Zeitgeist movement

B

Black Guard

Гостин
Абе јас прашувам за Македонија ете вели член е,па ме интересира имаат ли собири,донации дали го гледаат оној мајкл мур и слични на него кои наместо да се ангажираат и сторат нешто само крекаат и критикуваат.

А да те прашам нешто,во услови кога имаш неограничени ресурси,од соларна енергија(висок степен на употреба)па и онаа од вселената,понатаму кога роботи работат за луѓето и АИ решава чуму ќе вршиш размена кога се ќе ти биде обезбедено СЕ од АИ и тоа испланирано декади однапред-имај предвид и дека ќе бидеме мноогу свесни и кул,дури покул и од хипиците:D ??

Што ќе разменуваш ако имаш се,чуму ти е разменско средство кое олеснува размена кога се губи потребата од истата која ете денес е неопходна.
--- надополнето: 11 август 2012 во 18:27 ---
Па, извини што ќе те разочарам, но да, сум :).

Ме разочара али тоа е ирелевантно,ама барем одговори на прашањата ОК.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
Абе јас прашувам за Македонија ете вели член е,па ме интересира имаат ли собири,донации дали го гледаат оној мајкл мур и слични на него кои наместо да се ангажираат и сторат нешто само крекаат и критикуваат.

А да те прашам нешто,во услови кога имаш неограничени ресурси,од соларна енергија(висок степен на употреба)па и онаа од вселената,понатаму кога роботи работат за луѓето и АИ решава чуму ќе вршиш размена кога се ќе ти биде обезбедено СЕ од АИ и тоа испланирано декади однапред-имај предвид и дека ќе бидеме мноогу свесни и кул,дури покул и од хипиците:D ??

Што ќе разменуваш ако имаш се,чуму ти е разменско средство кое олеснува размена кога се губи потребата од истата која ете денес е неопходна.
Ете, те искритикуваа, и се сети дека лупаш глупости, па почна да се поправаш. Ти текна каде е глупоста на прашањето. Не е лошо, има надеж. Следно што треба да научиш е дека после запирка се остава празно место.

Полека, се ќе биде, еден ден ќе ми бидеш благодарен. Сериозно.
 
B

Black Guard

Гостин
Ако и ова си му го рекол на Мјолнир тогаш нема да ти бидам благодарен;)

Што не одговори Шкорпион за Македонскиов зајтгејс.

Кај нас некако поактивни се анархистите ама ништо и од нив,премногу мирни се за држава капиталистичка со 30% сиромаштија.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Zeitgeist е филм кој индуцира параноја и дава погрешни информации во повеќе наврати. Постојат премногу грешки во врска со паралелите меѓу Христос и останатите божества, како и многу погрешни информации во врска самите божества.
9/11 хипотезите се во повеќе наврати дебанкирани од повеќе скептички фигури, посочувајќи дека не постои ни проближно доволно валидна евиденција за релијабилноста на тврдењето на теоретичарите на заговор.
http://www.youtube.com/watch?v=Q20NmYGE-T4
И многу повеќе.
Жак Фреско поставува многу погрешни премиси во врска со неговиот проект, воглавно поради исто така, погрешни информации. Голем дел од Венус идеите се невозможни, како на пример теоријата дека луѓето се мрзливи бидејќи му пркосат на системот. Ова е сосем погрешно. Мрзливоста доаѓа од причина што организмот ни посочува дека сака да конзервира енергија.
Во Zeitgeist се вели our philosophy does not recognise divisive concepts such as nations and governments; we are one humanity that must live in harmony with nature.
Ова е во целосна спротивност со еволуцијата на човековиот вид. Државата како институционална концептуализација не е наметната некако неприродно туку е дел од природниот тек на еволуцијата на човекот. Да ја негираш природноста на постоењето на државата е да го негираш текот на природата.
Zeitgeist предлага монетарен систем без пари. Секој економист кој барем малку се разбира во она што го работи ќе ви ги посочи милионите негативни карактеристики на овој потег.
Во глобала, не постои валидна евиденција за тоа дека технократијата на Фреско е возможна и позитивен развој на системот.
--- надополнето: 15 август 2012 во 16:55 ---
Кај нас некако поактивни се анархистите ама ништо и од нив,премногу мирни се за држава капиталистичка со 30% сиромаштија.
Кај нас анархистите јадат во мекдоналдс, пијат кафе во старбакс, зборат на blackberry, протестите ги снимаат на панасоник камери и храбро и бесрамно им се спротивставуваат на сите миниони на фашистот Груевски на своите компјутери со nvidia графички, intel процесори, apacer рам и Виндоус OС.
Засега, не се појави анархист кој го напушти овој начин на живот и отиде да живее во некоја пустелија во Мариовско каде што сам ќе сади пипер и патлиџан. Се разбира, анархистот е доволно паметен за да знае дека доколку има суша ќе мора повторно да дојде во градот и да КУПИ храна. А и треба да провери нотификации на фејсбук.
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.496
Поени од реакции
2.407
Жак Фреско идеите ги презентира како најдобри, иако рекол дека ова не крајното, дека може и подобро. Нешто ми е чудно во целото движење. Дали сте забележале дека на Zeitgeist радиото окото е знак така нешто и во други случаи, не сум сигурен. Еднаш во филмовите слушнав како спомнуваат да се отфрлат идеите за тајни организации...
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Не, кулите близначки беа урнати од тајни агенти нинџи кои поставиле тивки експлозиви во столбовите, па затоа не сме чуле ништо, освен мали татнежи кои испаднаа дека се компресиран воздух од лифтовите кои имено немаа ни приближно доволно голема децибелажа за да бидат категоризирани како експлозив, значи гуштерите/илуминати им дале на ЦИА и Мосад некој нов ултра-тивок експлозив создаден во Ареа 51. Очигледно станува збор за контролирано уривање, иако обична формула би докажала дека зградите паднаа преспоро за да се смета за контролирано уривање. Сепак, и научниците се in bed with the Illuminati, па не можеме да им веруваме.
Има доволно детални документарци кои го дебанкираат целиот официјален извештај. Да не започнувам со Зграда 7 и Пентагон. Али нема да ти ги прераскажувам овде.

А авионите биле хакнати и насочени спрема кулите. Нема шанси рандом Арап да се улета у зграда... Тоа е потврдено и во Цајтгајст со цитатов: I met the hijacker and he was a bad pilot...

А тоа што "but you don't exactly have to be fucking Chuck Yeager to crash a plane into a building" беше едитирано и со тоа целата реченица е извадена од контекст, нема врска.
Не, ама маневрите, господине паметњакович, за да ги изведеш, ТРЕБА ДА СИ LIFELONG ЕКСПЕРТ ВО ВОЗЕЊЕ АВИОН :).

Аман, не зборам на кинески, не викам дека тоа што CNN и BBC ни кажуваат е вистина, а Цајтгајст е лага туку тврдан дека станува збор само за различна страна на истата паричка.
Мене не ми звучиш така, баш ми звучиш како да си одбрал страна и таа е таа од која се оградуваш :).
 
B

Black Guard

Гостин
http://www.debunking911.com/, страницата е против теориите за заговор, само ја разгледав
Нема потреба од такви страници,јас не ни знаев дека постои,само онаа 911.трутх и на зајтгејс страната-ти треба здрав разум за да разбереш дека филмот е лоботомија однапред смислена која ги злоупотребува конкретните настани,се изживува врз жртвите од кулите близначки

Има доволно детални документарци кои го дебанкираат целиот официјален извештај. Да не започнувам со Зграда 7 и Пентагон. Али нема да ти ги прераскажувам овде.

.
Што зграда 7-знаеш што е debris кој гори а противпожарниот систем на зградата не бил активен. Пожарникарите не знаеле кај попрво да фатат и спасуваат,дури и многу од нив загинаа некои знаејќи дека ќе има колапс само за да спасат живот-е пријателиве од зајтгејс не го ценат тоа.

Пентагон-колку генерали,адмирали и други високи чинови,советници струен кадар испогинаа толку генерали САД немаат загубено последниве 60 години.

Тоа е исто како фокушима да се направи конспираси или саботажа па Јапонските доброволци кои се пријавија дваесеттина души доброволно буквално на зрачење кое го распаѓа човечкото тело,ослепува и они знаеа дека ќе умрат ама тие неколку целзиуса кои ги симнаа можеби спасија катастрофа од пошироки димензии.

Не, ама маневрите, господине паметњакович, за да ги изведеш, ТРЕБА ДА СИ LIFELONG ЕКСПЕРТ ВО ВОЗЕЊЕ АВИОН :).

Не се вози,се управува,ако боигот е сложен што да речеме за Б-2-а уствари однапред курсот му е определен од компјутер.

Да погодиш зграда не е тешко,ама ич,има тема за тоа али има повеќе видеа на неа,на едно видео се појаува ликот на сатаната:vozbud:

На друго НЛО,а на трето во крилјата т.е боингот бил модифициран па на крилата имало експлозив а секој нормален знае дека таму е горивото.

Не е темата 9/11 туку движењето.

Нејсе има ли некои хумани активности ова движење,што со гладните од африка,индија нели помагаат или јадат чипс,Мекдоналдс,имаат ајфон,Хјулит пакард лаптоп Мерцедес автомобил или Гранд чироки,користат СОНИ( камери м??
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.496
Поени од реакции
2.407
Да не збориме каков му е домот на Жак Фреско. Какви не компјутери, машини...
 
F

Frankie Yale

Гостин
Има доволно детални документарци кои го дебанкираат целиот официјален извештај. Да не започнувам со Зграда 7 и Пентагон. Али нема да ти ги прераскажувам овде.
Не знам како да ти објаснам, тврдењето дека станува збор за контролирано уривање е ноторна глупост. Прво, кулите не паднаа со брзина на слободно паѓање, второ никој не слушна експлозии - би ти советувал да отвориш јутуб и да погледнеш некое controlled demolition видео и можеби ќе ја согледаш огромната разлика. На друга тема еден ретард ми кажа дека не сме слушнале експлозии поради хаосот и викањето на улиците...

:vozbud:

Малите кршења на прозори не беа ништо повеќе од компресиран воздух во лифтовите, таканаречените "експлозии" не беа ни експлозии, туку звуци предизвикани од колапсот на кулите но најважно од се е што едноставно теоријата се коси со фундаменталните закони на физиката. WTC падна преспоро за да може да се смета за контролирано уривање. Повеќе тука.

А тоа што не беа пронајдени апсолутно никакви остатоци од експлозивите кои наводно биле поставени на столбовите комплетно ја закопува оваа луда теорија во земја.

Пентагон? Проектил? Глупости.

Инаку, ајде повели постирај аргументи па ќе продискутираме...
Не, ама маневрите, господине паметњакович, за да ги изведеш, ТРЕБА ДА СИ LIFELONG ЕКСПЕРТ ВО ВОЗЕЊЕ АВИОН :).
Кои маневри? Полукружно вртење? Удирање во највоочливот облакодер во градот?

Не зезај.
Мене не ми звучиш така, баш ми звучиш како да си одбрал страна и таа е таа од која се оградуваш :)
Една од причините поради која конспираси типчиња ме иритираат до коска, ако пристапиш со скептицизам спрема нивните теории на заговор кои за волја на вистината изгледаат како научна фантастика, одма те етикетираат како овца која слепо им верува на медиумите и му се клања на Обама и НАТО, типично black-and-white гледање на работите.
 
Фала Богу мислев на прсти се бројат луѓето со +2 грама мозок посебно оние кои се спротивставуваат на теориите на заговор кои се блиску до научна фантастика али многу поблиску до фолија на глава за да не им ги читаат мислите злите луѓе од Проектот ХААРП кој направи цунами и уби над 200 000 жители во индонезија,па инија,низа земјотреси,урагани ама све тоа вештачки а уствари станува збор за куп антени кои не само САД на аљаска,туку и Кина,Русија па дури и Финска ги има-дали е финска светска сила??

Шкорпион ете си член на зајтгејс мувмент и кои се плановите покрај собирите каде се кука за зслите бизнисмени и петте семејства кои го контролираат светот??
 
its_ok_im_new

brake lights
Член од
24 август 2010
Мислења
402
Поени од реакции
216
Факт е дека светот, суптилно низ времето, повторно се сведе на робови и робовладетели. Таканаречениот капитализам. Ама мене искрено овие цајтгејст и слични движења ми делуваат исто така испрани како и останатите "робови". Тука би ги внел и поддржувачите на оноа анонимус или како и да се викаше движењето поврзано со викиликс. Или пак самата фама околу викиликс.
Големите држави држат се под контрола така да овие работи се оставени да функционираат за да се одвлече внимание. Викиликс, цајтгејст, анонимуси глупости се само фасада. Да пречеа на некој или да претставуваа вистинска закана немаше да ја дочекаат светлината на денот, ќе изчезнеа пред светот да слушнеше за нив. The rabbit hole is a little bit deeper than that...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
Една од причините поради која конспираси типчиња ме иритираат до коска, ако пристапиш со скептицизам спрема нивните теории на заговор кои за волја на вистината изгледаат како научна фантастика, одма те етикетираат како овца која слепо им верува на медиумите и му се клања на Обама и НАТО, типично black-and-white гледање на работите.
Истото важи и во обратната насока Френки. Секој оној кој ќе се осуди да каже дека со официјалната верзија на настаните нешто не е во ред, веднаш е окарактеризиран како фолијаш, забеган, луд.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom