ДУИ бара во законот за бранители да влезе и ОНА

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Еј,замислете вмро и сдсм да станат коалициони партнери..
O_O
Како би врвела Македонија?
Тогаш можат слободно да не ебат,барем наши ќе бидат..
Заедно можеме,сите Македонци заедно!
СТАНЕТЕ,ВИ ГАЗАТ ПО ДОСТОИНСТВО.
Прегледај го приврзокот 47923
Е друже кога партиите Македонските национални интереси ќе ги стават пред партиските , Македонија ќе биде цврста и стабилна. Ама искрено со оваа гарнитура што е во опозиција не ми се верува дека ќе го направи тоа , се сеќавам добро ако тогаш бев малолетник дека после војната на парламентарните избори 2002 тогашното Вмро му понуди на Сдсм него да го земе за коалциски партнер во владата само да не склучува коалиција со терористите сега претопени во Дуи, Сдсм тогаш Дуи го одбра за коалициски партнер ,резултатот беше давање права и повеќе од што пишува во рамковниот договор, дозволување да се вее албанското знаме(кое е знаме на Албанија и фактички секој правен експерт што поим нема од Историја ќе мисли дека една четвтина од земјата е во Албанија бидејќо знамето претставува кој владее на таа територија), после територијалната поделба со која се направија вештачки Скопје со над 20 % албанско население само за да стане албанскиот втор службен јазик во Скопје без разлика на тоа што се припоија села со одалеченост од 25км .А Струга вештачки се направи со над 50% албанско население, албанското население таму стана за првпат доминатно( да не заборавиме дека оваа гарнитура што е на чело на СДСМ го бојкотираа референдумот против оваа територијалната поделба што беше една од главните причини што не успеа) ,освен лошата економска политика што беше водена од СДСМ ова беа едни од главните причини што СДСМ изгуби 2006. А да прифатеше тогаш СДСМ коалиција со Вмро многу од овие лоши работи за Македонија немаше да се случат. За разлика од СДСМ , Вмро две години избегнуваше да влезе во коалиција со Дуи па дури откако Дпа искочи од тогашната влада и се случија парламентарните избори 2008 тек тогаш Дуи влезе во коалиција со Вмро ама тогаш Дуи беа како јагниња затоа што Вмро имаше просто мнозинство во парламентот со 63 пратеници они тогаш можеа и сами да формираат влада без да коалицираат со никого, откако се случија парламентарните избори 2011 Вмро го изгуби парламентарното мнозинство има сега негде околу 54 пратеници , Дуи почна со уцените и нападите прво пописот а сега ова со слупчане, а и да опстане оваа коалција се поголеми ќе бидат уцените на Дуи уште пред некој месец се најавува да се прошири рамковниот договор со тоа што албанскиот ќе стане службен јазик на цела држава а не само каде што се над 20% , после ,менување на химната , после и буџетот да се гласа по бадентер , и уште многу други отстапки. На мака се познаваат јунаците ова е прилика за Вмро да покаже дека се созреани за овој предизвик или ќе бидат бледа копија на Сдсм.
 
Ф

ФилипМакедон

Гостин
Ни спремаат театар...според мене добар начин да си ги исперат своите неуспеси во раководењето на државата(корупција,бирократија,економско стагнирање,непотизам и кршење на законите)...знаат дека идат избори,па немајќи што да понудат ни продаваат национални идеали,Грујо сега ке изигрува "војвода кој силно им се спротиствавува на терористите",ке го донесат законот за бранители првично без амадмани(затоа што ако го додадат предлогот на Ахмети,ке го нема Грујо оној ефект на војвода и на спротиставувач),додека Ахмети најверојатно ке ја напушти коалицијата под изговор дека не се прифатени неговите предлози за измени во законот за бранители,со што со тоа на Албанците ке им продава филм дека тој е борец за албанските интереси и албанските идеали...по некое време откако ке завршат изборите,ке седнат Грујо и Ахмети,ке си се договорат,ке си ги поделат "фотељите",законот за бранители ке претрпи измени(во корист на Албанците) под изговор дека е време за помирување ,повторно Грујо и Ахмети во коалиција,и повторно оној филм за соживот во етерот на медиумите...
Но кога ке размислам подобро,Грујо и Ахмети мораат вака да играат ваква смешна игра,бидејќи кај народот има ваква наивна политичка побарувачка,па сходно потребите,политичариве продаваат вакви сценарија...
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
да се сега паметни вмровциве.. и комуњариве воедно... нека напушти дуи коалиција па нека с спојат вмро и сдсм (што е невозможно ама ајде...) па албанските партии нека си напраат нивна коалиција. да видиме кога ке ојдат тогаш они на власт..


ова би био најдобро можно сценарио според ситуацијава ама во пракса невозможно за жал...
 
B

Black Guard

Гостин
ова би био најдобро можно сценарио според ситуацијава ама во пракса невозможно за жал...
Возможно е кога државата е пред ќор сокак и ѕид а ѕид со глава не се руши-тоа би било партија на единство но проблем е менталитетот,па функциите расправи за закони и на крај краеви вмбло вакво какво што е без ДУИ е само средена партија-не е веќе она што беше и јасно им е,помина времето на лоботомија ама што правиме со илјадници паразити кои не работата а земаат плата(околу 7000 и околу 12 000 кои се пикнати по јавни фирми мада нема потреба од нив),ако се отпуштат 5000 албанци кои не работат а земаат минимум 300 евра ќе се бунат исто и со македонциве а па исто е и со тие кои прчат кур на работа од портири до измислени советници,агенции и.т.н

Тешко нас ама и заслужуваме,крах е евидентен единствен фактор кој може да спречи конфликт е САД и НАТО а нив им одговара безбедна и сигурна,стабилна Македонија но на нашиве лопови не им одговара па оттука на странциве им е повеќе гајле за Нас отколку што на патлиотиве за државата,Погледнете ги донациите од САД-над 100 милиони долари вклучително и во армијата(радари за движење и сл0 па од Германија(единствена држава која има хермелин(оти не е за извоз а закон оклопњак е) и турција кои покрај воена даваат и финансиска помош,тука се шведска,Кралството Норвешка исто така и Холандија со скоро 50 моилиони,Јапонската империја...Иронија странциве ни ги доградуваат и прошируваат болниците,образовните центри,колектори,системи за чиста вода и дел инфраструктура а нашиве дрн дрн 300 милиони на бронза-иронично Јапонската империја оддалечена над 10 000 километри донира константно во Р.М а ние им пративме само смешни 100 000 евра наместо да понудевме тим од АБХО.

Еденх ден ќе им здосадиме на странциве и како што кажав ќе добиеме статус на фактор за нестабилност па лесно е да бидеме протекторат а и мнемора градење бондстил-го имаме криволак каде моментално и НАТО вежба.
 

Castor

Ќесеџија
Член од
2 мај 2012
Мислења
481
Поени од реакции
960
Ова е чисто колку да се замачкаат очите после Слупчане,као демек Аљи ќе бара,Гујо нема да му даде,демек јак е,рејтинг ОП,Аљи ќе свитка опаш.Ама ова вака нема да му дава дур се лади железото и се дур Аљи стварно не му побара,на "нивен" заеднички начин(Местенка на некои Албанци во планина, акција на полицијата,убиени десет шиптара,запленето оружје,муниција, униформи, канабис,џихадски книги,брејкинг њуз,Латас става помаранџеста кравата,Аљи ќе ја поздрави акцијата,Грујо ќе им даде пензија,ќе се створи 'армонија=демек win win=всушност win за нив /lose за нас)Толку е просто и едноставно,што веќе десет годишно дете може да ја испланира работата.Чим Бесими метро и желбана за растење,не доби клоца,да си знаеме дека Гујо у државава е никој и ништо.
 

M.O.P.

Niggaz were born to kill
Член од
27 јануари 2012
Мислења
1.435
Поени од реакции
1.305
Среда, 22 Август 2012 14:57​

Постои криза во владината коалиција како резултат на промените во однесувањето на дел од раководството на ДУИ, по одржувањето на последните парламентарни избори кое не се однесува коректно како што се однесуваше во минатото, а врв е настанот во Слупчане. Подготвени сме за предвремени избори ако ДУИ оцени дека тие се потребни иако не ги посакуваме, изјави денеска премиерот Никола Груевски.



- Во тие три години претходно ДУИ како коалиционен партнер го сметавме како партија која држи до зборот и коректно се однесува во однос на она што е договорено. И ние се трудевме исто така коректно да се однесуваме во однос на тоа што е договорено. Во оваа една година дел од нив дали затоа што чувствуваа дека мнозинството во Парламентот ВМРО-ДПМНЕ го нема оти има 56 пратеници и на некој начин мнозинството го покрива ДУИ со нивните пратеници, дали заради нешто друго не знам, има отстапувања од онаа пракса која што ја имаше ДУИ. Јас на неколку пати разговарав со претседателот на таа партија во минатите неколку месеци. Укажав на тоа дека одредени поединци несоодветно се однесуваат и ова веројатно беше врв на едно такво некоректно однесување кое не придонесува ниту за остварување на целите на ДУИ, ниту за остварување на некои важни работи за Албанците во Република Македонија, туку само придонесува за создавање тензии. Така што на вашето прашање дали постои криза, секако дека постои, рече Груевски по отворањето на новиот транспортен еко-систем за отпепелување во РЕК „Осломеј“.

Тој истакна дека Владата функционира во полн состав и оти по брифинзите на ДУИ доколку таа партија оцени дека такво нешто е потребно ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за предвремени избори.

- Ние не ги посакуваме, но ВМРО-ДПМНЕ е подготвена и за таква опција доколку ДУИ повлече таков потег, рече Груевски.

Според шефот на Владата, за него од исклучително значење е да се задржи чесноста во односот со кој било со кој се во партнерство.

- За нас е исклучително важно да го зачуваме нашето достоинство и образ и достоинството на македонскиот народ и на граѓаните на Република Македонија. И нема ниту една цена што сме подготвени да ја платиме за да се згази достоинството на граѓаните на Република Македонија, како што имаше обид тоа да се направи со случајот во Слупчане. Ние имаме добиено минатата година поддршка од мнозинството граѓани во наредните три години да ја водиме Владата според Програмата која што е зацртана и тоа сакаме да го правиме и ќе настојуваме да го правиме. Меѓутоа, ако некој смета дека цената за тоа треба да биде кршење на нашето достоинство, понижување на нас и на нашите граѓани, тоа нема да го дозволиме. Ние не сме партија што сака власт по секоја цена или, пак, што ќе издржи некое партнерство по секоја цена. Ние не сме СДСМ и не може да не сметаат дека ние сме Бучковски и Црвенковски па ако немаме мнозинство во Парламентот дека ќе потклекнеме на некакви уцени, понижувања или било што. Ние сме подготвени доколку е тоа потребно во секој момент да излеземе на избори. Иако повторувам не ги посакуваме бидејќи тоа ќе значи одредена дефокусација во одреден период, се со цел да не дозволиме создавање на тензии, на какви било понижувања од некого за некого и нечесни односи во една коалиција, или, пак, рушење на нечие достоинство. Ние како партија не сакаме да рушиме ничие достоинство, ние сакаме да ги почитуваме сите, сите етнички заедници, сите граѓани во Република Македонија и не сакаме да си поигруваме со чувствата на другите етнички заедници. Меѓутоа, доколку некој друг тоа сака да го прави и ако смета дека на тој начин ќе постигне одредени политички поени, мислам дека го промашил партнерот во овој случај. ВМРО-ДПМНЕ не е партнер кој на некому ќе му дозволи којшто на некој ќе му дозволи да го гази, понижува и да си игра со неговите чувства и достоинство, рече премиерот Никола Груевски.


ПА така малце покажи зуби Грујо,или пак не залажува што мислите???
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.536
Поени од реакции
17.951
Што ве гледам чудни,дали стварно мислите дека дуи ќе ја напушти власта?нормално дека нема,туку со ова само вршат притисок,ако са толку сериозни у намерата до сега ќе излезеа со јавно соопштение.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.399
Поени од реакции
9.025
Што ве гледам чудни,дали стварно мислите дека дуи ќе ја напушти власта?нормално дека нема,туку со ова само вршат притисок,ако са толку сериозни у намерата до сега ќе излезеа со јавно соопштение.
ДУИ ако излезе сега сигурно нема да биде дел од наредната влада, затоа сега малку ке се поднапучи Али и ке го прими до грло, ке испуши некој кур и друг пат да не му текне да бара преку леб погача, малку му беше амнестијата, Кале, и еден куп други глупости па не знаеше да речи доста е, е сега навистина му е доста, нема да биде дел од наредната власт и плус кај Албанците ке биде жигосан како најзаслужен за носење на законот за бранителите,да не му си во кожа .....
 

maricka

...
Член од
2 ноември 2009
Мислења
175
Поени од реакции
486
Значи и уште ова ни фалеше, политичка криза, можност за предвремени избори итн, демек малце му е на народов од сиромаштијава, од лошата економска состојба. Секој ден е се полошо, секој ден непријатни изненадувања ни приредуваат политичарите..
Но како и да е, секако дека ќе се прифати се што бара ДУИ, било какво барање да има, за се што сака, ќе им се исполни, и се заради мирот во земјава. Ја знаат нашата слаба точка албанциве,(дека не сакаме повторно војна) па ќе го искористат тоа до максимум.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Што ве гледам чудни,дали стварно мислите дека дуи ќе ја напушти власта?нормално дека нема,туку со ова само вршат притисок,ако са толку сериозни у намерата до сега ќе излезеа со јавно соопштение.
Ќе ја напуштат пак се спремаат за нови избори сите партии затоа е толку и голема активноста.Може и да ги спојат со локалните со изговор да заштедат на средства.

Финтата е идат доста лоши времиња а СДСМ уште не можат да ги исплатат долговите од минатата пропадната кампања не па нова да организираат па Груевски сака да се врати пак на тие 70-80 пратеници за да не мора да дели толку од парите со Ахмети.А и да си има целосна власт кога ќе дојдат лошите времиња.

Али ова веќе станува трагикомично секоја година или секој две нови избори.

Се што ќе се случува во следниов период со меѓуетнички инциденти е политичка игра.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
E мора инаку пак ќе го пукаат...
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.399
Поени од реакции
9.025
Значи и уште ова ни фалеше, политичка криза, можност за предвремени избори итн, демек малце му е на народов од сиромаштијава, од лошата економска состојба. Секој ден е се полошо, секој ден непријатни изненадувања ни приредуваат политичарите..
Но како и да е, секако дека ќе се прифати се што бара ДУИ, било какво барање да има, за се што сака, ќе им се исполни, и се заради мирот во земјава. Ја знаат нашата слаба точка албанциве,(дека не сакаме повторно војна) па ќе го искористат тоа до максимум.
помина тој филм, го имаат добиено максимумот, повеќе не може да се оди без разлика која е цената, некој работи погрешно си ги пресметала.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom