- Член од
- 2 април 2006
- Мислења
- 14.363
- Поени од реакции
- 3.069
Јас пак не сум користел WinOS за да го знам тој маркет, па еве ќе ти кажам за Android и iOS маркетите.Од пред недела, станав Андроид и можам да кажам дека е доста не оптимизиран оперативен, а и life cycle на многу апликации од маркетот не е среден т.е и по напуштање на апликацијата некој сервиси од апликацијата си работат во позадина. За IOS не знам баш што е како е не сум користил многу IOS. Не ја знам процедурата за објавување на апликација во маркетот на google, но знам дека дека кај windows phone маркетот една од најважните работи за примање на вашата апликација е нејзината оптимизација и life cycle на самата програма.
За оптимизација на Андроид, нема веќе време оперативнито се прошири доста брзо, и се произведува од најразлични компании(најразлични идеи, и реализации), и просто е настанат преголем хаос со целиот ОС.
Пред една година, App Store беше како да си влегол во Југотон кај нас и бараш игри. Имаше се, квалитетно, убаво, средено, оптимизирано. Но, во последно време почнаа да се котат чкарт апликации, но сеуште се држи маркетов.
Google Play пак, до пред година беше како да си отишол на Бит-пазар и бараш оригинал Најк патика. Ужас мени, ужас сортирање и најужас апликации. Кинески срања, детски работи...се што е пријавено, се прошло и се нашло на маркетов.
Година дена подоцна, уште бетер е маркетов со апликации - како од Бит-пазар на бувљак да си отишол. Секогаш има некоја добра апликација, ама треба низ милион гомна да скролаш.
Да не збориме ако сакаш live wallpaper да симнеш, повеќето се неоптимизирани или пак за специфични телефони со помали екрани. Изгледаат катастрофа. Во последно време, 8 од 10 live wallpapers продолжуваат да работат во позадина (иако не се активни) и откако ќе го заклучиш телефонот, екранот сам се активира.
Симни си AppBrain за Андроидот, боље сортирање него оригиналниот маркет ќе имаш.