Вашето прво вработување како програмер

Член од
8 април 2010
Мислења
35
Поени од реакции
23
Бидејќи сум при крај со студирањето сакам да побарам совет од поискусните програмери на форумот како да се дојде до првото работно место.Какви се вашите искуства со ова?

Пред некое време пробав во неколку фирми да волонтирам,да одам на пракса како сакате наречете го( да работам за без пари) и одговорот беше во моментов не вработуваме, немаме потреба од практиканти итн...Ако знаете за некои фирми кои се поотворени и примаат понеискусни програмери ве молам наведете некои од нив.Мислам дека сите почетници ги интересира оваа тема и сите ќе имаат бенефит.Ги чекам вашите одговори
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614

На кој факултет си, и која насока?
 
Член од
8 април 2010
Мислења
35
Поени од реакции
23
Технички факултет-Битола сум Информатика и компјутерка техника се вика смерот...
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.920
Поени од реакции
41.887
Во Скопје лесно може да те вработат ако си искусен, имаат голема потреба од програмери.
Cosmic и SDC примаат и за на пракса.

http://www.cosmicdevelopment.com/
http://www.sdc-software.com.mk/

Листа на компании кои се занимаваат со софтвер.
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Имаш одлучено како ќе се усмериш? Пошо и "програмерството" се разгранува до немајкаде.
Мој совет ти е да бараш пракса во помали компании 5-10 вработени. Повеќе ќе можеш да се фокусираш на работата и да ги видиш сите фази на изработка на софтвер. Ако влезеш во поголемиве ќе те стават само на еден оддел и само таму ќе верглаш 3-4 месеца.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.743
Поени од реакции
4.506
Во Скопје лесно може да те вработат ако си искусен, имаат голема потреба од програмери.
Cosmic и SDC примаат и за на пракса.
http://www.cosmicdevelopment.com/
http://www.sdc-software.com.mk/

Листа на компании кои се занимаваат со софтвер.
Тоа е проблемот бе друже ако си „искусен“.Дечково колку што го разбрав зборува за прво работно искуство ,а почетокот вообичаено е тежок бидејќи ретко кој сака да ризикува со неискусен кадар.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.920
Поени од реакции
41.887
Тоа е проблемот бе друже ако си „искусен“.Дечково колку што го разбрав зборува за прво работно искуство ,а почетокот вообичаено е тежок бидејќи ретко кој сака да ризикува со неискусен кадар.
Ете има две фирми кои зимаат за на пракса.
Исто mi-c3 и seavus мислам дека и они примаат студенти.
Епа сега он завршил факултет мора да има основни познавања од сите области од информатиката не може од ново се да учи. Немој да мисли дека ако иде некаде на пракса дека тие ќе си ја остават нивната работа и него ќе го учат се како што треба и ќе му објаснуваат овој дел од код е за ова оној за она.

Како што знам за време на студирањето се учат најмалку 3 програмски јазици, се изработуваат програми, веб страни, се има основни познавања од компјутерски мрежи, го учат целиот развој на софтвер и работата на еден менаџер во ит компанија, се оди на пракса во некоја фирма или во факултетот..... итн, и тоа е се за оценка.
И ова е еден вид на прво "работно" искуство.

Ако е учел се како што треба нема да има потреба од пракса директно нека проба со работа, а таму секогаш те ставаат 10-15 денови на проба и те запознаваат со тоа што го работат и ако те биде ќе те вработат.
Да е на ФИНКИ, ПМФ, ФЕИТ, УГД има се да знае, а овој факултет во Битола колку произведува квалитетен кадар не сум запознаен сам нека си каже што се има научено до сега.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.743
Поени од реакции
4.506
Ете има две фирми кои зимаат за на пракса.
Исто mi-c3 и seavus мислам дека и они примаат студенти.
до сега.
Епа убаво чим даваат шанса.
Друго ми беше зборот сепак вистинско работно искуство е нешто неспоредливо со она што се учи на факс и кој и да е работавец си бара луѓе со искуство што е нормално секој сака да си го максимизира профитот.
Убаво е што има вакви примери што даваат шанса на младите.
 
B

BrunoFresh

Гостин
Технички факултет-Битола сум Информатика и компјутерка техника се вика смерот...
Кога година си таму друже? Оти и јас сум на крај, а исто таму учам истиот смер :) Иначе јас еве ќе се вработувам како програмер за 2-3 дена во една фирма. Па ќе ти кажам колку е стресно на почеток
 
Член од
8 април 2010
Мислења
35
Поени од реакции
23
Ете има две фирми кои зимаат за на пракса.
Исто mi-c3 и seavus мислам дека и они примаат студенти.
Епа сега он завршил факултет мора да има основни познавања од сите области од информатиката не може од ново се да учи. Немој да мисли дека ако иде некаде на пракса дека тие ќе си ја остават нивната работа и него ќе го учат се како што треба и ќе му објаснуваат овој дел од код е за ова оној за она.

Како што знам за време на студирањето се учат најмалку 3 програмски јазици, се изработуваат програми, веб страни, се има основни познавања од компјутерски мрежи, го учат целиот развој на софтвер и работата на еден менаџер во ит компанија, се оди на пракса во некоја фирма или во факултетот..... итн, и тоа е се за оценка.
И ова е еден вид на прво "работно" искуство.

Ако е учел се како што треба нема да има потреба од пракса директно нека проба со работа, а таму секогаш те ставаат 10-15 денови на проба и те запознаваат со тоа што го работат и ако те биде ќе те вработат.
Да е на ФИНКИ, ПМФ, ФЕИТ, УГД има се да знае, а овој факултет во Битола колку произведува квалитетен кадар не сум запознаен сам нека си каже што се има научено до сега.
Во ред е то и јас се согласувам дека на ФИНКИ е подобро да се студира и дека таму се учи повеќе,ама колку пари толку музика.Нема секој доволно пари да си дозволи да студира во Скопје и да плаќа за стан и сите други давачки.Со еден вработен во семејство тоа е тешко остварливо.
А инаку за квалитетот на факултетот во Битола искрено да си кажам ако не чепкаш нешто сам настрана и не работиш самостојно многу малку корисни работи ке научиш.Програмата е застарена и има многу безврска предмети кои се чисто теоретски и е смешно за на испит на учил некој дебилни дефиниции напамет и по една недела да заборајш се...А за то шо викаш дека нема тие да те учат се и да висат над тебе,го разбирам јас то.Ама проблемот е шо воопшто не се дава шанса да пробаш...
--- надополнето: 19 август 2012 во 04:22 ---
Кога година си таму друже? Оти и јас сум на крај, а исто таму учам истиот смер :) Иначе јас еве ќе се вработувам како програмер за 2-3 дена во една фирма. Па ќе ти кажам колку е стресно на почеток
3-та година сум јас има уште 2-3 испити до крај.Супер е шо имаш барем шанса да пробаш како ќе ти оди јас досега сам шо прашвав по фирми низ Битола(не дека се многу 2-3 фирми се) тешко оди некако работата.Без искуство и без познаници внатре кои ќе те препорачаат многу тешко некој да се нафати да те прими.
 
Рунчев

Esi mi dobaaar
Член од
29 мај 2007
Мислења
1.263
Поени од реакции
191
За во битола види во X3m labs таму вратите секогаш ти се отворени за работа(особено ако си дизајнер) имаш тестирања за логички задачи и потоа ти нудат пракса или работа :)

btw. Се наоѓа до грчки конзулат :)
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940

Во Шехерзада е. И не се работи за дизајн туку програмирање (впрочем тоа и бара детето нели?)
X3M e најсоодветна и најотворена за она шо го бара во моментов (ако ништо повеќе можи да добие барем пракса за почеток). Има уште неколку ама малку потешко е да влези во моментов.
 
Рунчев

Esi mi dobaaar
Член од
29 мај 2007
Мислења
1.263
Поени од реакции
191
Во Шехерзада е. И не се работи за дизајн туку програмирање (впрочем тоа и бара детето нели?)
X3M e најсоодветна и најотворена за она шо го бара во моментов (ако ништо повеќе можи да добие барем пракса за почеток). Има уште неколку ама малку потешко е да влези во моментов.
Ако во меѓувреме е преместено може, инаку беше во зградата до грчки конзулат на 2 спрат. Инаку се бават со изработка на игри и веб апликации. :) Ако зборуваме за исто
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Ако во меѓувреме е преместено може, инаку беше во зградата до грчки конзулат на 2 спрат. Инаку се бават со изработка на игри и веб апликации. :) Ако зборуваме за исто
Од годинава почетокот некаде се преместени.
 
Член од
8 април 2010
Мислења
35
Поени од реакции
23
Знам за X3M и други луѓе сега брзо ми предложија да пробам таму ама оти се поделија на два дела(едните се во Пелагонка2 Мотион Универсе се вика ама тие работат појќе анимација и Flash игри така да то не е за мене а X3M се во Шехерезада) им пишав маил ама ништо не вратија.Треба да одам некој ден директно до таму да видам како е.Инаку јас пробав во интерворкс (www.interworks.com.mk) тие се најголема фирма во Битола мислам шо работи со програмирање ама не примат практиканти(барем така ми рекоа мене). Рунчев Како оди ова со тестирањето во X3M знајш нешто подетално?Како се аплицира?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom