Македонски лекари vis-a-vis Хипократова заклетва

А минувачите не можеле да го кренат човекот и да го внесат во болницата?
 
Итна состојба никој не ја тера да чека, не треси глупости! Е сеа тебе ако те заболел прстот и не ти се чека и сакаш да влезеш пред тој што има инфаркт нормално дека ќе чекаш подолго!
Тоа не значи дека за тоа време лекарот пие кафе!
Добро батали нема везе, докторите сите ни се на ниво само пациентите нечинат и евентуално системот.
Сите се професионални во својата работа, корупцијата и митото е мисловна именка во здравството, ама ете незнаеме зошто од некоја непозната причина сите се навртија против докторите, де хајки, де притисоци, де медиуми,па уште и министерот ги зеде на око( да не можат да си поспијат нарајат на работа),секој ден по некоја глупост на вести ке видиш од некоја болница или доктор, само фали уште некој на стрелање да го однесат. Се чудам и јас зошто??
Како ти што кажуваш сите се цвеќиња миризливи и тоа ливадски, на мравка не газат освем некои таму на рака што се бројат и што ја расипуваат убавата слика за нашите хумани доктори чиниш на сите мајка тереза можи вода да им носи по хуманост.
Или не ќе да е баш така??
 
Добро батали нема везе, докторите сите ни се на ниво само пациентите нечинат и евентуално системот.
Сите се професионални во својата работа, корупцијата и митото е мисловна именка во здравството

Во болтот сам си го одговори прашањето!
 
за тоа не коментирам дали и било гајле за тој внатре или за тој надвор, да повторам, не смеат да ја напуштаат зградата, а во зграда не спаѓа ни двор ни мор.

Да сигурен сум дека би добила отказ доколку ја напуштела зградата прекршувајќи го законот за да спаси човечки живот
 
Да сигурен сум дека би добила отказ доколку ја напуштела зградата прекршувајќи го законот за да спаси човечки живот
Абе тој човек како што лежел таму на место не може една докторка со две голи раце да направи нешто бе алооо!

Зошто постојат болници?
 
Токму заради исклучителните професионалци кои ги познавам нема да се осмелам да генерализирам во негативна смисла за лекарската фела...

Владе, споредуваш контролори на летање со лекари и нивните секојдневни професионални предизвици... или, уште полошо - ѓубреџии... не потценувам ниедна професија, ама за да ти биде аналогијата целосна, наместо модерни системи за електронско следење, сателити и навигација, на едните дај им анемометар, двоглед и расштимана радиостаница, па после дај им ги на одговорност животите на сите луѓе кои патуваат со авион - потоа, обвинувај ги за непрофесионалност, убиство од небрежност, не поединечно, туку на куп...

Реков веќе... и лекарите се луѓе, па макар колку и да биле професионалци, секојдневното соочување со смртта, не е за занемарување. Знам дека е лесно ex cathedra да се прават анализи и споредби, ама тука има и детали кои не само што не се занемарливи, туку се од исклучително значење кога носиш суд, особено кога е генерализиран...

И мене не ми се допаѓа што мнозинството лекари многу лесно препишуваат антибиотици за настинки и грипови, не ми се допаѓа понекогаш надменоста и себепромовирањето како своевидни надлуѓе, не ми се допаѓа кога треба да чекам за преглед 4 саати оти дежурниот лекар играл шах со колегата, не ми се допаѓа што лекари станаа и луѓе во потрага по општествен статус кои немаат две чисти, ама тоа е друг проблем, нели?

Бидејќи чувствувам дека ќе излезам од контекст ако продолжам да го споделуувам мојов тек на мисли, тука ќе прекинам.
Мисли си како што сакаш.
И јас исто - знам дека битката за гледаност со пласирање сензационалистички вести е бизарен начин да се оствари профит, на сметка на нечија трагедија или грешка... ама во случајов, никој нема да се запраша за совеста и честа на новинарите кои ја пренесуваат веста, оти нели, лекарите се бабарогите....
 
Абе тој човек како што лежел таму на место не може една докторка со две голи раце да направи нешто бе алооо!

Зошто постојат болници?

Болници постојат за луѓето да не умираат на 3 метра од нив.
Законите се кршат заради крајна нужда...
Реалниот свет не треба да биде ригиден и формален туку спротивно!

Сигурен сум дека во болницата не била сама, дури и да била, можела да се раздере и да ја слушнат случајните минувачи и да и помогнат да го внесат човекот внатре.
Можела и на лице место прва помош да му даде
 
Да сигурен сум дека би добила отказ доколку ја напуштела зградата прекршувајќи го законот за да спаси човечки живот
Зашто мислиш немало вакви дешавки?


Ама ајде добро сите се лекари денес, нема везе....
 
Во југославија беше подобро здравството (y) и тоа каде каде
Имаш години колку мене другар, не сме ни живееле во Југославија. А и сите викаат дека тогаш се чинело освен здраството..
 
Болници постојат за луѓето да не умираат на 3 метра од нив.
Законите се кршат заради крајна нужда...
Реалниот свет не треба да биде ригиден и формален туку спротивно!

Сигурен сум дека во болницата не била сама, дури и да била, можела да се раздере и да ја слушнат случајните минувачи и да и помогнат да го внесат човекот внатре.
Можела и на лице место прва помош да му даде
Колку што знам тоа е поликлиника, а не болница, и според мене најверојатно се работи за инфаркт, а во таа поликлиника нема услови за лекување на инфаркт!
Доста философии!
 
Зашто мислиш немало вакви дешавки?


Ама ајде добро сите се лекари денес, нема везе....

Имало? Се случило некогаш ради нужна помош некој доктор да добие отказ? :)
Во веста се вели дека персоналот бил запознаен со фактот дека пред болницата има човек во лоша здравствена состојба. Тука не само што треба да се отпуштат сите, туку и кривично да одговараат
 
Колку што знам тоа е поликлиника, а не болница, и според мене најверојатно се работи за инфаркт, а во таа поликлиника нема услови за лекување на инфаркт!
Доста философии!
Точно, еднаш во таа поликлиника кога бев да ми препишат нешто за алергија на еден човек му се слоши внатре ама лошо ептен и одма се стрча лeкар ама мораше сепак да се вика брза помош за во државна.

Nuff said.

Orion. Значи пак ќе прашам дали ви е јасно дека докторот не смее да ја напушта болницата? И кај нас и во Америка и сегде? Што ако па на некој негов пациент му се деси нешто?

Да и во Америка да се десеше ова никој немаше да одговара пошо такви се правилата. Докторот е за внатре. Е сеа кај нас што не праќаат парамедицинари по итна помош а праќаат лекари тоа е друго.
 
Колку што знам тоа е поликлиника, а не болница, и според мене најверојатно се работи за инфаркт, а во таа поликлиника нема услови за лекување на инфаркт!
Доста философии!

:facepalm:
 
Е сеа кај нас што не праќаат парамедицинари по итна помош а праќаат лекари тоа е друго.
Американскиот здравсствен систем нема пари за да прати лекар со брза помош, затоа како поевтин варијант праќаат парамедицинари. Американските лекари си го ценат трудот!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom