмро е видно ослабена во однос на порано силата и моќта на уцени на Дуи е поголема, првин се договорија да има да дадат автентично толкување на законот ( што не е ништо друго туку тргање на мувата на капата на Дуи за сопирање за судски процеси кој се водееа против нив за 2001) за регуларен попис, според мене доста наивен потег, и го попушеа, во изминативе последни месеци се изнаслушавме и од Дуи и од Дпа дека рамката за рамковниот треба да биде проширана и албанскиот јазик да стане службен јазик во цела Македонија а не само каде што се над 20% , после менување на химна , на грб, буџетот да се подели за албански и македонски и скоро се да се гласа со бадентер, на овие изјави и Вмро и СДСМ беа претежно тивки, а имаше и уште еден скандал кој никој на форумот не го спомна а тоа е дека албанците го ослободиле Скопје што не е точно и тоа во нашиот парламент го изјави претседателот на Албанскиот парламент што е кршење на суверинитето и интигиритетот на Македонија Вмро и СДСМ беа прилично мирни кој не се сеќава на дешавката еве линк http://www.mkd.mk/25847/svet/topali-spored-vechernje-novosti/ , а ова со слупчане ја прелеа чашата зошто од сите овие инциденти Вмро трпеше штета на рејтингот, и на кредибилитетот и искачаа мекуши мораа да возратат со нешто уште појако што ќе им ги затне устите на Дуи , и ќе им го обели образот тоа беше законот за бранителите логиката беше чим вие не се приджувате да не провоцирате ни ние нема да се воздржуваме, и од ова нема повлекување или Вмро ќе го помине законот со гласовите на СДСМ или ако не помине законот односно Вмро се повлече од него рејтингот на Вмро ќе се преполови и така на големо ќе си ги намалат шансите за победа на следните избори, детски и наивни се муабетите дека Вмро и Дуи се договориле , кога ни Вмро го заболе за Дуи ниту Дуи го заболе за Вмро, пред два дена даваа изјави од Дуи дека ќе ја напуштат владата , откако вчера отидоа во Американската амбасада ги смирија нивните страсти. односно Дуи не доби дозовола од Американците да искочи од влада , да добиеше дозвоал уште утре ќе искочеше од владата, во право беше Мирка Велиновска во едно нејзино интервју кога кажа Дуи ќе ја напуштат владата само ако Американците го побараат тоа од нив, очигледно дека на Американците не им одоговара да падне владава затоа што , малку веројатно е ДУИ и ДПА заедно со 30 пратенивци и СДСМ со 40 да формираат влада , затоа што таа влада пола министри ќе бидат рамковни и инциденти како слупчане на квадрат ќе има, а патијата со највеќе добиени гласа и пратеници само она да е надвор од влада што е нонсес друга опција се парламентарни избори предвремени каде што , од една страна народот го има изборот на Бранко+Љупчко+Taчи( едниот симбол за пропаста на македонија,друг за бугарофил и еден балист кој сонува за голема албанија) да таа е коалицијата и изборот а од другата Вмро дел од народот без разлика што не се сголасува со се што прави Вмро пак на него ќе му ја даде подршката , слична како што доби 2008 год, а дали пред предвремени избори со помош на СДСМ ќе го протурка законот или после изборите сам ќе го протурка законот веќе нема да е толку битни прашање, но таквата влада на Вмро каде што сам ќе си формира влада нема да им одговоара ни на СДСМ ни на ДУИ ни на Дпа , а најмалку на америакнците зошто нема да имаат маша за подбоцнување како што пример сега е Дуи. Така да ако не беа убедени дека ќе победат убедливо на евентуралните предвреени избори немаше Вмро толку самоуверено да кажува какви биле добри нивните односи со Дуи од 2008-11 а сега последнава година не се добри и дека има криза, и дека не сакаат избори но ако сака Дуи дека нема проблем спремни се да идат на предвремени избори во услови кога треба да се усвои законот. Мое мислење е дека ќе помине законот за бранителите и веднаш потоа Дуи ќе искочи од владата, не е исто Вмро да оди на предвремени избори со поминат закон за бранители и без поминат закон за бранители тоа може да биде разликата дали ќе освојат мнозинство во парламентот или нема да освојат.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Не треба да си видовит за да ги предвидиш потезите на коалицијата на власт.
2013 е година кога ќе удри жестоко за нив ако се на власт, оти доспеваат за враќање милиони и милиони евра кои ги земаа како заем за покривање на буџетски дупки за плати на администрација.
Монструмот од администарција кој се пумпа безмилосно и веќе не се одржува, нема пари.
Затоа, се прави сценарио за тензија, се предлага закон за бранители кој нема да помине, што од притисок од надвор, што од бојкот од опозиција + рамковните комплет.
Ова е посакувано сценарио за ДПМНЕ, за да изгубат на најавените предвремени избори, за да за кратко време се вратат. Како? Многу едноставно:
ДПМНЕ посакува предвремени избори и се надева дека ќе ги изгуби. Опозицијата доаѓа на власт.
Веднаш се соочува со огромни долгови, и проблемот со името кое мора да се реши. Единствен спас за враќање на долговите од празен буџет е намалување (драстично) на администрацијата и повисоки давачки и даноци за граѓаните. Името е исто така жежок костен, ќе биде интересно.
Кој и да дојде на власт во тие предвремени избори , брзо ќе падне поради драстичните (но неминовни потези), нормално откако ќе ги расчисти долговите и ја стави државата на нормала, како и поради решението за името....
Тука пак ќе се јави ДПМНЕ како петриотска партија која мисли на народот....и понатаму знаете, веќе видено...до следните предвремни избори....
Македонија, мојата чудесна земја....
Баба Ванѓа роднина да не тие?
Како и да е имаш погрешна претстава
--- надополнето: 23 август 2012 во 15:52 ---
Аj припази на речникот, не си ништо поjак ако употребиш пеjоративи и навреди.
Прашање за тебе, дали албанците (месното население) ни се вистинските противници или пак политичките партии ?
Според мене и македонците и албанците се манипулирани по договор од владеачките партии за меѓусебно да се создава омраза такашто прстот никоj нема да го впери кон партиите туку кон албанците (или македонците гледано од албанска страна). Мета им се напалени деца како тебе, очигледно идеологиjата им функционира перфектно.
Кои навреди и пејоративи бе детиште едно ама не сум јас крив што толку ти е капацитетот!!!
Одговор за тебе.
Со староседелците нема поголеми проблеми.Проблем претставуваат 150 те илјади државјанства кои што ги подели фрчко и оние останати од конфликтот 1999 година и тие се најголеми противници и непријатели на меѓусебно раскараните Македонци.Се разбира влијаат и на дел од староседелците.
Точно,мета им се неписмени детишта како тебе со мал капацитет кои се подложни на манипулација со едно лижавче.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Баба Ванѓа роднина да не тие?
Како и да е имаш погрешна претстава
--- надополнето: 23 август 2012 во 15:52 ---

Кои навреди и пејоративи бе детиште едно ама не сум јас крив што толку ти е капацитетот!!!
Одговор за тебе.
Со староседелците нема поголеми проблеми.Проблем претставуваат 150 те илјади државјанства кои што ги подели фрчко и оние останати од конфликтот 1999 година и тие се најголеми противници и непријатели на меѓусебно раскараните Македонци.Се разбира влијаат и на дел од староседелците.
Точно,мета им се неписмени детишта како тебе со мал капацитет кои се подложни на манипулација со едно лижавче.
:pos: ѕвер
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
treba i za ovie nekoj zakon ..nasite se brave vo afghanistan
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.403
Поени од реакции
9.034
Без разлика дали СДСМ или ДПМНЕ... амнестирањето на воените злосторници беше осудено од многу странски организации. Само што тоа не излезе на вестите на Сител и Канал 5.

Ради мир во куќата?! Е ај сега ради мир во куќата и на УЧК нека му дадат пензии?

Мислам која логика е таа, ради мир во куќата??

- Никогаш не сум се пазарел за хашките случаи. Тоа се судски случаи. Информиран сум дека тие се во судска процедура - изјави Груевски во септември 2010 година, по обраќањето до нацијата за сработеното во изминатите четири години.

Ако има паметен народ во оваа држава, треба да ги казни и ДПМНЕ и СДСМ еднаш за секогаш!
Колку беше амнестијата осудена не мора да кажат Сител и Канал 5, се знае уште кога ги вратија случаите од ХАГ, од тој момент беше све јасно дека ништо нема да биде од тоа, наместо тие фино лепо да ги осудат и све да помине лесно, тие ни ги вратија тука како темпирана бомба.

Инаку јас не ја оправдувам таа логика РАДИ МИР ВО КУКАТА туку кажувам како кај нас се размислува и размислуваше, еден ден, се надевам порано него покасно,таа пракса ке престане без разлика кој се уценувањата и која е цената, пошто рамковниве браќа се тотално невоспитани и не знаат за доста.
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.968
Колку беше амнестијата осудена не мора да кажат Сител и Канал 5, се знае уште кога ги вратија случаите од ХАГ, од тој момент беше све јасно дека ништо нема да биде од тоа, наместо тие фино лепо да ги осудат и све да помине лесно, тие ни ги вратија тука како темпирана бомба.

Инаку јас не ја оправдувам таа логика РАДИ МИР ВО КУКАТА туку кажувам како кај нас се размислува и размислуваше, еден ден, се надевам порано него покасно,таа пракса ке престане без разлика кој се уценувањата и која е цената, пошто рамковниве браќа се тотално невоспитани и не знаат за доста.
Оф мори мајко :facepalm:

Тоа што ни ги вратија случаи во Македонија, не значи дека требаше да се разрешат со политички договор! Досега има многу случаи кои биле вратени од Хаг, но сите добиле судски завршеток, а не политички!

Таков е примерот во Хрватска со Томислав Марчел, против кого Хрватското обвинителство покрена обвинение!

Го екстрадираја првообвинетиот Ш. И. по 7 години, по кого беше распишана потерница, а Германската полиција си обработи професионално. Во Април 2011, Ш. И. беше пуштен да се брани на слобода, за по 3 месеци да биди и амнестиран?!

Меѓу обвинетите беше и пратеникот на ДУИ, Хисен Џемаили (ете кај лежи зајакот)... Значи ВМРО-ДПМНЕ е „згрозена“ од чинот на Бесими, кој се поклони пред споменик на УЧК, а не е згорзена што во собрание седи пратеник со кого тие се во коалиција, а е обвинет за злосторства против човештвото?!?!?! :confused:

Мааа немој да ме јебеш бре... само рејтинг ги интересира ништо друго!
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
183
Поени од реакции
290
Баба Ванѓа роднина да не тие?
Како и да е имаш погрешна претстава
Не бе, нема врска, онака лупам...:)
Туку, најискрено, сакам власта да победи на евентуални предвремени избори, да биде на власт идната 2013 година. Ќе биде многу весело, ќе ја паметат долго....;)
 
B

Black Guard

Гостин
Колку беше амнестијата осудена не мора да кажат Сител и Канал 5, се знае уште кога ги вратија случаите од ХАГ, од тој момент беше све јасно дека ништо нема да биде од тоа, наместо тие фино лепо да ги осудат и све да помине лесно, тие ни ги вратија тука како темпирана бомба.
.

Ни ги вратија тука за да не тестираат-дали сме правна држава,дали ИМАМЕ судски СИСТЕМ,дали истиот функционира самостојно или под диктат-и беа во право-не сме демократска држава,наместо осуда и казна на воени злочинци ние ги амнестираме(газејќи врз меѓународното право и нашиот устав) а власта по некоја чудна логика телепатски делува Х случаи да завршат брзо анекои да траат години.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Груевски е лажен патриот,така и ќе остане..
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Заради ова во последните 3 месеци има закани за Македонците во Авганистан
Да закон за враќање ни треба.

Пред некој ден на сител имаше изјава од министерот за одбрана дека нашите војници ја одработувале ПАТРИОТСКАТА ДОЛЖНОСТ во Авганистан.:facepalm:

Каква должност патриотска бе во Авганистан? Како окупатори.Ми идеше да го фрлам телевизорот од тераса.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom