Колку вистина има во астрологијата/хороскопот?

B

Black Guard

Гостин
И хороскопот е глупост,па за глупост се пишуваат глупи текстови.

Така.
--- надополнето: 11 август 2012 во 17:56 ---
Хороскопот како глупост измислен од глупи луѓе, на кои глупи луѓе веруваат и даваат глупи коментари, некогаш и како тоа колку глупи се луѓето кои не веруваат во големата глупост во која тие веруваат. А е глупост.

*scary suspense movie music*

Zodiasception! .... :cautious:

Дај објасни како влијае положбата на сонцето,на марс и венера врз мојот живот,понатаму низа ѕвезди кои моментално не се на позицијата на која ги гледаме оптички??

Објасни па може ќе поверувам инаку за хороскопов честопати сум запаѓал во конфликти де со женски де со машки,ма нема врска полот едноставно ќе се потрудам да објаснам дека тие генерални карактеристики ги имаме сите имајќи предвид дека Shit happens тогаш доаѓам до заклучок зошто хороскопот е релевантен за многу луѓе.

А кој хороскопски знак игра најдобро шах??
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Дај објасни како влијае положбата на сонцето,на марс и венера врз мојот живот,понатаму низа ѕвезди кои моментално не се на позицијата на која ги гледаме оптички??
Зошто мене ме прашуваш? :)
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Ништо не разбираш, гледаш дека те кани на дејт ти за 500ки си се стегнал. Оти таму договори на ПП место каде да ти направи карта и каде да и ги исплатиш парите.
Дејтови у Љубов и секс се закажуваат, не тука:D
Се гледа дека абер немаш како работам хороскоп....пари на трансакциска, а натална праќам по мејл.
Ама може сестра ти да му ја местиме за дејт, особено ако е Риба, Шкорпија, или Рак. Ептен е слаб на нив;)
--- надополнето: 12 август 2012 во 16:13 ---
Ако се зезаш...може.
Ако си озбилна, за гага работи од интернет што се наоѓаат 500 денари :pos:
А да беше на муфте ќе можеше, нели? 10-15 страни опширно да куцам, милина. И на крај само едно ФАЛА (а дури ни тоа секогаш)
Ако има за гага на Интернет, зш тогаш од мене бараш натална?:)
--- надополнето: 12 август 2012 во 16:16 ---
Така.
--- надополнето: 11 август 2012 во 17:56 ---

А кој хороскопски знак игра најдобро шах??
Најдобри шахисти се овие:

One conclusion that we can get it is that in order to be a Grandmaster chess player it better to have a Mercury-Mars degree angle below 90 degrees.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Дејтови у Љубов и секс се закажуваат, не тука:D
Се гледа дека абер немаш како работам хороскоп....пари на трансакциска, а натална праќам по мејл.
Ама може сестра ти да му ја местиме за дејт, особено ако е Риба, Шкорпија, или Рак. Ептен е слаб на нив;)
Пфффф сум закажувал дејтови во Брза Помош кога го носевме еден другар на инфузија, па во ваква релаксирачка атмосфера каде што се разговара за се и сешто не гледам проблем.
Што ако сакам средба тет а тет? Можеби не сум задоволен од тоа како е изработена наталната карта, па сакам дообјаснување.
Да не беше мажена одма му ја местев на дете како Члено без разлика дека не припаѓа на тие знаци.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
А да беше на муфте ќе можеше, нели? 10-15 страни опширно да куцам, милина. И на крај само едно ФАЛА (а дури ни тоа секогаш)
Ако има за гага на Интернет, зш тогаш од мене бараш натална?:)
Ќе добиеш и кафе/пиво, зависи од лични преференции. А барав затоа што секој што се занимава со ова си интерпретира на свој начин.
 
B

Black Guard

Гостин
Најдобри шахисти се овие:

One conclusion that we can get it is that in order to be a Grandmaster chess player it better to have a Mercury-Mars degree angle below 90 degrees.
Јас мислев дека е до аритметичко логичката единица во мозокот задоолѓена за истите операции.

Зошто мене ме прашуваш? :)
Оти веруваш у хороскоп,астрологија,нумерологија, впрочем прашањето е за сите кои си го губат времето на вакви...неоправдани активности.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Ќе добиеш и кафе/пиво, зависи од лични преференции. А барав затоа што секој што се занимава со ова си интерпретира на свој начин.
Нит кафе нит пиво пијам:D Навистина:)
Голем број од нив не ни интерпретираат, туку само вадат компјутерски податоци и толку - сосема погрешно!
Јас во мојата интерпретација вклучувам и кармички елемент (Карма - закон на причината и последицата, се што правиш ти се враќа на овој или оној начин) :) Значи, кои ти се кармичките лекции кои мораш да ги совладаш во животот и како максимално да ја искористиш енергијата која ти е дадена со раѓањето. Ти посочувам и јавни и скриени непријатели, значи се на што треба да внимаваш, било да доаѓа од твоја лична непромисленост, било како закана однадвор.Тука си спаѓа и здравје, љубов, деца, работа, кариера, среќни денови, метали и скапоцени камења, амајлии.
За цената која ја спомнав, мислам дека и не е скапа, бидејќи јас на секоја интерпретација и се посветувам максимално, што се вели, како за мене да е.
Крајнички за натална зема 900 денари, Зоран Крстевски 1600 (со закажување тет-а тет у канцеларија, како што сака Windfucker:)), 1700 на skype . Александар Јовановиќ од Вест бара 1400.
--- надополнето: 14 август 2012 во 16:00 ---
Пфффф сум закажувал дејтови во Брза Помош кога го носевме еден другар на инфузија, па во ваква релаксирачка атмосфера каде што се разговара за се и сешто не гледам проблем.
Вака прави само некој кој е Шкорпија или има силен шкорпионски аспект во картата;) Ќе ми кажеш ли што знак си?
Инаку за местењето дејтови...ако те бива и имаш талент, почнувај бизнис;)
Ја ценам добрата намера, но верувај дека можам и сама да си закажам дејт со тој што ми се свиѓа (Венера во Овен);).

Ако почнам тет-а-тет средби да закажувам дома, комшиите одма муабет ќе ми извадат, да не сум отворила салон за масажа или нешто слично, па којзнае што правам;):LOL:
 
Член од
30 јули 2012
Мислења
22
Поени од реакции
18
Еве еден професионален астролог, еден од вишите волшебници во кои се крстите.

 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Така.
--- надополнето: 11 август 2012 во 17:56 ---


А кој хороскопски знак игра најдобро шах??
Дополнение на она што го пишав за шахот, Девицата и Јарецот се природно надарени за истиот:)
--- надополнето: 14 август 2012 во 16:05 ---
Еве еден професионален астролог, еден од вишите волшебници во кои се крстите.

Јас се крстам само во Господ, а во волшебници не верувам.
 
Член од
30 јули 2012
Мислења
22
Поени од реакции
18
Охооо, христијанка што се занимава со пагански хокус покус. Ќе ти суди свети Перо, девојко. :(
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Охооо, христијанка што се занимава со пагански хокус покус. Ќе ти суди свети Перо, девојко. :(
Хаха, знаев дека тоа ќе го кажеш:LOL: Не реков дека сум христијанка, тоа ти си побрза да ми залепиш етикета, спиритуална сум, верувам во виша сила која повеќето ја викаат Господ или Алах, но христијанка не. Одбивам да бидам дел од религија која е сосила и насилно наметната врз народов.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Секоја Шкорпија по природа ја привлекуваат парите и моќта, без оглед на полот. Карактеристично е тоа што Шкорпиите и машки и женски можат да бидат многу привлечни за спротивниот пол, дури и ако не се традиционално убави.
Не можеш да се соласиш со нив затоа што се водени знаци, а ти си воздушен (некомпатибилна енергија). Водените и земјените се материјалистички ориентирани, од парите и положбата црпат сигурност и сатисфакција.

За воздушните знаци (Близнаци, Вага, Водолија), парите се СРЕДСТВО, а не ЦЕЛ.
Огнените знаци (Лав, Стрелец и Овен) исто така ги сакаат парите, преку кои го манифестираат своето его. Но, добрата страна им е што се великодушни, па знаат да споделат се што имаат.

Огнените добро се согласуваат со својата група и со воздушните (и обратно).
Исто и земјените (Бик, Девица, Јарец) со водените (Шкорпија, Риби, Рак) - совршено си одговараат меѓусебе.

Значи, барај девојка Лав, Овен, Стрелец, или Близнак, Вага, Водолија. А за подетално околу љубовта ќе ти пишам на ПП;)
Пиши ми пп :P
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Нит кафе нит пиво пијам:D Навистина:)
Голем број од нив не ни интерпретираат, туку само вадат компјутерски податоци и толку - сосема погрешно!
Јас во мојата интерпретација вклучувам и кармички елемент (Карма - закон на причината и последицата, се што правиш ти се враќа на овој или оној начин) :) Значи, кои ти се кармичките лекции кои мораш да ги совладаш во животот и како максимално да ја искористиш енергијата која ти е дадена со раѓањето. Ти посочувам и јавни и скриени непријатели, значи се на што треба да внимаваш, било да доаѓа од твоја лична непромисленост, било како закана однадвор.Тука си спаѓа и здравје, љубов, деца, работа, кариера, среќни денови, метали и скапоцени камења, амајлии.
За цената која ја спомнав, мислам дека и не е скапа, бидејќи јас на секоја интерпретација и се посветувам максимално, што се вели, како за мене да е.
Крајнички за натална зема 900 денари, Зоран Крстевски 1600 (со закажување тет-а тет у канцеларија, како што сака Windfucker:)), 1700 на skype . Александар Јовановиќ од Вест бара 1400.
--- надополнето: 14 август 2012 во 16:00 ---


Вака прави само некој кој е Шкорпија или има силен шкорпионски аспект во картата;) Ќе ми кажеш ли што знак си?
Инаку за местењето дејтови...ако те бива и имаш талент, почнувај бизнис;)
Ја ценам добрата намера, но верувај дека можам и сама да си закажам дејт со тој што ми се свиѓа (Венера во Овен);).

Ако почнам тет-а-тет средби да закажувам дома, комшиите одма муабет ќе ми извадат, да не сум отворила салон за масажа или нешто слично, па којзнае што правам;):LOL:
Не бе цената си е прифатлива нема проблем, само јас мислев аматерски на форум дека се занимаваш...чисто као разонода.

Еве ти едно убоо видео плис изгледај го и ако ти љуби душа искоментирај....бај д уеј...ја и виндфакер сме јарци :vozbud:

 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Стеф, пишав веќе многу материјал гага, сандачето ми го преплавија...ти реков општо со кои знаци се сложуваш, но не мора да значи, бидејќи тоа што ти го реков е само дел од мозаикот. За права слика јас мора ЦЕЛ хороскоп да истолкувам (а тука има работа). Не постојат две исти карти, за секого посебно морам да работам.
Значи, ако сакате натална, со сите можни објаснувања за вашиот живот, кажете. Овие денови пишав едно чудо материјали џабе, ајде за атер на Кајганава. Но, навистина не е фер да ме експлоатирате:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom