- Член од
- 27 ноември 2007
- Мислења
- 30.950
- Поени од реакции
- 73.707
Новиот Управен одбор на ФФМ, на својата прва седница под водство на новиот претседател Илчо Ѓорѓиоски денеска ги разреши Судискиот комитет при ФФМ како и досегашниот Комесар за натпревари именувајќи нови лица во двете клучни Комисии во ФФМ одговорни за функционирањето на домашните натпреварувања.
За нов претседател на судискиот комитет е назначен, поранешниот истакнат наш интернационален судија Емил Божиновски кој по шест години пауза од моментите кога се повлече од фудбалот по загубената битка за претседателската функција на ФФМ, сега повторно се враќа во ФФМ. За членови на комитетот се избрани: Душан Стојановски, Стојанче Саздов, Ѓорѓи Гоцевски, Златко Талевски, Бранко Манојловски, Марјан Ристевски, Петар Илиевски, Илир Сеља, Алиреџа Хаџи-Пази, Драганче Стојановски, Пане Иванов и Аднан Идризи.
За нов претседател, пак, на Комисијата за натпревари е избран Васко Дојчиновски кој доаѓа на местото на Миле Спиркоски.
Меѓу другото на својот прв состанок, новиот Управен одбор го усвои пречистениот текст на Статутот на ФФМ прифатен од Генералното собрание на последната Вонредна седница, ги прифати предлог-листите за контролори, судии и судии-асистенти, и го прифати извештајот за продадени влезници за финалето на националниот фудбалски куп, Работнички- Ренова и квалификацискиот дуел на репрезентацијата до 21 година Македонија-С. Ирска.
Управниот одбор го прифати предлогот да им се врати правото да регистрираат фудбалери на ОФС Куманово и ОФС Битола.