Математичка мистерија

  • Креатор на темата Креатор на темата acetetovo
  • Време на започнување Време на започнување
Не бе луѓе пак не се разбираме, овие веќе платиле 30 евра, додека конобаров е на шанк и ги става парите во каса, сопственикот му вика оди дади им попуст од пет евра. Конобаров за себе од тие 5 евра задржува 2 а на гостиве им враќа по 1 едно евро кусур. Логички излегува вака 30 - 5 = 25 + 1 + 1 + 1 + 2 = 30
Ама ако другариве платиле со попустот по 9 евра а конобаров украл 2 излегува 9+9+9 = 27 + 2 = 29. Каде е 1 евро?
Тие 2 евра што ги здиплил келнерот се веќе во оние 3Х9 евра што другарите ги платиле. Со вратените 3Х1 евро, се точно 30.
--- надополнето: 19 август 2012 во 03:54 ---
1 евро ддв , иде у буџет за нови муда на споменици во Скопје.
ДДВ-то ќе ги чинело 5.4 евра. Не им дале фискална. УЈП треба да поработи на случајот за да го дознаеме одговорот на мистеријата :LOL:
 
абе оваа ја знаев од порано.
нешто во поставувањето на задачава е финтата ама не ми текнува :)
 
Пријателите платиле 3 * 9 евра = 27 евра
Во каса има 25 евра
Келнерот украл 2 евра
2 + 25 = 27
( тоа што старата цена била 30 евра нема никакво значење на задачата. Тоа не е ни точна вредност и е спомната само да Ве збуни, Точната цена на пивото е 2 евра )

Еве една задача за прво оделение и затоа немојте да ја решавате со поставување на равенки со X или Y. X, Y, се букви од латиницата и тие се учат дури во второ оделение.

Едно прваче земало пари од дома и отишло во продавница да си купи мастика. Во продавницата го прашало продавачот колку пари чинат мастиките. Од кога продавачот му ја кажал цената за една мастика, првачето пресметало вака: Ако купам 3 мастики ќе ми остане 1 денар, а ако купам 4 мастики, ќе ми недостасуваат 2 денари.
Прашањето е: Колку пари чини една мастика и колку пари имало детето?
 
Коа се палеа на времето дека е грешка у математиката...
Погрешно ја поставуваш задачата.
И тоа е единствената причина зошто уште некои не ја сфаќаат финтата.
 
Едно прваче земало пари од дома и отишло во продавница да си купи мастика. Во продавницата го прашало продавачот колку пари чинат мастиките. Од кога продавачот му ја кажал цената за една мастика, првачето пресметало вака: Ако купам 3 мастики ќе ми остане 1 денар, а ако купам 4 мастики, ќе ми недостасуваат 2 денари.
Прашањето е: Колку пари чини една мастика и колку пари имало детето?

Детето имало 10 денари.
Една мастика чини 3 денари.
1 услов: “Ако купам 3 мастики, ќе ми остане 1 денар“ ---> 3х3 = 9. Детето има 10 - 9 = 1 денар кусур

2 услов: Ако купам 4 мастики, ќе ми фалат 2 денари“ ---> 3х4 =12. Детето има 10, ќе му фалат 2.

Ваљда сум прав :)
 
Келнерот требало да им ги врати 30,29,28,27 и 26 евро.Им ги вратил 26,27,28 а 29 и 30 евро си ги задржал.
 
Финатата е што овие веќе платиле по 10 евра, конобаров им дал по едно евро кусур а им здиплил 2 евра. Прашањето е колку платиле другариве?

10+10+10 = 30, конобарот им вратил по едно евро, а им украл две евра, или 9+9+9=27+2 = 29. Каде е 1 евро?

1) 3 другари * 10 евра = 30 евра
2) 5 евра попуст (келнерот им дава по 1 евро)
3) 3 другари * 9 евра = 27 евра.
((следно ги ОДЗЕМАШ 2 евра шо ги лапнал келнерот, а не да ги додаваш! (тоа е таа таканаречена "мистерија"). Односно не е мистерија, туку равенка што има намерна збунка во поставеноста на прашањето.))
следи,
4) 27евра - 2 од келнерот = 25

или математички

30е - 5е = (10е-1е) + (10е-1е) + (10е-1е) + (-2е) < збунката :icon_mrgr:
25е = 9е + 9е +9е - 2е
25е = 27е - 2е
25е = 25е
 
И шо е толку мистериозно овде? Овие даваат по 10 евра, т.е. вкупно 30. Од тие 30 келнерот зема 5 евра и им враќа по 1 евро (вкупно 3) и си зема 2 за себе. И значи секој дал по 9 евра и пошто сметката била 25 евра, келнерот си зел 2 евра за него. Мистеријава шо да ти кажувам, научна фантастика.
 
Поедноставен одговор нема , значи тие што пиеле си се напиле си се најале ( пошто поминале со само по 10 евра ) дошол конобарот им враќа по едно евро на сите овие уште посреќни и задоволни,газдата среќен за прометот конобарот среќен украл две евра краен резултат чиста сметка и волкот сит и овците на број сите задоволни си отишле дома :pos:
Не удирајте многу математики,ова ви е исто како сметка за струја ако рачунаш ке се збуниш и незнаеш за што даваш пари, плати си и готово.
 
абе оваа ја знаев од порано.
нешто во поставувањето на задачава е финтата ама не ми текнува :)
сум ја читал на друго место истава задача
„мамката“ е во поставување на задачата
таму,во некој списанија истата задача
гласеше вака,и беа дадени некој патокази
-„КАДЕ Е ЕВРОТО“
Никола точно ја решил равенката-мистеријата
тоа е решението,се одземат 2е,а не се додаваат
 
Ај ко почнавте со задачи да ви кажам и јас една шо ни ја постави една професорица по математика. Вака оди задачата:
Гуска и пол, за ден и пол неси јајце и пол. Колку јајца ќе снеси една гуска за 6 дена?
 
За ова се отворило теме:facepalm:

Дете од трето оддление ќе го реши без проблем ова.

А тука е насловано како МИСТЕРИЈА:tapp:
 
Ја знам истата финта само на поинаков начин со продавница. Арно ама, логичката лежи во тоа што, ваква математика неможи да се употреби. "Тој му вратил ова-она, се одзело толку-онолку, вака-така". Не, не оди така работата. Работата е во тоа што матемиката си има своја логика, односно вака кажано логички во текст, без никакви знаци, нормално дека ќе биде мистерија. Значи решението е во тоа што во задачата фалат загради, други математички операции и функции и најбитното, предностите на знаците. Тоа е решението :)

п.с. ова е замка колку ја познаваме математиката на толку едноставен начин :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom