Рудници и
ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
- Член од
- 9 декември 2009
- Мислења
- 12.181
- Поени од реакции
- 18.258
Дали мислите дека ова се европските вредности за кои цело време секојдневно 24/7 ни трубат по телевизија, интернет, насекаде?!Дали и ние да го следиме ваквиот европски пример?Пошто нели се огледуваме на ЕУ за секоја ситница...Уште еднаш на дело дволичноста и лицемерноста на ЕУ и нејзините земји членки кога е во прашање расизам и национализам, непочитување на етнички и верски различности и слобода на говор поврзано со таа тема.И после ние сме биле лоши...
Скандал во Бугарија: навивачи на Левски расистички навредуваа свој играч, а редарите физички го нападнаа (ВИДЕО)
Скандал во Бугарија: навивачи на Левски расистички навредуваа свој играч, а редарите физички го нападнаа (ВИДЕО)
21
АВГ 2012
20:35
Голем скандал се случи во соседна Бугарија за време на мечот Левски – Ботев (член е македонскиот репрезентативец Бобан Грнчаров), кој „сините“ го добија со 3-1, откако навивачите на домашниот тим во Софија расистички го нападнаа сопствениот играч Басиле де Карвалјо. Откако нивниот простачки пир со „мајмунски извици“ и фрлање на банани заврши, Сенегалецот тргна да бара објаснување, а наместо зборови за малку ќе добиеше тупаници од редарите, кои тргнаа физички да се пресметаат.