Секојдневни злоупотреби од страна на директорите на јавните претпријатија

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување

Директоров е:

  • 1. Глуп.

    Гласови: 14 48,3%
  • 2. Не знае да пополни патен налог.

    Гласови: 1 3,4%
  • 3, Се скарал со миле.

    Гласови: 14 48,3%

  • Вкупно гласачи
    29
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Полицијата од Охрид поднесе посебен извештај против С.А.(31) од Охрид, в.д. директор на ЈП „Охридски комуналец“ од Охрид за сторено кривично дело „послужување во службата“.
Откако согласно годишниот план за јавни набавки, за потребите на ЈП „Охридски комуналец“ било набавено патничко возило „џип ландровер фрилендер“, за кое не биле уредно издавани патни налози ниту пак се водела било каква евиденција за употреба на возилото, пријавениот во јануари 2012 година, го искористил возилото за приватни потреби и заминал во Србија, без да поседува соодветни патни налози за патување во странство, се вели во соопштението.

Ниту сме глуви ниту сме слепи. вакви работи се случуваат секојдневно.Мислам на злоупотребите не на апсењето.
 
Во очите на директорите, злоупотреба на функција е само ако те фатат!
 
Добро утро :) ја откривме америка

Ова е секојдневно секој директор си се послужува со било какви средства од фирмата било тоа кола,пари итн.
 
Многу искусен бе овој за директор, па и уште со џип. Во приватна фирма на 31 година може до виш приправник да дотурка.
 
Добро утро :) ја откривме америка

Ова е секојдневно секој директор си се послужува со било какви средства од фирмата било тоа кола,пари итн.

Гориво за личното возило,"деловни" ручеци па ќарат преку групни набавки на фирмата за телефони/компјутери и сл на начин што добиваат поевтина понуда-телефон наместо за 10 000 денари фирмата ќе го плати 8 500 но иако е со 200 работници од кои на 30 им треба таков телефон или лаптоп со пониска цена за цели 70 евра често нивни блиски сопартијци,пријатели и роднини набавуваат така па наместо 30 ќе се набават 50-60,знам примери конкретни но не би ги спомнувал поради приватноста на лицата а станува збор за син на сега екс директор(го сменија пред може 3 месеци со т.н нов бран-сега заменик е најверојатно) кој имаше два лап топ,три мобилни,фирмата му плаќаше разговор и се возеше низ град со такси и пак фирмата каде неговиот директор родител раководеше плаќаше.али џабе...коцкариште тешко и двата компјутера му се кај лихвари за да врати долг,телефоните продадени, а некои од лихварите кои му се заканија дека ќе добие стап по луден основ беа директно од МВР однесени во затвор,јесте да имаа кривични дела но додека се браниш за нецели 48 часа да те осудат и лишат од слобода мора да има некоја конекција или колегијалност помеѓу следбениците на пастирот.
 
Многу искусен бе овој за директор, па и уште со џип. Во приватна фирма на 31 година може до виш приправник да дотурка.
Искусен е. Долго работи во Комуналец, пред да ја добие функцијава беше заменик директор. Ништо нема да му направат.
 
А колку сте сигурни дека ова не се случувало во југословенско време? Па тогаш овие работи беа во мода, и да ја земи директорот службената кола и да се прошета како сака. Мојот дедо, во времето кога цутела југославија се вработил како набавувач на продукти за вработените, а после стигнал до позиција директор. Во тоа време, како што ми има кажувано, службеното возило било и повеќе од негово. Државен бензин, прошетки каде сака и колку сака, и истовремено, од тие под-негова позиција, значи вработени вршат работи што нему му се потребни, почнувајќи од купување цигари па се до некој поголеми услуги, се во име на институцијата и државата. Па и никој не се жалел.
Е сеа демек, како бе јас да идам со моја кола да ја кршам, па да плаќам бензин а овој се снајде и замина бесплатно србија или кај кур и да шетал со службено возило.
 
Лани парламентарците потрошија бензин до месечината и назад. Никој не писна ни а ни б. Да ги соберат сите државни и јавни излегува дека акцизите се трошат само за нивно возикање. Тоа е тоа во оваа држава, рани куче да те лае.
 
Ние да ја банкротираме? Или цицачиве да не исцицаат до смрт? :)

Мислев како општество, не мислев лично на тебе Леандра... Иако дознав дека и ти безобзирно переш и готвиш на ефтина струја :)
 
Мислев како општество, не мислев лично на тебе Леандра... Иако дознав дека и ти безобзирно переш и готвиш на ефтина струја :)
И бољер уклучувам после десет, за да можат лешперите да си земат плата од 25 000 ки.
 
Сашо Алче: Како може да управувам возило во јануари, а истото е купено во февруари?
icon_at_textsize.gif
SA.jpg
Директорот на ЈП „Охридско Комуналец“ на прес конференција, денеска, ги отфрли обвинувањата наведени во кривичната пријава поднесена неодамна против него, во која тој се товари за „послужување во службата“, односно за несоодветно користење на службено возило за патување во странство.


-Ова е уште една од низата фабрикувани кривични пријави од МВР, односно од дел на вработени кои постојано се обидуваат да ме оцрнат мене, ЈП „Охридски Комуналец“, и пред се да го нарушат мојот и угледот на градоначалникот на Охрид. –изјави Алче.

Тој истакна дека кривичната пријаца е фабрикувана и неточна од причини што во неа се наведува дека во јануари 2012 година го искористил возилото за приватни потреби за патување во Србија без да поседува соодветни назлози за патување во странство, а истото било набавено во февруари 2012 година, за што тој презентираше нотарски договор и други документи.

-Дека ова е фабрикувана кривична и дека е направена непрофесионално говори и тоа што во билтенот на МВР ми е згрешен датумот на раѓање и функцијата, а и не бев повикан на информативен разговор во полиција во врска со случајот, рече Алче.

Тој најави дека ќе поднесе пријава до Секторот за внтарешна контрола и професионални стандарди на МВР и кривична пријава против непознато лице , како и дека за случајот ќе ги извести странските амбасади и невладините организации во земјата.

-Ќе ги запознам дека тенденциозно ми се нарушуваат човековите права. Не е случајно што сега пред локалните избори се случуваат вакви работи. Ова е трета кривична пријава поднесена со интенција против мене со цел да се наруши мојот углед, со што се загрозува и мојата политичка кариера, додаде Алче.
OhridNews




21.08.2012 18:01

Прочитана е : 752 пати


© 2012 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Факт е дека е директор на најработливата организација под капата на Општина Охрид, ако не и една единствена.Не знам на кого му паднал в очи, ама потврдувам дека патувал со службено возило надвор од работно време, т.е. дополнително работно време заедно со работниците среде зима.Па сега ти види е работава...Само лошо му е спомнувањето и поддршката на Ацо Петрески, не знам дали е свесен дека е спремен да го решит по кратка постапка.
 
Епа Алче уште Охрид им остана тврдина, ќе маваат сега со сите сили :)
Секој втор ден за него пишуваат главна фаца у Охрид е :))
 
Затоа таа држава и пропаднала. На добар пат сме и оваа да ја банкротираме.

Грешка си. Ако веќе се жалел, би дошло барање преку лебот погача. Проблемот е ШТО СЕГА НИКОЈ НЕ СЕ ЖАЛИ, кога ништо не им одговара. Тогаш им одговарало, па макар на луѓето што проселе, им одговарало!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom