Ќе се фатам за рапот бидејќи како и ти, и јас не сакам дискриминација по било која основа, особено кога некој смета дека е во право да отфрли нешто заради лични причини.
Рецитирањето на ритам е многу потешко отколку ти мислиш дека е. Обиди се дома во тоалет (кај шо никој не те слуша, а и да те чуе можеш да се извадиш дека го правиш тоа за стимулација на внатрешните органи

). Вметнувањето музички парчиња снимени на компјутер е полесно од рецитирање. Кој пробал - знае.
Сега, болдираното... Се сложувам комплетно со твојата дефиниција (ако може да ја наречеме така, бидејќи личи на дефиниција). А рапот е токму тоа. Рапот е состојба на умот и начин на живот. Црнечкото население во Њујорк кои го измислија овој стил нема друга алтернатива освен да седи на улица и да се забавува со рецитирање во празно. Без пари, без работа и со гнев во себе заради гнасните џандари. Ако размисли човек, Македонија е идеална почва за развој на хип хоп. Скопје север врие од млади момчиња без пари кои се исфрустрирани од ситуацијата дека е опасно да се шеташ навечер низ маало. Гето стилот е автентичен особено за Скопје. Сосема е нормално да се поистовети човек со некогашниот нигерски начин живот, бидејќи денес го живее тој.
Не велам дека не можеш да пуштиш коса, да се дрогираш, пиеш и блудничиш кај стигнеш додека во слушалки ти ечи Литиум... но искрено хип хоп атмосферата за мене е далку поавтентична денес.
И сега за да биде ова во склоп на темата... многу пологично е денес (според кажаново мое) човек да биде во “фазон“ хип хоп, отколку во рок елемент. Еве, музичарите на страна.
Истото ова и ја го тупам. Плус, и не мора сам да ги пишува песните. Една Селин Дион може слободно да си одбие текст кој не и се допаѓа, а и мислам дека таа Е кантавтор. Пак ќе спомнам класика, Павароти си пишува свои песни? Не. Ајде некој нека рече дека е фејкер, иако токму тој е тотално искомерцијалзиран (заработува и од dirty сликите за во жолт печат), но е пејач пар екселанс. Не свири гитара, ама спаѓа во отсек музика, сигурно не е земјоделец.