Работи ко црнец за 100 евра

  • Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување
L

.Lost Angel.

Гостин
Во понеделник трае повикот за ангажирање невработени лица на приврема работа за Јавни работи при Град Скопје. Градските власти врз основа на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување за 2012 година и Програмата за работа на Владата на Република Македонија 2011-2015, објавија јавен повик до евидентираните невработени лица да се вклучат во Јавни работи.
Со огласот се повикуваат долгорочно евидентираните невработени лица, ниско квалификуваните невработени лица и повозрасните лица над 55 години за период не подолг од 6 месеци. За секое невработено лице кое ќе биде работно ангажирано во Јавни работи се предвидува финансиска поддршка во износ од 7.600,00 денари месечно. Во нив е вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување. Правата и обврските помеѓу невработените лица, Градот Скопје и Агенцијата за вработување ќе се уредат со склучување на посебни договори. За време на Јавните работи, работно ангажираните лица не ги губат правата по основ на невработеност.

Па еве работа време е да ги баталите турските серии и да се фатите малце за работа и да земете некој денар иако 100 евра и не е баш некоја голема пара но сепак боље ишта него ништа :)
 
Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.546
Поени од реакции
7.085
Па за нискоквалификуван над 55 години колку плата сакаш, 500 евра? :facepalm:

И плус привремено е на 6 месеци, и плус не е присилно, се пријавува кој сака и на кој му одговара. 7600 денари е повеќе од седење дома и чекање социјална помош од 2000 денари.
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.533
Поени од реакции
2.411

Може градот Скопје да купува споменици и сл. а при тоа да дава огромни пари а овде бараат работници кои ќе и работат ко црнци за 100 евра треба да им биде срам КОЦЕ и компанија :facepalm:
од работа нема страмота..
верувам дека има луѓе што многу би им биле потребни тие 100 евра (се согласувам дека се малку, ама сепак колку толку барем подобро е од ич)
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Епа еве им на социјалците можност да работат, а не само да седат и да се жалат дека мала била социјалната помош (не видам дека не е). А нималку не се заангажираат да си најдат некоја работа.
 
V

Vollstandig

Гостин
Има доста луѓе што на овие пари би гледале како огромна сума за преживување. Секоја работа има различна димензија,зависно од кој агол се гледа.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.925
Поени од реакции
41.900
Еј многу работат кај нас во Штип вака работат веќе 2 години не е ништо ново ова. Цел ден се маваат низ градот само се потпираат на лопатите или дремат во некој парк, доста им е и толку нека бидат задоволни.
За работа од 6-12 часот толку пари се даваат а плус не работат за викенди и празници. И 7600 не е 100 евра поправи си 120 евра, а некој за тие пари во фабрика или продавница се утепува од работење и за празници и недела. ;)
 
L

.Lost Angel.

Гостин
од работа нема страмота..
верувам дека има луѓе што многу би им биле потребни тие 100 евра (се согласувам дека се малку, ама сепак колку толку барем подобро е од ич)
Ок капирам дека колку толку но зошто 100 евра? зошто не и дадат плата од 9000 денари? или пак бруто плата да им изнесува околу 12-13.000 денари :) имаат премногу пари да даваат за коли, споменици итн. а бараат луѓе за работа од само 100 евра. на коце и компанија да и ги дадеме да видиме дали ќе го поминат цел месец со само 100 евра (n)
--- надополнето: 21 август 2012 во 15:37 ---
Еј многу работат кај нас во Штип вака работат веќе 2 години не е ништо ново ова. Цел ден се маваат низ градот само се потпираат на лопатите или дремат во некој парк, доста им е и толку нека бидат задоволни.
За работа од 6-12 часот толку пари се даваат а плус не работат за викенди и празници. И 7600 не е 100 евра поправи си 120 евра, а некој за тие пари во фабрика или продавница се утепува од работење и за празници и недела. ;)
Све на све и се 7600 денари рачунај 20 дена по 50 денари за јадење тоа ти се 1000 денари и плус исто толку за превоз ти испаѓа да и останат околу 5600 денари :)
--- надополнето: 21 август 2012 во 15:38 ---
Епа еве им на социјалците можност да работат, а не само да седат и да се жалат дека мала била социјалната помош (не видам дека не е). А нималку не се заангажираат да си најдат некоја работа.
Младите на денешно време не можат да најдат работа а не пак некој човек со +40 години :)
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.533
Поени од реакции
2.411
Ок капирам дека колку толку но зошто 100 евра? зошто не и дадат плата од 9000 денари? или пак бруто плата да им изнесува околу 12-13.000 денари :) имаат премногу пари да даваат за коли, споменици итн. а бараат луѓе за работа од само 100 евра. на коце и компанија да и ги дадеме да видиме дали ќе го поминат цел месец со само 100 евра (n)
сепак да не се претерува... луѓе со стаж во различни професии земаат 12- 13 000 (надвор од скопје)... сепак ставање на плата од 200 евра за чистење и метење на улици и пазари е потценување спрема еве да речиме стоматолозите кои отприлика земаат 250 евра.
 
Јас ти зборувам значи за бруто плата со се храна,превоз и плата :) значи БРУТО ПЛАТА не нето плата
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Младите на денешно време не можат да најдат работа а не пак некој човек со +40 години :)
А си се запрашал ли дали доволно се трудат за да најдат работа и колку се печени за работа? Или кои побарувања ги имаат за своето прво вработување и колкава плата бараат?
 
O

onlya

Гостин
Не сите социјалци се самци повеќето имаат семејства, а едно семејство е невозможно да се издржува со 7600 денари посебно сега кога се е поскапено плус што ќе прават другите 6 месеци во годината?
 
L

.Lost Angel.

Гостин
А си се запрашал ли дали доволно се трудат за да најдат работа и колку се печени за работа? Или кои побарувања ги имаат за своето прво вработување и колкава плата бараат?
Зависи од човекот, не се баш сите мрзливи :) доста луѓе познавам кои имаат +40 години и работат се само за да дојдат до пари, а и точно е дека има и од тие луѓе кои повеќе зборуваат него ли што бараат работа не викам не ама има и кои се доволно способни да работат ама од проста причина во Македонија нема некоја работа баш за нив сите бараат млади со +2 факултети :)
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.925
Поени од реакции
41.900
Све на све и се 7600 денари рачунај 20 дена по 50 денари за јадење тоа ти се 1000 денари и плус исто толку за превоз ти испаѓа да и останат околу 5600 денари :)
Значи они се социјален случај 80% од нив јадење си носат од дома дали пипер или патлиџан не е важно истото што го јадат и дома го јадат и таму, но сигурно секој ден нема да јадат бурек и јогурт или хамбургер па да трошат по 50-100 ден дневно.
6000 чисти им остануваат а тоа е доволно за да помогне во фамилијата.

Мислам дека ги распоредуваат блиску до местото на живеење и нема да имаат потреба од плаќање на превоз.
Кога имаат потреба од некоја работа во друга населба ги носат со кола или од оние малите камиони.
Ги гледам секој ден пред зградата кај мене, седат на клупата и јадат и после 12 си соберат торбиците и си одат.
На секои 20 мин си прават пауза дремат цел ден е за таква работа секој би се нафатил не само оние над 55 години.

Еден работи 3-ца лежат во паркот после пак се сменат.
Од 6 часа работно време они дали 2.5 часа работат другото време им поминува во лежење.

Повеќето што работат ваква работа се нестабилни и неозбилни личности, луѓе кои не можат да си најдат работа поради пиењето.
Да е некој нормален и домаќин би нашол работа и како таксист, градежен работник, одгледувач на имот на некој газда и не би му сметале годините, ама бидејќи не се замаарат со ништо и ова им е доволно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom