Една од причините поради која доколку утре пукне јас нема да одам во резервисти ниту да земам било какво учество во војната што не е дипломатија без разлика кој и да ме покани!
За време на војната бев малолетен, сите мои стриковци беа во резервистите, се бореа, ја бранеа македонија, пораснав со нивните пост-воени трауми, гледав како се тресат неможат да спијат навечер, стануваат параноични раскажуваат за војници што им паднале на раце, кажуваат како не им било дозволено да пукаат во таа политичка игра во 2001, со нивните малолетни деца седев кога незнаеа дали после гранатите што паѓаа над нивните бункери татковците ќе им се вратат живи дома, растев со нивните трауми, а нив никој фала не им рекол, никој не ги прашал ни апчиња дали имаат да си купат, дали се добро, и у болница несакаат да ги прегледаат психијатар ниту еднаш цела војна им немаат донесено, и парите им ги немаат исплатено и кога излегоа да штрајкуваат пред влада со палки ги растеруваа дома да идат, а тие за да стигнат до скопје се позајмуваа пари за карта да си купат.... затоа што како што не се почитува законот за работни односи кога тие гордо ја бранеа македонија со месеци на нивните места вработија други работници и од овие веќе немаа потреба, а и кој има потреба од истрауматизиран работник?
за споредба, војниците од спротивната страна поголем дел неписмени завршија во влада, со по 1000 евра почетна плата, директори, службени коли и телефони, дозовола од обична улица да наплаќаат паркинг, да собираат легален рекет со налепници за секјурити, да возат диви комбиња без ниту паркинг да плаќаат.... и уште државниот врв да им се поклони што убиле војници што ја бранеле својата држава и што оставиле млади вдовици дома!
Можеби со мојата прва реченица ме замисливте како предавник и не ме ни загрижува тоа, верувам дека доволно интелигентни луѓе ја сфатија мојата порака и знаат на што целам, треба прво да се заштитиме самите од себе па после да се штитиме и од надвор!!!