Свекрва / мајка - како ги нарекувате родителите на вашиот партнер?

  • Креатор на темата Креатор на темата ragazza
  • Време на започнување Време на започнување
Кило сол ќе изедам, ,,мамо,, и ,,тато,, на некои што не ми се родители, не викам.
Глупа традиција не почитувам. Си имаат име, не им е за џабе дадено.
Или таман работа мене ,,снао,, да ме викаат. :tapp:
A како ќе те викаат, по име? Снајката, снаата,таа шо му го испи умоти слични ти такви имиња
 
Кога не сум со нив како сакаат нека ме викаат. Кога ми се обраќаат, имам име.
Еднаш на зезанција почнаа снајке, снајке, јас им објаснив дека ми пречи. :)
 
Nitu mu se na mazot roditelite na zenata baba i dedo, nitu pak roditelite na mazot se nejzini majka i tatko. Imeto i obrakanje na "vie" e sosema dovolno.

Abe vaka koga ve citam " Maleckata nevesta" ispadnavme...:rolleyes:
 
Не ме родила па мамо да ја викам се знае кој ме родиле растеле образувале хахахха МРАЗАМ ТРАДИЦИОНАЛНИ И ПЕТРИЈАРХАЛНИ ЛУЃЕ!!!
 
Зборот Мамо или Тато е израз на почит. Но се сложувам дека некако е претерано. Мислам дека оригинално се викало Мајко и Татко за родителите од мажот ти, а мамо и тато за твоите лични. Ова го научив од едни мои пријатели од Албанија (македонци де...) и навистина има смисла, ви предлагам идни снаи да размислите за овој облик. Доволно е неутрален, и прави разлика меѓу вистинските родители и родителите од сопругот, а сепак изразува почит.

Во секој случај ми е во најмала рака невкусно, грдо, и во крајна сметка дури и простачки, да ги прозиваш луѓето на име, како да се којгоде, ојлевци-дојлевци а не родители од мажот/жена ти.

Секако на крај е личен избор, вашиот однос со свекрвата/свекорот е пред се ваш. Не заборавајте, еден ден и вие ќе бидете на нивно место. Бог знае што мода тогај ќе испадне, па да се видите дали тоа ќе ви смета тоа во улога на свекрва. Да ви цитирам една реченица од еден виц, „Амори пријателке како се сменија времињата, порано кога ние бевме млади свекрвите беа лоши, сега снаите се за никаде !“
 
Во секој случај ми е во најмала рака невкусно, грдо, и во крајна сметка дури и простачки, да ги прозиваш луѓето на име, како да се којгоде, ојлевци-дојлевци а не родители од мажот/жена ти.

Од вакви ко тебе страдаат држави, претежно во блискиот исток...
Ти значи поддржуваш лицемерие пред искреност каде не постои виша причина за истото?
:facepalm:
:tapp:

25302417.jpg
 
Види мајката , чудно нешто како ли Македонија и Македонците не исчезнале од ова невидено лицемерие до денес а почнаа да исчезнуваат откако , вака класно се освестивме????
 
Не се исчезнува ама се заглупува...
 
Од вакви ко тебе страдаат држави, претежно во блискиот исток...
Ти значи поддржуваш лицемерие пред искреност каде не постои виша причина за истото?
:facepalm:
:tapp:

25302417.jpg

апсолутно ! Простак е човек без култура, човек кој не ги познава или почитува јавните норми за однесување во општесвото. Некултурно е на учителот (професор, наставник, именувај го како сакаш) да му обратиш на име. Простачки е на (бившиот) претседателот на државата да му се обратиш со „дедо Киро“. Некултурно е на баба ти да и се обратиш на име, а не со „бабо“. Примитвно е на непознат човек да му се обратиш со „Еј ало, ..“ или „Абе, ..“. Вообичаено е постарата сестра да и се обратиш со „дадо“ а на постарио брат/братучед со „бат(к)о“.Тоа се општесвените норми кај нас.

И да некултурно е на мајката на твојот сопруг да и се обратиш на име. Да и се обраќаш со Вие (да персираш) и тоа не го бива. Да се обраќаш со „тетка“ и „чичко“ пак не ми личи. Или ќе избегнуваш да викаш „мамо, тато“ во секоја прилика каде можеш, или ќе легнеш на брашното, или ќе викаш мајка и татко (што покажува некоја динстанца од преличното мамо и тато), или на име.

Но како што реков, работите се индивидуални. Викај си ги ти како сакаш и ич да не ти дреме ! Ах да, ожени се прво. Дотогаш сметај го ова како чисто филозофска/теоретска расправа за тебе.
 
Ова ти беше најјако! Браос :pipi:

апсолутно ! Простак е човек без култура, човек кој не ги познава или почитува јавните норми за однесување во општесвото.

Да ги нарекуваш родителите на алфа мажјакот "мама" и "тато" е почитување на јавните норми за однесување во опшеството??Ма немој да ме јебеш бре...
И викаш да се оженам прво а? Демек вие во брак нешто поИше од нас сте сакаш да кажеш. Јас имам приметено (и не само јас) дека во брак се затупува, а посебно кога мажот (често заедно со родителите психо/физички те злоставуваат), а дома ти викаат да не се враќаш оти срамота било што ќе речеле луѓето...

Него џабе муабет прајме. Ова сметај го како психолошко/теоретска расправа за тебе.
 
апсолутно ! Простак е човек без култура, човек кој не ги познава или почитува јавните норми за однесување во општесвото. Некултурно е на учителот (професор, наставник, именувај го како сакаш) да му обратиш на име. Простачки е на (бившиот) претседателот на државата да му се обратиш со „дедо Киро“. Некултурно е на баба ти да и се обратиш на име, а не со „бабо“. Примитвно е на непознат човек да му се обратиш со „Еј ало, ..“ или „Абе, ..“. Вообичаено е постарата сестра да и се обратиш со „дадо“ а на постарио брат/братучед со „бат(к)о“.Тоа се општесвените норми кај нас.

И да некултурно е на мајката на твојот сопруг да и се обратиш на име. Да и се обраќаш со Вие (да персираш) и тоа не го бива. Да се обраќаш со „тетка“ и „чичко“ пак не ми личи. Или ќе избегнуваш да викаш „мамо, тато“ во секоја прилика каде можеш, или ќе легнеш на брашното, или ќе викаш мајка и татко (што покажува некоја динстанца од преличното мамо и тато), или на име.

Но како што реков, работите се индивидуални. Викај си ги ти како сакаш и ич да не ти дреме ! Ах да, ожени се прво. Дотогаш сметај го ова како чисто филозофска/теоретска расправа за тебе.

Е да, индивидуални се овие работи. Мене на пример, мама и тато ми значат толку многу, што никогаш нема да ги заменам со други двајца или еден. Со самото обраќање на некој таму со мамо и тато, се заменуваат родителите и точка. Демек земаш презиме од мажот, преминуваш во негово власништво, па со тоа и во нивно и како таква треба да им се потчиниш како да се којзнае колку и по што посебни, па да ги нарекуваш мама и тато. Никогаш!
Имињата не прават ништо. Мама секогаш вели... и со "Еј ти" нека ми се обраќа, ама да ме почитува. И јас така мислам. Џабе да кубиш коси со мама и тато, ако не ги почитуваш и ако ги мразиш најмногу на свет или па да им ги правиш најголемите проблеми со синот или општо цела фамилија. Од такви лигави снајки, ќе пропадне светов еден ден.
Или па обратно. Со ќерко да ми се обраќа... Ќе ми се повраќа на секое. Абре имаме имиња сите. Од кога се толку неважни или навредливи? :confused:
Јас имам во себе доволно култура за да не им се обраќам по име без персирање или било каков знак на почит, но затоа има надимаци или тетко, чичко, што нели од култура се користат кога се обраќаме на повозрасен човек. Значи тие се само тоа... повозрасни луѓе кои ги почитуваме повеќе од другите затоа што се родители на нашиот партнер. Ни помалку, а ни повеќе од тоа.
Мамо, тато... да бе.:facepalm:
 
Е да, индивидуални се овие работи. Мене на пример, мама и тато ми значат толку многу, што никогаш нема да ги заменам со други двајца или еден. Со самото обраќање на некој таму со мамо и тато, се заменуваат родителите и точка.

Сигурно и кога ќе и речеш тетке на продавачката од пиљара ја заменуваш сестра ти на мајка ти...
Ме интересира како ги викаш старите од 70 до смрт...Баба или Госпоѓа?
 
Е да, индивидуални се овие работи. Мене на пример, мама и тато ми значат толку многу, што никогаш нема да ги заменам со други двајца или еден. Со самото обраќање на некој таму со мамо и тато, се заменуваат родителите и точка. Демек земаш презиме од мажот, преминуваш во негово власништво, па со тоа и во нивно и како таква треба да им се потчиниш како да се којзнае колку и по што посебни, па да ги нарекуваш мама и тато. Никогаш!
Имињата не прават ништо. Мама секогаш вели... и со "Еј ти" нека ми се обраќа, ама да ме почитува. И јас така мислам. Џабе да кубиш коси со мама и тато, ако не ги почитуваш и ако ги мразиш најмногу на свет или па да им ги правиш најголемите проблеми со синот или општо цела фамилија. Од такви лигави снајки, ќе пропадне светов еден ден.
Или па обратно. Со ќерко да ми се обраќа... Ќе ми се повраќа на секое. Абре имаме имиња сите. Од кога се толку неважни или навредливи? :confused:
Јас имам во себе доволно култура за да не им се обраќам по име без персирање или било каков знак на почит, но затоа има надимаци или тетко, чичко, што нели од култура се користат кога се обраќаме на повозрасен човек. Значи тие се само тоа... повозрасни луѓе кои ги почитуваме повеќе од другите затоа што се родители на нашиот партнер. Ни помалку, а ни повеќе од тоа.
Мамо, тато... да бе.:facepalm:
Не си ти крива , што си таква . А и слободата на изразување со закон е загарантирана , затоа само напред !!!
 
Сигурно и кога ќе и речеш тетке на продавачката од пиљара ја заменуваш сестра ти на мајка ти...
Ме интересира како ги викаш старите од 70 до смрт...Баба или Госпоѓа?
Се` постаро од мене викам тетка или чичко. Поопшт поим ми е од мајка и татко и не ја тупи за џабе. Ништо нема да ми докажеш со таквите споредби.

Не си ти крива , што си таква . А и слободата на изразување со закон е загарантирана , затоа само напред !!!
Ни ти што си толку ограничен и извини ме на францускиов - малку подзаостанат.:oops:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom