Легална борба против ЕВН и Топлификација

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Е па им се може на ЕВН, си станаа сопственици на елекродистрибуцијата.

Кој ни е крив кога владата на СДСМ ја продаде Елекродистрибуцијата на ЕВН во 2006 година и то за 250 милиони евра, а во 2001 г. се зборуваше дека вреди 2,5 милијарди евра.

Јас да бев сопственик на електродистрибуција би барал и 100% поскапување, зошто поголема заработка би имал, кога веќе знам дека нема да има никаков отпор, пошто нашиов народ е мирен и за ништо не се буни.
Добра смешка за пред спиење.То се си е во ред со Бучко во 2006-та дека одлуката беше идиотска.Ама сигурно случајно ја забораваш денешната ситуација и РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА.
Кога сме веќе кај вакви битни енергетски капацитети, не ја заборавај ни Рафинерија / ОКТА и нејзината штетна продажба ;)
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Добра смешка за пред спиење.То се си е во ред со Бучко во 2006-та дека одлуката беше идиотска.Ама сигурно случајно ја забораваш денешната ситуација и РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА.
Кога сме веќе кај вакви битни енергетски капацитети, не ја заборавај ни Рафинерија / ОКТА и нејзината штетна продажба ;)

Не беше само Бучко туку СДСМ.

Регулаторната комисија си ја работи работата за која е задолжена.

ОКТА имаше 20 милиони марки загуба и доколку не се продадеше ќе одеше во стечај и ќе имавме уште една “стаклара“....

Не го заборавив ниту Телекомот...
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Не беше само Бучко туку СДСМ.

Регулаторната комисија си ја работи работата за која е задолжена.

ОКТА имаше 20 милиони марки загуба и доколку не се продадеше ќе одеше во стечај и ќе имавме уште една “стаклара“....

Не го заборавив ниту Телекомот...
Очигледно многу добро си ја сработила работата.Само од кој налогодавач....
Совет:побрзо излези од паралелниот свет!
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Не беше само Бучко туку СДСМ.

Регулаторната комисија си ја работи работата за која е задолжена.

ОКТА имаше 20 милиони марки загуба и доколку не се продадеше ќе одеше во стечај и ќе имавме уште една “стаклара“....

Не го заборавив ниту Телекомот...
Море за такви ко тебе и ноќната евтина тарифа да ја укинат и струјата 500 % да ја покачат, а ако живееш у куќа да те тераат да плаќаш парно.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Море за такви ко тебе и ноќната евтина тарифа да ја укинат и струјата 500 % да ја покачат, а ако живееш у куќа да те тераат да плаќаш парно.
Приготвив една поздравна порака до Организаторите на Протестите во вторник.
Со оваа порака сакам не само да ги поздравам, туку да им дадам податоци кои можат да ги искористат во формулирање на барањата. Меѓутоа не знам како да им ја испратам.
Затоа замолувам ако некој може да им испрати порака да им је пренесе следнава моја порака:
________________

Поздравна порака со која Смрт за зони и пајак возила, Член на Форумот „ Кајгана “ ги поздравува Учесниците и Организаторите, на протестите „ Протестите за струја, парно, бензин, воздух .... на 14. 08. Вторник “
Ве поздравувам и Ви посакувам секое е добро. Посакувам и успех на Протестите на кои и јас, како и многу други граѓани, ќе се приклучам со единствена цел да ја принудиме Регулаторната комисија за енергетика да си поднесе оставка. Регулаторната комисија е номинално независен орган и неа не може да ја смени ниту Собранието, ниту Владата. Но таа е далеку од независност, бидејќи своите активности ги подреди, не на интересите на граѓаните на Република Македонија, туку на интересите и профитите на претпријатијата од кои според нејзините надлежности требаше да не заштити. Единствен начин да се ослободиме од неа е да ја принудиме да поднесе оставка. Нека одат каде сакаат, само што подалеку од нас.
Регулаторната комисија за енергетика во својата досегашна активност направи многу злосторства, но на крајот на јули оваа година направи две злосторства кои го предизвикаа Вашето и моето огорчување и не принудија да дигнеме глас и да се спротивставиме на угнетувањето кои тие го прават.
Тие сосема неосновано ја зголемија цената на електричната енергија за речиси 19% ( укинувајќи ја ефтината тарифа од 13 до 16 часот ) и ги донесоа Правилата за снабдување со топлинска енергија со кои ги принудија „ исклучените “ да и плаќаат на Топлификација при тоа не добивајќи ништо за возврат.
Со покачувањето со цената на струјата и делумното укинување на ефтината тарива направено многу големо злосторство, бидејќи со него се оштетени сите граѓани на Република Македонија. Но она што тие го направија кон корисниците на услугите на Топлификација е многу по гнасно злосторство и ако со тоа злосторство се засегнати многу помал број граѓани.
Бидејќи со години наназад ги следам случувањата околу Топлификација, во наредните редови ќе ги образложам овие случувања.
Во есента 2007 за затплување на станот од 72 м2 во кој живеам, Топлификација наплатуваше 1952,50 денари месечно. Сега за затоплување на истиот стан Топлификација би наплатувала 5833,50 денари месечно. Што значи Топлификација сега наплатува три пати повеќе за затоплување на истиот стан.
Секој стан, секоја година ќе потроши потполно иста количина на топлинска енергија. Тоа е природна законитост и сега секој ќе се запраша од каде ова зголемување од 300%
Цената од 1952,50 денари е добиена кога 72 м2 се помножени со 22,97 денари колку тогаш се наплатуваше за еден метар квадратен затоплувана површина и на тоа се додадени 18% ДДВ.
Ако сметате дека тогашната цена била многу ниска – грешите. Таа цена беше претерано висока.Така да интервенираше Уставниот суд на Република Македонија и донесе две Одлуки. Тоа се Одлуките У.бр 56/2008 и У.бр. 91/2008 со кои се намалени високите цени на Топлификација.
За да ја надомести оваа „ загуба “, Топлификација почна да го користи начинот на мерење на потрошената топлинска енергија наречен „ мерење со калориметри “. Тој начин на мерење, не е точен и постојано покажува плус во корист на Топлификација. Од друга страна, овој начин на мерење не е предвиден со закон или друг пропис, односно Топлификација, без било каков правен основ, самостојно го наметна.
Ова незаконско наметнување на овој начин на мерење, беше должна да го спречи Регулаторната комисија за енергетика. Во член 19 од Законот за енергетика од 2006, ова е наведено како надлежност на Регулаторната комисија за енергетика. Но таа не превзема ништо.
Првата година кога е користен овој начин на мерење ( тоа е грејната сезона 2007/2008 ), граѓаните речиси да не го почуствуваа. Топлификација, според Одлуките на Уставниот суд, беше во обврска да враќа пари, па покачувањето со начинот на мерење се „ компензираше “ со тоа враќање.
Но, веќе следната грејна сезона 2008/2009, граѓаните ги почувствува наметнувањето на овој начин на мерење. Почнаа да добиваат сметки и за 100 и повеќе посто повисоки од претходните. За тоа опширно известуваа медијумите
Еве еден пример како во јануари 2009 година за тоа извести Алфа Телевизија
http://www.alfa.mk/default.aspx?mid=37&eventid=4268
Можете да прочитате дека граѓаните се жалат на високите сметки, а Регулаторната комисија и Топлификација за таквите сметки лажно ги обвинуваат „ диво приклучените “ ( во тоа време немаше „ исклучени “ ), кој наводно ја краделе топлината.
Можете да прочитате и дека граѓаните упатувале претставки до Народниот правобранител, Пазарната инспекција и Организацијата на потрошувачи.
Ова сцена ќе се повторува и наредните четири години. Граѓаните ќе добиваат повисоки сметки, ќе се жалат на Народниот правобранител, Пазарната инспекција и Организацијата на потрошувачи, но тој што имаше надлежност да го попречи овој начин на мерење, а тоа е Регулаторната комисија за енергетика нема ништо да направи и постојано лажно ќе обвинува други . Во прво време тоа ќе бидат „ диво приклучените “, а подоцна „ исклучените “. Во меѓу време илјадници граѓани ќе се исклучат од системот на АД Топлификација, за да се спаст од астрономските сметки предизвикани од овој начин на мерење.
Регулаторната комисија за енергетика не само што не превзема ништо да го попречи наметнувањето на овој незаконски начин на мерење, туку на крајот на март 2009, изврши „ легализација “, на овој начин на мерење и ако воопшто тоа не беше во нејзина надлежност.
И минатата зима се случи иста работа, граѓаните добија астрономски сметки, а Регулаторна повторно лажно ги обвини „ исклучените “
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=85768

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=CCD153E9F48389488F3CE01B2097F9C7

Можете да видите дека Председателот на Регулаторна ги повикува граѓаните да ги платат сметките и изјавува дека Топлификација не е виновна, дека начинот на мерење ќе се подобрел ако се постават некакви „ распределители “ . Наводно потребно е само граѓаните да си купат некакви „ распределители “ за цена од 250 евра.
Секој кој поседува малку логика ќе се запраша како може едно неточно мерење да стане точно со поставување на „ распределители “? Има ли тука било каква логика?
Во овие изјави Председателот го најавува она што на крајот на јули 2012 Регулаторната комисија за енергетика и го направи. Со донесување на Правилата за снабдување на топлинска енергија, со кршење на основните човекови права, Регулаторната комисија за енергетика наметна исклучените да и плаќаат на Топлификација. На тој начин, Топлификација ќе ги задржи своите приходи, а „ неисклучените “ сепак ќе добијат за околу 3%, пониски сметки, бидејќи дел од сметки сега ќе плаќаат „ исклучените “.
Инаку, Топлификација, воопшто не е во лоша финансиска ситуација, таа сеуште наплатува за своите бедни услуги барем три пати повеќе од колку што тие услуги вредат. Но сепак, Регулаторната комисија за енергетика, во Правилата кои ги усвои, со кршење на основните човекови права и обезбеди уште поголеми профити.
Затоа во вторник треба да се собереме и да им речеме, ОДЕТЕ СИ, долго бевте членови на Регулаторна, долго примавте огромни плати и ништо добро не направивте.
Со слични зборови како што Кромвел своевремено го разбркал Парламентот:
You have sat here too long for any good you are doing. Depart, I say, and let us have done with you. In the name of God, go!
За крај уште еднаш Ве поздравувам и ќе се видиме во вторник пред канцелариите на Регулаторна.
Смрт за зони и пајак возила
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Јас доаѓам на протестот пред Регулаторна. Тие треба да си поднесат оставка се е ова нивно масло....
Председателот на Регулаторна и ако е по занимање електро инженер, кој поим нема што е водено централно греење, дури изјави дека ниту дома немал централно греење, што значи не ни видел само слушнал што е централно греење, даде изјава дека за високите сметки на Топлификација се виновни „ исклучените “. Па објаснива за колориметри и распределители мислејќи дека се тоа уреди слични на струјомерите.
Еве што тој јавно кажува па заклучете сами:
Соседите што го откажаа парното ги вивнаа сметките
Регулаторите со соломонски одговор. Топлификација не е виновна за високите сметки, туку соседите што се откажале од нивните прескапи услуги. Ако сакаат фер сметки, корисниците требало на свој трошок да си набават распределители и за тоа да платат уште по 250 евра.
Ма не му замерувај, сите електро инженери се по малце мрднати. Барем јас не познавам еден, а да е во ред. Сите по некоја даска им фали...
П.С. Треба да го смениш никот во „Смрт за зони и пајак возила... и регулаторни комисии“ :)
 
Член од
29 мај 2012
Мислења
242
Поени од реакции
115
И Битола се крена :)

Во понеделник, 13.08.2012 во 11 часот пред ЕВН Кориснички Енерго Центар Битола (кај „Борово“) ќе се одржи прес конференција по повод организирањето протест против поскапувањето на струјата. Организатор на протестот е Иницијативата против поскапувањата „АМАН!“

Прес конференција по повод организирањето протест против поскапувањето на струјата
 
Член од
30 јануари 2010
Мислења
468
Поени од реакции
573
Koj mu dade ona imeto natoa organizacijata za protesti Amaaaannnnnnnn amaaaaaaaaaaaaannnnnnnnnn.
I imeto luzersko koga ce se postavi kakvi ce bidat rezultatite? Samo da se kukalo placelo of lele aman zaman.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Битно е што ќе банкротираат! Колку само ќе се радувам! :vozbud:
Знаеш дека ако банкротираат нема да има греење зимава или пак веднаш ќе ги откупи одреден про-владин "бизнисмен" и после пак уште неколку пати ќе ги дигнат цените.

Не за џабе Латас лае на телевизија секој ден веќе неколку години против топлификација.Има некаков интерес тука а за нас нема да помине добро во никој случај.
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
Знаеш дека ако банкротираат нема да има греење зимава или пак веднаш ќе ги откупи одреден про-владин "бизнисмен" и после пак уште неколку пати ќе ги дигнат цените.

Не за џабе Латас лае на телевизија секој ден веќе неколку години против топлификација.Има некаков интерес тука а за нас нема да помине добро во никој случај.
Нека нема греење, нека нема греење, нека нема греење :cuc::cuc::cuc::cuc::cuc: само нека пропаднат :cuc:
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.738
Поени од реакции
4.494
Колку треба да си неспособен да банкротираш монопол и тоа со блатантно крадење.
Сам си даде одговор подоле на темава :pos:
Тоа е тоа братче јас отсекогаш сум викал ок крадите пикните некоја пара в џеб ама ич осет да се немало :(:mad::LOL:(Имам помешани емоции не знам дали да плачам или да се смеам вистинска траги-комедија е случајов)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom