Морам да признаам дека претходно одбрав да коментирам на „поплиткото“ можно толкување. Можеби затоа то претпоставив дека масонството е првото ниво на идентификација кај масоните (пред верската, националната, политичката или било која друга определба, ненужно подредени под тој ред).Поентата е дека кога може следбениците на најчистото нешто што некогаш постоело, да отстапат од истото - тогаш човек може да отстапи од се.
Моја предрасуда, си признавам....
Ок, веројатно лошо се изразив, и можеби се повторно мои предубедувања во врска си масонеријата во прашање.Зарем внатрешниот човек не се менува? Зарем надворешните промени не влијаат на внатрешниот човек? И зарем не е точно и обратното - внатрешните промени во човека, влијаат на неговите околности?
Епа, токму тоа создава поволно тло за конспиративни теории поврзани со масонеријата.Ритуалот и мистериите на масонеријата се неопходни за личното усовршување. Езотеричноста на масонеријата е дел од усовршувањето. Елитистички - зошто да не? И во секојдневниот живот, опкружени сме постојано со секакви луѓе - но за најблиски пријатели избираме само мал, одбран круг. Тоа елитизам ли е? Кога фудбалски клуб (многу аналогии давам со фудбал за човек кој не следи спорт ) ги бира најдобрите фудбалери - тоа е елитизам или здрав разум?
Што се однесува до "конечноста на вистината" - тоа е премногу субјективна категорија и масонеријата никогаш не претендирала дека ја содржи апсолутната вистина која треба да биде некакво откровение за човештвото. Тоа секој сам си го пронаоѓа во сопствениот систем на вера, верба итн.
Елитизмот.
И мистериозноста.
Ама изборите кои ги означуваш како елитистички, се, всушност, наши секојдневни избори.
Да беше се' сосема транспарентно околу масонеријата немаше воопшто да го праиме муабетов...
САкав да кажам, иако се појавува во белетристичко дело еден таков plot, отсекогаш постоела мистериозност и, можеби, конспиративни теории за поврзаноста на браќата масони и нивното влијание во непосредната околина.Рудјард Киплинг во "The man who would be king" пишува за двајца англиски авантуристи, кои се пречекани од локалното население во Афганистан како богови, затоа што носат масонско обележје на себе. Имам неколку браќа кои во моментов работат во Афганистан - сосема поинакви приказни раскажуваат за нивниот престој таму...