Протести против поскапувањата на струјата, парното, бензинот...животот! [вторник, 18 ч.]

  • Креатор на темата Креатор на темата PSYtisfaction
  • Време на започнување Време на започнување
Искрено, многу чудна сорта сме.
Знам многу луѓе (поточно сите околу мене) на кои им е преку глава од сите овие глупости, ама кога ќе дојде време да се излезе и да се искаже незадоволството преку протест, се пикаат по дупки. Не сакаат ни да чујат.
Дали е мрза, незаинтересираност, простотилак, страв или се` заедно, стварно не знам, ама не ќе да е на арно.

А, да. И мислам дека само граѓанска непослушност му е мајката.
Можат да се прават слепи и глуви кога се дереме и трескаме, ама кога ќе им удриме по џебот, е тогаш ќе осетат дека не сме само еден куп дебилчиња кои можат да ги заебаваат како ќе им текне.
И иако не се разбирам доволно, мислам дека повеќе ќе имаме корист од петиција за инвестирање во (изградба на) нови енергетски капацитети отколку петиција за намалување на цените, затоа што тоа од овие алчни бесрамни говеда нема никогаш да го добиеме.
 
Мене ми смета она константно повторување не сме од ниедна партија, не сме од ниедна партија. На кои говеда бре му се правдаш, од кај си и што си. Граѓанско прашање па и ќе му се правдам на некому аман не ми лепи етикета. Ма иди бре у пичку матер.
 
А што ти е на врвот Мјолнире, партиската определба? Јас пак наивната, си мислев дека македонецот треба пред се да ги има националните и граѓански интереси пред се‘, а не партиските. Ете ти уште една разлика која треба да ја направиш, барем до твојата 30та, после тоа безсмислено е..
пред некоја година имаше опција која нудеше брз влез во ЕУ и НАТО и зголемување на стандардот за сметка на идентитетот. Не ја избрав таа опција. Сега јасно ти е кои се моите приоритети?
--- надополнето: 15 август 2012 во 09:08 ---
Мене ми смета она константно повторување не сме од ниедна партија, не сме од ниедна партија. На кои говеда бре му се правдаш, од кај си и што си. Граѓанско прашање па и ќе му се правдам на некому аман не ми лепи етикета. Ма иди бре у пичку матер.
Тоа е добро затоа што до сега речиси сите протести беа киднапирани од оваа или онаа партија.
 
пред некоја година имаше опција која нудеше брз влез во ЕУ и НАТО и зголемување на стандардот за сметка на идентитетот. Не ја избрав таа опција. Сега јасно ти е кои се моите приоритети?
Јасно ми е само дека било каква опција да се понуди, ти ќе ја бираш сегашната, што значи приоритетите не ги бираш туку ти ги бираат. Ај сеа иди плаќај струја..
 
Јасно ми е само дека било каква опција да се понуди, ти ќе ја бираш сегашната, што значи приоритетите не ги бираш туку ти ги бираат. Ај сеа иди плаќај струја..
Струја немам платено 3 месеци :) убаво ме потсети...
P.S. тоа што од завчера си станала "револуционерка" не значи дека ме познаваш. Јас кога одев на протести ти веројатно беше у основно а твоите ти викаа што им е на дечиштава овие се луди. Си била во прв ред кога фрштеле камења и тули (протест против легализација на тетовскиот универзитет - сега годишно од нашите пари одвојуваме најмалку милион евра,а дипломите ги израмнија со тие од Кирил И Методиј значи ги девалвираа апсолутно - излезени на протест 1000 души), си била на протест кога до тебе се пукало со пиштоли и по некоја пушка (протест 2001 година против одобрувањето да се повлечат терористите од Арачиново, уништени возила, демолиран парламент), си излегла на референдум против територијална реорганизација (ти или твоето семејство) или гледавте телевизија? јас лично со кола носев луѓе на потпис...ова се само дел од протестите на кои сум присуствал, за настани кои не значеа 500 денари помалку у џеб, туку настани кои ни ја сјебаа државата, настани кои тотално ни го променија општество создавајќи проблеми кои ќе треба да ги решаваме со години понатака...
 
Струја немам платено 3 месеци :) убаво ме потсети...
Ко ќе те искључат, може и ќе ти светне сијаличката чии интереси треба да браниш. Дали своите или за 500ка пред избори и мизерување у следни четири години ќе ги браниш интересите на пастирот.
 
Тоа е добро затоа што до сега речиси сите протести беа киднапирани од оваа или онаа партија.
Знаеш што е добро? Што останале 1000 младинци да излегуваат за сите вас против покачување на комуналии, против полициска бруталност, против промена на име (Пела протести), против се она што ви го загорчува животот. А знаеш што е жално? Жално е што вие во удобна фотеља изигравате судии. Тоа не е само жално, туку трагично. Жална е таа слика, без критична маса, без силата на студентите, без униите на средношколците да поведат напред. Жална е таа младина која од факултет со партиска книшка влегува во државна администрација без идеа, без мотив да направи нешто за себе и околината, на кои устите им се залепени од политичка партија која им ја обезбедила таа столица врз грбот на граѓаните, тотално промашени генерации.
И јас спаѓам во тие генерации кои први испаднаа во 97ма на улица по повод студенските протести, потоа ги баравме промените во 98ма и фала богу од тогаш ептен ни се промени животот. Си добивме војна, мизерна економија и вакви бездушни протести...цела генерација ни ја заќутеа политички, гледаме и денес оној што беше лидер е библиотекар. Не викаа експериментални генерации, можеа и подобар назив да ни стават глувци. Молк. Партија.
Разбудете се, вака неможе напред. Ако не излезете да го покажете револтот по било кое заедничко прашање вечно ќе бидете потиснати. Ние ги бираме зарем не? Во нас нели е моќта? Која моќ бе генерацијо, пикната во глувчја дупка.
 
Струја немам платено 3 месеци :) убаво ме потсети...
P.S. тоа што од завчера си станала "револуционерка" не значи дека ме познаваш. Јас кога одев на протести ти веројатно беше у основно а твоите ти викаа што им е на дечиштава овие се луди. Си била во прв ред кога фрштеле камења и тули (протест против легализација на тетовскиот универзитет - сега годишно од нашите пари одвојуваме најмалку милион евра,а дипломите ги израмнија со тие од Кирил И Методиј значи ги девалвираа апсолутно - излезени на протест 1000 души), си била на протест кога до тебе се пукало со пиштоли и по некоја пушка (протест 2001 година против одобрувањето да се повлечат терористите од Арачиново, уништени возила, демолиран парламент), си излегла на референдум против територијална реорганизација (ти или твоето семејство) или гледавте телевизија? јас лично со кола носев луѓе на потпис...ова се само дел од протестите на кои сум присуствал, за настани кои не значеа 500 денари помалку у џеб, туку настани кои ни ја сјебаа државата, настани кои тотално ни го променија општество создавајќи проблеми кои ќе треба да ги решаваме со години понатака...
:facepalm: Демек јас не те знам, ама затоа ти многу добро ме познаваш, срце тоа убаво.
Јас ти гарантирам дека ти не си бил роден јас на протест кога идев! Ја банализираш темава, али нек ти биде..
 
Mjolnir Princess Of Evil времето за мерење по форуми - помина..........биле или не биле на досегашни протести - очигледно истите не вродиле со плод.........пошто сте толку искусни,се надевам во иднина ќе учиме од грешките и ќе организираме нешто како што треба кое ќе вроди со плод и ефект

протестите како оној за струјата вчера со сатирични и иронични чкртаници на картони сигурно нема да вродат со плод :facepalm:
 
Па да поентата ми беше дека за ептен поголеми работи не вродиле со плод та за ова...ама нема врска сепак давам морална поддршка и за оправдани барања секогаш ќе давам поддршка. Ама ете ни тоа не им било доволно, требало да излезам...
 
:facepalm: Ти Еу да не се замислуваш?
 
Све си мислам дека ако се договорат сите форумџии да излезат на протести ќе има бројка од 50000.Ама никако да постигнеме договор.Едни викаат не се мешам во политика,други пак немаме превоз,трети имам работа на факс,четврти на работа се итн ама шо е најбитно сите на форум кој од кој појак и сите го подржуваат протестов:facepalm:
 
Јас ќе присуствувам во вторник. Можеме како група кајгана да се собереме, да се организираме со транспаренти и да се приклучиме на протестот.
 
Најгласен од сите што протестираа вчера беше Шмекерот; па да го пофалиме јавно :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom