Окупација на Македонија од фашистичка Албанија 1941

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
По капитулацијата на кралствата Југославија и Грција во април 1941 година, фашистичките сили започнале да ги распарчуваат окупираните земји. На Виенската конференција во април истата година, на средбата Кано-Рибентроп на окупираната Албанија, од југословенските територии u биле доделени делови од денешна Западна Македонија и делови од Косово. Освен овие територии Албанија го „добила“ и северниот дел на Епир во Грција, каде исто така живеело бројно албанско население. Така територијата на Албанија речиси двојно се зголемила. Италијанските фашисти и нивните локални соработници ја искористиле оваа ситуација да го претстават ова територијално проширување како исполнување на вековните стремежи на Албанците за национално обединување во рамки на своите етнички граници.

Организацијата на власта на косовските и македонските делови од етничка Албанија му била доверена на Високиот цивилен комесаријат за Косово, Дебар и Струга на чие чело стоел Фејзи Ализоти во својство на министер на квислиншката албанска влада. Подоцна, овој цивилен комесаријат бил заменет со т.н. Министерство за ослободените краеви, кое функционирало сe до февруари 1943 година.

На ослободените територии биле формирани 4 префектури: Призрен, Пеќ, Дебар и Приштина. На највисоките функции во префектурите биле поставувани лица од редовите на квислинзите, а за нивниот избор се грижела владата во Тирана. Исто така, на овие територии биле стационирани и бројни воено-полициски италијански сили.

Надвор од италијанската окупациона зона останало албанско население што живеело на териториите на Косово и Македонија, кои потпаднале под бугарска окупација. Тука спаѓала околината на Урошевац и следните градови со нивните околини населени и со Албанци: Качаник, Витина, Гњилане, Прешево, Бујановац, Скопје и Куманово.

Во бугарската окупациона зона, животот на Албанците бил многу по различен отколку во италијанската. Бугарската фашистичка власт го вовела бугарскиот како службен јазик и целата администрација била бугарска. Учениците морале да учат во училишта на бугарски јазик, што било дел од политиката на бугаризација на населението. Бугарскиот режим спроведувал репресивни мерки врз окупираното население, потпомогнат од силниот полициски и административен апарат, кој немал поддршка од локалното население.

Иако обединувањето било извршено под фашистичка капа, сепак за албанското население во Косово и Западна Македонија имало големо историско значење. Албанскиот јазик бил прогласен за службен јазик заедно со италијанскиот. За прв пат биле отворени основни и средни училишта на албански јазик, била официализирана употребата на националните симболи и било дозволено политичко организирање на национална основа. Локалната администрација била во рацете на Албанците, кои ги сочинувале и локалните полициските сили.

Ваквата автономија Албанците ја уживале за сето време на италијанската власт и продолжиле да ја уживаат и по капитулацијата на Италија во септември 1943 година и преземањето на власта во Албанија од страна на Германија.

Албанија во Втората светска војна
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
После толку читање на текстот на крај сликата ми ги извади очите, и тоа не поради Албанија туку поради тоа што на сликата наместо Македонија пишува Бугарија.... Пази, за Хрватска пишува Independent State of Croatia, на Црна Гора - Montenegro ( Italian Protectorate ) на Србија - Serbia ( Under German Occupation ) а на местото на Македонија - Bulgaria...
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
После толку читање на текстот на крај сликата ми ги извади очите, и тоа не поради Албанија туку поради тоа што на сликата наместо Македонија пишува Бугарија.... Пази, за Хрватска пишува Independent State of Croatia, на Црна Гора - Montenegro ( Italian Protectorate ) на Србија - Serbia ( Under German Occupation ) а на местото на Македонија - Bulgaria...
E, арно си прочитал оти пишува на англикански. :)

Не верувам дека не го знеше ова:
На местото на Македонија пишува блугарија. А....... како ќе пишува ако една третина од територијата на Македонија е окупирана од италијанско-албанските окупатори а две третини од хитлеро-цар борисовите фашистички ослободители.

Кој ќе знае можеби е и бугарска бан ујдурма.

Еве чиста слика пак на англикански


Еве и на Хрватски
Travanjski rat, okupacija Jugoslavije i uspostava Nezavisne Države Hrvatske
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Не знам што сакаш да покажеш со овие тврдења
Ти тврдиш:
1. на средбата Кано-Рибентроп на окупираната Албанија, од југословенските територии u биле доделени делови од денешна Западна Македонија и делови од Косово. Освен овие територии Албанија го „добила“ и северниот дел на Епир во Грција, каде исто така живеело бројно албанско население.
2.Иако обединувањето било извршено под фашистичка капа, сепак за албанското население во Косово и Западна Македонија имало големо историско значење.
3. Ваквата автономија Албанците ја уживале за сето време на италијанската власт и продолжиле да ја уживаат и по капитулацијата на Италија во септември 1943 година и преземањето на власта во Албанија од страна на Германија.

Не знам што сакаш да покажеш со овие тврдења?
Каква атономија...? Какво обединување ... ? Какво историско значење ? Какво уживање ?
Албанија беше окупирана од Италија. Планот на Италија беше да ја колонизира Албанија со 5 милиони Италијани. Илјадници Албанци се убиени и пратени во коцентрациони логори,
Албанците цело време се бореа против окупаторите и домашните предавници. Партизанското движење во Албанија беше едно од најсилните партизански движења во Европа.
Стварно не знам што сакаш да кажеш со овој пост
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Придобивките од италијанската окупација на териториите вон Албанија
Иако обединувањето било извршено под фашистичка капа, сепак за албанското население во Косово и Западна Македонија имало големо историско значење. Албанскиот јазик бил прогласен за службен јазик заедно со италијанскиот. За прв пат биле отворени основни и средни училишта на албански јазик, била официализирана употребата на националните симболи и било дозволено политичко организирање на национална основа. Локалната администрација била во рацете на Албанците, кои ги сочинувале и локалните полициските сили.

Ваквата автономија Албанците ја уживале за сето време на италијанската власт и продолжиле да ја уживаат и по капитулацијата на Италија во септември 1943 година и преземањето на власта во Албанија од страна на Германија.

Реакциите на фашистичката окупација
И покрај тоа што фашистичката власт им донела национални и територијални придобивки на Албанците, таа сепак била доживувана како окупаторска. Првите реакции на незадоволство биле манифестирани непосредно по извршената анексија. Така, во текот на 1939 и 1940 година во сите поголеми градови во Албанија биле организирани народни демонстрации и извршени саботажи против подготовките на Италија за војна. Посебно силен израз на незадоволството претставува обидот за атентат врз италијанскиот крал Емануел III за време на неговата посета на Тирана во мај 1941 година. Сепак, организираниот вооружен отпор против фашистичката власт во Албанија започнал пролетта 1942 година со формирањето на првите партизански чети предводени од Комунистичката партија на Албанија.

Незадоволство против фашистичката окупација манифестирале и Албанците во Западна Македонија и Косово. Така на пример, во 1941 година, во поголемите градови на Косово, прославата на Денот на албанското знаме била искористена за антифашистички демонстрации. И на овие територии организираниот вооружен отпор во кој учествувале и Албанците бил предводен од комунистите (Комунистичката партија на Југославија).
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Асимилација на македонското население во Кичево за време на Втората светска војна

Со навлегувањето на германските сили во Македонија, во Скопје доаѓа група на македонски емигранти од Бугарија и организира Централен акционен бугарски комитет. Негова задача беше подготвување на терен за пречек на бугарската фашистичка војска, администрацијата и полицијата. Тоа се прави како фарса да се прикажат окупаторите како ослободители.
Овој акционен бугарски комитет развива пропаганда против окупирањето на западниот дел на Македонија од страна на Италија, со што ја усложнува положбата на ова население. Имено по примерот на овој комитет во Кичево се формира одбор со претседател Милан Пејоски. Сето ова направено како противтежа на Италија врз словенската припадност. (1)
По угледот на пробугарскиот одбор во кичевско, албанското население формира проалбански, со цел да подготви терен за пречек на Албанците од Албанија за негов претседател е избран Веро Коне.
Сето ова се прави во периодот од еден месец кога нема власт, а кое време е познато како интегрум-меѓувластие. Внатрешните превирања се манифестираат поради надворешните фактори. Постоеја случаи покрај задолжителното поставување на германски знамиња на дуќаните и јавните згради се поставувани и бугарски и албански зависно каков глас ќе се слушне, односно кој ќе доаѓа. (2)
Подрачјето окупирано од Италија од страна на Дивизијата Фиренца е со над 15 000 воено полициски сили распоредени насекаде со седиште во Дебар. Во Кичево се стационирани 1 000 фашистички војници, 300 карабинери и гранични единици со вкуно 250 војници или вкупно на ова кичевско подрачје постојано од почетокот се наоѓаат 1 550 вооружени лица.
До стапувањето на сила на договорот Ќано-Рибентроп во Виена 10 мај 1941 година со која се одреди демаркационата линија бугрските единици иако беа блиску до градот не смееја да го нападнат. Исто така постпауваше и италијанската војска која беше пред градот.
Прв акт со кој се воспоставува окупаторската административно-управна власт на територијата од Западна Македонија претставува Мусолиновиот декрет од 17 мај 1941 година. Со овој декрет се регулира организацијата на цивилната и судската власт.
Со декрет на кралскиот намесник Франческо Јакомини територијата административно е припоена кон Албанија која исто така самата од 1940 година е поробена од Италија. За населението од овој дел на Македонија под воена италинаска и цивилна албанска власт почнуваат многу страдања.
Големоалбанските квислинзи помагани од италијанската воена управа користејќи ја националната и економска обесправеност на Албанците во Кралството Југославија почнуваат да спроведуваат политика заподелба на Македонците и Албанците. Како прва и најпрималива парола за Албанците е создавањето на голема Албанија.

Прилог
__________________________________________________________
Призрен, 22 јули 1941
АЛБАНСКО КРАЛСТВО
ВИСОК ГРАЃАНСКИ КОМЕСАРИЈАТ
ЗА КОСОВО ДЕБАР И СТРУГА
Бр. 5/1
Призрен 22. VII/XIX

До господинот Ахмед Садику – Кичево

Врз основа на декретот бр. 3 од овој месец назначени сте за претседател на општината во Кичево.
Откако ќе го преземете управувањето со општинските канцеларии, веднаш да се нареди отстранување на сите натписи и фирми на дуќани кои се напишани на словенски јазик. Тоа важи и за улиците кои носат словенски имиња.
За денот кога ќе треба да почнете со работа, ќе ве известиме преку комесеријаттот во Призрен.
ВИСОК ГРАЃАНСКИ КОМЕСЕРИЈАТ
ЗА КОСОВО, ДЕБАР И СТРУГА
ДРЖАВЕН МИНИСТЕР
Фејзи Ализоте, с.р. (3)
____________________________________________________________

Фашистичкиот принцип за воспоставување на воената и административната управа скоро во ништо не се разликува од онаа што започна да се применува и во делот од Македонија окупиран од страна на Бугарија. Тоа се однесува и за подрачјето на Кичево што остана под окупација на Бугарија.
Бугарија, Вардарска Македонија ја дели на две области: Скопска и Битолска на чие чело се наоѓаат обласни директори. Покрај обласните како највисоки територијални единици, окупираниот дел на Македонија е поделен на околии и општини.
Кметовите во општините се поставувани посредо од страна на министерот за внатрешни работи и нему му одговараат за работата. Овие исто така се потчинети и на обласниот директор и околискиот началник.
Назначувањето на службениците во сите органи на власта во Македонија бугарската фашистичка влада го врши од редот на службеници доведени од Бугарија. Овој акт бугарската влада го објаснува во прв ред со непознавањето на државното уредување на Бугарија од страна на дошаните службеници.
Со присоединување на дел од Западна Македонија кон Албанија, високиот цивилен комесар во Призрен, Фејзи Ализота со акт број 63/1941 година издава наредба на сите префектури и потпрефектури на установите и приватните згради и работилници натписите да се пишуваат италијански и албански јазик. Употребата на македонскиот јазик односно словенскиот како што тие го викаат во службените односи е забранет, со една наредба на дебарскиот префект и во телефонските разговори не е допуштено да се зборува на македонски јазик.
На адвокатите и писарите кои не го знаеле албанскиот јазик им е забранета нивната натамошна работа. Со еден распис на квинслишката влада на Албанија, забранети се сите имиња и презимиња од неалбанско население кои завршуваат на ски, ов или иќ. Истите мора да завршуваат како кај Албанците.(4)
Спрема Мусолиновиот декрет од мај 1941 година сите службеници кои се задолжителни да се јават на работа се обрзани да учат италијански јазик. Затоа во Кичево и селата се организирани курсеви за изучување на италинаскиот јазик, а пак албанскиот јазик го изучуваат со задолжение и оние Албанци кои не го знаеле албанскиот јазик.

_____________________________________________________________
АЛБАНСКО КРАЛСТВО
ПОТПРЕФАКТУРА КИЧЕВО
ДО
ОПШТИНАТА, СЕЛСКИТЕ ОПШТИНИ И СИТЕ ДРУГИ ДРЖАВНИ КАНЦЕЛАРИИ

Забележано е дека во вашиот град и по селата што не е во случај со краевите на Косово, Тетово и Гостивар, црната капа е вообичаена капа за мажите. Црната капа воопшто не е албанска капа, албанската национална капа (за оној што се чувствува таков, чувствува и мисли како Албанец) е белата волнена капа. Поради тоа оправдано е и навреме Албанците да почнат да ги искажуваат своите чувства за слободата, ставајќи ја белата национална капа. Фрлајќи ја црната која е обележје на црнина и неалбанство.
Во Кичево се зборува многу малку албански, капите се црни и нема ниедно видливо и потполно обележје на албанство.
Затоа, убедете ги граѓаните и селаните да го стваат на глава обележјето на нашите прадедовци, белата капа, децата да ги испратат на школо да го научат албанскиот јазик и ти, родителите да одат на вечерни школи, да г о научат да го зборуваат албанскиот јазик, да научат да читаат и пишуваат.
Во општините градски и селски, во случај кога ќе се појават мажи со црни капи, да им се обрне внимание дека кога одат во државните канцеларии треба да ја имаат белата капа на главата, да зборуваат албански, инаку нема да имаат олеснување за службената работа.
Кметовите на градските и селските општини, кои го претставуваат законот татковината и албанската држава, треба да служат за пример на другите.
Очекуваме примена на оваа наредба што поскоро.(5)

Примено
6. III. 1942 XX
Потпрефект

(Екрем Телхај), с.р.
______________________________________________________________

Политиката на однародување на македонскот население во прв ред се прави преку отворање на училиштата. Во нив наставата исклучиво е на албански јазик. Учители се доведуваат од Албанија а има и приучени интелектуалци. Поради недостаток на просветни работници во најголемиот дел селски општини училиштата не се отворени. Таму каде што работат наставата се изведува во духот на фашистичката идеологија и големоалбанството. При тоа за одбележување е и тоа што покрај сите притисоци врз родителите, децата не одат на училиште, што е особено карактеристично за децата од албанската припадност. Тоа е така, бидејќи родителите ниту децата го познаваат албанскиот јазик. На тој јазик никогаш не се зборувало во нивните домови.
По принципот на Италија и албанските квислинзи исто така постапува и Бугарија во однос на денационализацијата на македонскиот народ. Забранета е употребата на македонскиот јазик како во администрацијата, така и во училиштата па дури и во обичниот разговор на луѓето. Бугарскиот јазик е прогласен за службен.
Бугарските власти создаваат широка мрежа на просветни установи во прв ред училишта. Ги отвораат скоро сите училишта по селата од кичевската општина. Наставниот кадар исто така е доведен од Бугарија. Наставниците исто така се задолжени да поднесуваат извештаи за средината ако нешто забележат е спротивно на интересите на Бугарија. Денационализацијата, бугарскиот окупатор ја спроведува со обновување на низа активности во случај на верски и државни собири користејќи испробан пропаганден материјал. (6)
Окупаторите вистинскиот лик го прикажуваат и со потегот кога во населените места формираат фашистички организации. Италијанците немаат никаква доверба кај големоалбанците. Тоа се потврдува и со фактот што во седиштето на префектуритесе формирани федерати (органи на фашистичката партија), истото се прави и во потпрефектурите. Овие органи се викаат фаши. Во селата најниски истанции на фашистичката партија се капонуклес (раководител на група). Во сите органи на фашистичката партија особено во федератите се инфилтрирани органи на СИМ (Известителна служба) и ОВР (Контраизвестителна служба).(7)


1 - А – ИНИ Скопје Р – 12 (1,2,3) 16
2 - Изјава на Владимир Бикариќ за РТВ Загреб, март 1980 година
3 - АМ. Ф, кичевска општина к.1. арх. Бр. 2/2
4 - АМ. Ф, кичевска општина к.1. арх. Бр. 2
5 - АМ. Ф, кичевска општина к1. арх. Бр.2
6 - В. Ивановски „Ослободителната војна во Западна Македонија“ стр. 25
7 - В. Ивановски „Ослободителната војна во Западна Македонија“ стр.30

Аце Сајкоски „Кичевчани втемелувачи на македонската државност“ стр. 15-19
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.285
ма какво овбединување на албанците во тоа време тука се наоѓа италијанска војска и власт,а качачки банди дејствуваат во служба на окупаторот........некој сака да преврти историја и да покажи дека некогаш имало голема албанија што секако дека е чиста лага
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Во планот на Хитлер за брзо ликвидирање на Југославија како држава, Македонија имаше првостепено стратешко значење благодарение на својата положба. На 7 април попладнето, во Скопје навлегоа германските војски, а неколку дена потоа беше заземена цела Македонија.
Набргу по капитулацијата, во текот на април, на состаноците одржани во Виена, меѓу министрите за надворешни работи на Италија и Германија – грофот Ќано и фон Рибентроп – беше постигната спогодба за поделба на Југославија.
Територијата на Македонија ја доживеа истата судбина, како и по Балканските војни и Букурешкиот мировен договор од 1913 година, кога беше поделена меѓубалканските сојузници: Грција, Србија и Бугарија.
Делот на Македонија, кој по 1913 година потпадна под Србија и Грција, сега повторно беше разделен меѓу Германија, Италија и Бугарија.
Фашистичка Бугарија, како награда за учеството во агресијата на Југославија, доби поголемиот дел од Вардарска го Македонија, како и Западна Тракија од Егејскиот дел на Македонија. Западна Македонија со градовите и нивните околии: Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар и Струга, јужните делови од Охридско и Преспа, како и источниот дел од Егејска Македонија, беа окупирани од Италија. Италија управуваше со помош на цивилната албанска квислиншка власт. Централниот дел од Егејска Македонија го окупира Германија.
Со новата делба на Македонија и со фашистичката окупација беше доведена во прашање и самата егзистенција на нацијата.

Припојувањето на окупираните делови од Македонија кон Бугарија, бугарските окупатори ја прикажувале како ослободување на своите национални територии, а припојувањето на окупираните делови од Македонија кон Албанија, Албанците го доживувале како ослободување на своите национални територии.

Во италијанската окупациона зона цивилната и судската власт започнала да се воспоставува во мај 1941 година, а веќе од јули ова окупационо подрачје u било препуштено на квислиншка Албанија, со што оваа територија станала дел од Голема Албанија. На тој начин, во Западна Македонија била воспоставена албанско-италијанска власт. Властите формирале и своја окружна управа (префектура) со центар во Дебар каде се наоѓала и командата на италијанската дивизија „Фиренца“. Албанските судови започнале да функционираат во мај 1941 година. Воено-полициските сили ги сочинувале жандармеријата (карабињерите), кои биле под италијанска команда, и полицијата (квестурата), која била под албанска команда.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Денационализаторската и асимилациската политика на бугарската власт најмногу доаѓале до израз во сферата на образованието и во црковното дејствување. Уште во 1941 година бугарската влада почнала да го воведува бугарскиот образовен систем со цел да се бугаризира македонската култура и да се асимилира македонскиот народ. Училиштата биле на бугарски јазик, со бугарски наставници и со предмети како: бугарска историја, бугарски јазик и култура и сл.

Делот од Македонија окупиран од италијанската војска бил припоен кон Албанија и понатаму третиран како ослободена албанска територја. Албанците во Македонија, кои во кралството Југославија биле обесправувани како и Македонците, се здобиле со права кои претходно не ги уживале: право на користење на албанскиот како официјален јазик и право на образование на албански јазик. Со прогласување на албанскиот јазик за официјален, сите јавни натписи на установите, трговските и угостителските дуќани морале да се заменат со натписи на албански и италијански, а целокупната администрација морала да се води на албански јазик. Наставата во училиштата се одвивала на албански јазик. Македонците биле принудени да одат во училишта на албански јазик, со наставници и учебници од Албанија, кои ги пропагирале големаолбанските и фашистичките идеи.

Албанизацијата што ја спроведувала квислиншката влада одела до таму што ги преименувала градовите и селата во Западна Македонија, давајќи им албанска форма. Истото се случувало и со имињата и презимињата на македонското население, кои во многу случаи добивале албанска форма.

На овој дел од територијата на денешна Македонија дејствувале и голем број балисти и качачки групи кои, под изговор дека водат борба против партизаните, го тероризирале македонското население. Нивните акции особено се засилиле по замената на италијнската окупација со германска. Делувајќи во име на големоалбанските националистички организации кои соработувале со фашистичките сили („Втора Призренска Лига“, „Легалитет“, „Бали Комбетар“ и др.), балистите и качачките групи опожарувале, пљачкосувале и убивале по селата, принудувајќи го локалното македонско население (главно од Гостиварскиот регион) да ги напушта своите домови.

Балистите ги напаѓале селата по Маврово и по Шар Планина во обид да го истераат македонското население и да го уништат партизанското движење. Во тие напади биле убивани цели семејства, биле спалувани куќи, домови, вели историчарот проф. д-р Ѓорѓи Малковски.

Балистите претставувале воена, но и политичка сила, потенцира Малковски. Нивното влијание особено било изразено по септември 1943 година, односно по капитулацијата на фашистичка Италија. Во основа биле верни соработници и на германската војска, а учествувале во сите борби против единиците на македонската војска на целата територија на Западна Македонија. Тие биле финансирани, раководени, обучувани и вооружувани од германската војска. Германците многу бргу ја почувствувале нивната главна цел, Западна Македонија да ја зачуваат во рамките на "Голема Албанија",

Покрај балистичката организација во Македонија, за истите политички и национални цели опстојувале и многу други албански милитантни, паравоени и политички организации. Тие директно биле поврзани со окупаторите, но прво со Италијанците кои учествувале во поделбата на Македонија по навлегувањето на германските сили во поранешната кралска Југославија.

Честопати за Македонија, се судрувале интересите на Бугарија и Италија кои биле поддржувани од парамилитантни насилни албански организации.
Меѓу првите кои ја поддржале окупацијата на Македонија на делот каде што се стационирале италијанските трупи била Фашистичката партија на Италија во Албанија која била доминантна политичка сила по 1939 година.

За оваа намена биле издвоени околу 100 милиони швајцарски франци кои биле употребени за инсталирање на партијата во Албанија и во Западна Македонија. Во оваа организација највлијателни биле Албанците Кољ Биба Миракај како и Исмаил Хуса од Мат, Албанија. Оваа организација се инволвирала во сите пори на албанското општество и притоа ги вклучувала во своите редови и младите Албанци од 14 до 17 годишна возраст.

Прешова Шефки од Гостивар, Фиќири Зинија од Гостивар и Џемо Хаса (Од лево на десно)
 
Член од
5 октомври 2011
Мислења
155
Поени од реакции
233
Дедо ми е од Прилеп. Служел во Прв кавалеријски полк (од Првата кавалеријска бригада) 5-та бугарска армија - Штип; Расправаше ми е дека не са проштавале на Балисти албанци.Бугарите ги трепали албанците до последен.
Убивани се целото албанско население од бебиња до старци во демаркационната граница по селата. И се гордееше со тоа
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Бугар, не туку лажи и треси глупости тука.
Бугарите и Албанците тогаш си беа СОЈУЗНИЦИ, и едните и другите во служба на Хитлер и Мусолини.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247


Италјанската фашистичка окупација на Западна Македонија, од воспоставувањето на албанската квислиншка власт на оваа територија од 1941 до 1944 година, била воспоставена со помош на германските воени сили, каде што дојдоа до израз тендециите за албанско проширување.
Италијанските окупатори застанале во одбрана на албанските квислиншки власти за екстремните активности што биле вршени над Македонците во Западна Македонија. Во тој контекст во италијанските документи се говори за појавата на вооружени групи од Албанци на територијата на Западна Македонија, кои, дејствувале независно од желбата на албанските квислиншки власти. Тие вршеле различни зулуми, кражби, уцени и друг вид злосторства врз македонското и другото неалбанско население. Во документите се говори и за други состојби што настанале со италијанската окупација и со албанска анексија на оваа територија. Тие влијаеле да започне процес на иселување на Македонци од Западна Македонијаи да се префрлат во делот од Македонија окупиран од бугарските фашистички окупатори.


Покрај документите од италијанско потекло авторите приложуваат и документи на албански јазик во превод на македонски. Тие потекнуваат од албанските квислиншки органи, воспоставени во Западна Македонија во текот на окупацијата од 1941 до 1944 година. Приложувањето на овие документи претставува мошне значаен прилог во натамошното изучување на историјата на македонскиот народ во времето на окупацијата. Повеќето од албанските документи потекнуваат од 1943 година, а еден дел од нив укажуваат за лошата безбедносна состојба на тој дел од Македонија во окупацијата од 1941 до 1944 година. Едни документи јасно ја покажуваат улогата на Џемо Хаса од Гостиварско кој од првите денови на окупацијата се ставил во служба на италијанскиот окупатор на албанските квислинзи.

Во овие документи се укажува на суровиот однос на албанските квислиншки власти кон борците од Народноослободителното движење како и кон нивните соработници. Тортурата од страна на албанските власти била проширена на секое поле, така што Македонецот на себе го трпел целиот нивни бес.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Всушност, западна Македонија повеќе е сега под албанска окупација отколку тогаш.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Всушност, западна Македонија повеќе е сега под албанска окупација отколку тогаш.
Кариес, сметај за потврдено дека ми се допаѓа твоето мислење за сегашната ситуација во западна Македонија.

Ова може да се протолкува и на друг начин.

Не можам да кликнам за потврда на опцијата ,,ми се допаѓа,, мислам ако потврдам ќе излезе дека ми се допаѓа сегашната ,,Всушност, западна Македонија повеќе е сега под албанска окупација отколку тогаш,, ...дека сакам да биде така.

Сегашната моментална состојба за жал е таква.

Мислам дека сваќаш.
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949


Италјанската фашистичка окупација на Западна Македонија, од воспоставувањето на албанската квислиншка власт на оваа територија од 1941 до 1944 година, била воспоставена со помош на германските воени сили, каде што дојдоа до израз тендециите за албанско проширување....
Gevara, каде може да си ја купам книгава?​
 

Kajgana Shop

На врв Bottom