Пијанечката Република

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Мислејќи што тема да поставам а да не се повторува како поставена од порано ми текна за Пијанечката република која имала времетраење 2 месеци.

Регионот Пијанец се наоѓа на североисточниот дел на Македонија расположен на горниот трек на реката Брегалница и долините на реката Елешница, од исток допирајќи до реката Струма и од Малешевските Планини до Руен на Осоговските Планини и Кадин Мост кај Ќустендил.

Овој регион преку долината на реката Брегалница се поврзувал со долината на реката Вардар.

Територијата на областа Пијанец почнува од реката Струма кај Четирци од врвот Курилово по ридот до врвот Ересковица - Ѕвегорска планина - Влаина-Кадиица, вододелницата меѓу реката Желевица и Кадиица, северно од селото Митрашинци-Голак- селото Грљани - селото Калиманци-селото Дулица по ридот до Побиен камен (с.Цера)- Руен-Солунка-Шапка-Црна Камен- Ореовски Дол итн.

На југ се граничи со Малешево, Обозна и Кочанската котлина, на запад со Осоговските планини.

По битката на Ровине 1395 година во Пијанец била воспоставена дирекна турска управа. Оваа област бола организирана како нахија во составот на Ѓустендилскиот санџак. Со воведувањето на турската управа бил воведен и новиот феудален систем познат како тимарско-спахиски. Во почетокот турците биле прилично толерантни кон македонското население, но со текот на времето почнале да вршат исламизација во Македонија па и во Пијанец. Тоа особено било изразено во 17 век кога неколку села биле исламизирани пред се, Истевник,Тработивиште, Црник, Вирче, Град, Габрово како и тогашниот и денешен административен центар на нахијата Пијанец Царево Село (денешно Делчево).

Во 19 век кога многу народи национално се оформиле и ги заштитиле своите интереси со создавање свои национални држави, на македонскиот народ со сила на дипломатијата, која ги штитела империјалистичките цели на буржоаските влади во Европа и на Балканот, му било оневозможено да создаде национална држава.

По дознавањето на турските власти дека со посредство на руската војска, Дедо Ило со својата чета пристигнал да го ослободи Пијанец, тие панично го напуштиле тој регион. Но, Дедо Ило , иако имал точни податоци и информации дека во Пијанечко немало турска војска и органи на власт, решил да побара да се сретне со некој од по видните и по влијателни месни Турци во тој крај. Бил убеден дека со таква средба ќе се добијат многу полесно очекуваните резултати и ќе се олесни заземањето на Пијанец.

Го повикал стариот виден и влијателен во пијанечкиот крај Турчин Мустафа Брзе од с.Габрово, Делчевско поранешен долгогодишен буљукбаша, со кого се познавале од порано. Средбата се одржала кај месноста "Ветренска полјанка" при што било договорено Мустафа Брзе да ги убеди муслиманските првенци во Пијанец, без пролевање крв, за три дена да го соберат оружјето од Пијанечките села и да го однесат во Долни Црквинец каде се наоѓал штабот на Дедо Ило. Тоа било сторено без отпор и со премолчена согласност, зашто Турците знаеле уште од порано кој е Ило Војвода и дека не вредело некој да му се спротивставува. Дедо Ило, меѓу другото, го запознал Мустафа Брзе дека тој доаѓа како предходница на руската војска која се наоѓа во Ќустендил за да го заземе Пијанец и неговата нахија.


Делчево е град во источниот дел на Македонија сместен во котлината Пијанец во близина на границата со Бугарија. Делчево, според едно предание во византиско време се викало Василево, што преведено од грчки значи Царево Село. За прв пат како населба Царево Село се споменува во една повелба на Цар Душан од 1347 до 1350 година. со неа тој му подарил повеќе места и ниви од Пијанец на манастирот од Лесново. Во турско време Делчево се викал и Султанија. На 164 км источно од Скопје, во подножјето на планината Голак.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Познато е дека македонскиот народ го даде својот прилог во сите востанија, буни и револуционерни борби на балканските народи, во Српското и во Грчкото востание, како и во српско-турската и во руско-турската војна во текот на големата Источна криза, и кога требаше и беа создадени услови самиот да се ослободи, тогаш империјалистичките влади на европските држави, а особено на балканските, не само што ја попречиле борбата на македонскиот народ, туку и самите воделе политика на заграбување територии од Македонија, политика на распарчување и поробување на македонскиот народ.
Тој период се карактеризира со силно незадоволство на потчинетите народи на балканаот против повеќевековната турска тиранија, коешто довело во Босна и Херцеговина до Босанско-Херцеговското востание во 1875 година и до Разловечкото востание во Македонија во 1876 година.
Со објавувањето на Руско-турската војна 1877/1878 година народните маси во Македонија се раздвижиле уште повеќе надевајќи се на брзата пропаст на турската империја и на своето ослободување. Објавувањето на оваа војна имало голем одзив кај македонската емиграција во Србија и Романија. Еден дел од македонските револуционери-доброволци што учествувале порано во Српско - турската војна се префрлиле во Романија и заедно со тамошните револуционери -доброволци се приклучиле кон руските војски.
Организирањето нас македонските доброволци во руската армија му било доверено на некогашниот руски конзул во Битола, Михаил Хитрово и наеговиот агент Стојан Везенков, македонец роден во Крушево. Од околу 400 пријавени доброволци биле формирани дружини.
Командувањето на овие чети им било доверено на познати македонци како: Дедо Ило Марков Малешевски од Берово, познат по прекарот Капетан Илија, Ѓорѓи Пулевски од с.Галичник, Дебарско, Григор Огненов од с.Галичник, Ѓорѓи Антонов (Капетан Ѓорѓи), од с.Бели, Кочанско, и Димитар Трифунов Цветков ос с.Лабуништа, Струшко, познат под прекарот-Арнаутинот.
Учествувајќи во руско-турските операции на западниот фронт со надеж дека со новното учество ќе го дадат својот придонес за ослободување од турското ропство на татковината Македонија, македонските доброволци во составот на руската армија стигнале и учествуваче во ослободувањето на Софија.
Според оценките на М.Хитрово македонските доброволци храбро се бореле против турците.


 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.132
Поени од реакции
2.311
Семките разбиваа со тапаните,а орото го води некој од Звегор или грешка сам ? ;)
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
По заземањето на Софија и по тридневниот престој таму,сите македонски чети се собрале под заедничка команда на војводата Дедо Ило Малешевски се вклучиле во рускиот одред, формиран за преземањето и ослободувањето на Ќустендил. Дејноста на овие чети подоцна се променила во основно јадро за ослободување на поробена татковина Македонија. На 13.јануари четата на Дедо Ило заедно со еден руски ескадрон под командата на Јуриј Задерновски, како и еден одред македонски доброволци на чело со Симо Соколов го преземаат ослободувањето на Ќустендил.

По преземањето на Ќустендил и по тридневен одмор Дедо Ило со својата чета од околу 150 четници го продолжил паток кон Царево село (Делчево), за да ослободи еден дел од Македонија близу до неговото родно Малешево. По два дена одење Дедо Ило пристигнал во селото Долни Црквинец оддалечено на околу 4 километри од Царево Село. Селото, рапрскано на маали во една од нив маалата Сенишник, одседнала четата. Војводата со четата биле сместени во куќите на Иванчо Босилков и Цоне Иванов, а четниците биле распоредени во околните куќи во истото ммало.
На денот на влегувањето на Дедо Иловата чета во с.Долни Црквинец, бил пречекан од видниот чорбаџија Дедо Нико Поп Стоилов, од Царево Село, негов личен познаник и пријател. На средбата Дедо Ило бил информиран дека четата од Разловечкото востание од 1876 година под раководство на Димитар Поп Георгиев Беровски од Берово во тоа време се уште се наоѓала во селото Разловци.

Веднаш Дедо Ило извршил распоред на четниците за одбрана на селото од евентуален напад од турците.

Во меѓувреме, од сите Пијанечки села ја распространиле веста Дедо Ило пристигнал во Пијанец да му стави крај на ропството и дека целото турско население ја искажала својата готовност да го предаде оружјето и да се покори на донесеното решение.

Дедо Иљо Малешевски,

 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247

Царево село(Делчево)

По Овој чин Дедо Или го повикал Димитар Поп георгиев, негов стар пријател и соселанин од берово, да дојде во селото Д.Црквинец и со својата чета изврши целосно разоружување на турскиот аскер и на турското население во Пијанечкиот крај. По пристигнувањето на Димитар Поп Георгиев во селото Д.Црквинец пристигнала вест дека и прочуениот во цело Пијанечко Ајдук Суљо, од селото Ѕвегор ја искажал својата покорност на новата власт.

По предавањето на оружјето од целиот Пијанечки регион, војводите Дедо или и Димитар поп Георгиев на радост на своите четници и Пијанечкото население ја објавиле слободата во овој крај.

На радоста и немало крај, бидејќи тој момент народот од овој крај и од цела Македонија го чекал многу долго.

Така без туѓа помош, а со сопствени сили, овој крај бил ослободен од вековното турско ропство и објавен за слободна територија на Македонија.

с. Разловци ( Делчевско)
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
По ослободувањето на Пијанец од турското ропство штабот на Дедо Ило и Димитар Поп Георгиев кој бил во Д. Црквинец свикал собир на населението од регионот. На ова собрание одржано во Царево Село било избрано претставничко тело како највисок орган на револуционарната власт кое било именувано како "Привремена влада" или "Привремено управно тело" а народот тоа го нарекло "Царство"
Ново озбраното тело на републиканско-демократската власт било составено од 11 члена во кое биле: Иван Поп Икономов, Ангел Стојанов Чипев, Никола Тодоров, Мицо Трајанов Киселички, Моне Арсов, Маноил Поп Костадинов, Ангел Ников Чорбаџиски, Мито Ников Бојаџиски, и Атанас Иванов, Македонци и двајца турци Амит Кадијски, Мола Мехмед.
За раководење со Привременото управно тело бил назначен Иван Поп Икономов од Царево Село, а биле формирани и комисии во тоа тело.

Во почетокот на март 1878 биле спроведени избори за селски советници-старешини како извршни органи на револуционерната власт.

Меѓу издадените акти посебно место и припаѓа на молбата испратена на Привремената влада до руската команда во Софија со цел дел од руската армија да дојде во пијанец, која привремено требало да ги штити границите на создадената слободна територија поради острите мерки што ги подготвувала турската власт против револуционерната власт во Пијанец. Но, молбата не била прифатена.

Воспоставувањето на месната власт во сите населени места во Пијанечко, како и привремената влада на реонот со административни институции до создавањето на ПИЈАНЕЧКАТА РЕПУБЛИКА.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
По изборот на Иван Поп Икономов во Окружниот управен управен совет во Ќустендил, за претседател на Царевоселската привремена влада на Пијанечката Република бил назначен Ангел Ников, виден првенец од тој крај.
За цело време додека Царево Село и селата од нахијата биле управувани од привремената влада на Пијанечката Република немало никакви бедоразбирања меѓу Македонците и муслиманите. Движењето на неселението било слободно насекаде низ Пијанец.
Функционирањето на револуционерната власт во Пијанечката Република траело цели два месеца. Меѓутоа по склучувањето на Руско-Турскиот мир, на 3 март 1878 година во Сан Стефано, турските војски добиле заповед да ја ликвидираат револуционерната власт во Пијанец и да ја очистат од присуството на македонските чети.
На 29 март 1878 година околу 2-3 часот по ручек се пронел глас во Царево Село дека од Кочани кон Царево Село се движел многуброен турски аскер, околу 5000 души, со четири топа и околу 150 души коњица, на чело со Хаваз-паша. Таа војска била распоредена за одмор и преноќување на Калиманско поле и требало да пристигне во Царево село наредниот ден.
Веста за движењето на турската војска кон Царево Село предизвикала страв и паника кај македонското население во Пијанец.
Населението не знаело од страв што да прави, дали да остане во своите домови или да бега и да се спаси опд убиства, насилства и пљачкосувања од турската војзка и башибозукот. Поголемиот број семејства решиле да бегаат кон "Црна скала" на границата со Бугарија на пат за Ќустендил, каде имало Руска војска и власт, а дел од нив побегнале во правец кон Горна Џумаја (денешен Благоевград).
Речиси за еден ден Царево Село и Пијанечките села поради страв од турците селаните ги напуштиле своите села и домови во надеж дека ќе најдат пристан во некои слободни предели во Бугарија кои биле под контрола на руската армија.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Вечерта на 30 март турската војска пристигнала во Царево село. Кога пашата видел дека реонот бил целосно испразнет и дека поголемиот дел од семејствата се дале во бекство, наредил веднаш да се направи обид да се повратат бегалците во свите домови, давајќи им гаранција дека никој ништо лошо нема да им стори и дека Султанот дал амнестија за сите извршени постапки за време на двомесечната слобода исто така и командирит на турската војска го предупредил турското население да се воздржи од грабежи по домовите од бегалците.
Од избеганите од Царево село околу 160 македонски семејства дел од нив се населиле во селата во Бобошево, Дупница и Софија, а поголемиот број, или оклолу 120 семејства се населиле во Ќустендил во напуштените турски куќи.
Две од селата на Пијанец по долината на реката Брегалница, селата Саса и Моштица до крајот на летото 1880 година останале не зазамени од Турците, иако по Берлинскиот договор тие останале во турска територија.
На 21 април 1878 година турската војска извршила реокупација и се вратила во овој регион.
По двомесечната слобода и мирен живот, младата и кревка Пијанечка Република доживеала пораз, поради фактот што не била во можност да се бори против многубројниот турски аскер и башибозук бес посакуваната и очекувана помош од руските власти кои се наоѓале во близина на оваа слободна територија, прва во тоа време во Македонија. Тоа претставува и еден од поводите за кревањето на Кресненско-разлошкото востание во Македонија 1878-1879 година како и други видиви на отпор како знак за предупредување на турските властодршци што го попречувале нормалниот развој на македонското национално осамостојување.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
За масовната бегалска криза и преселба на Пијанчани, за време на овие панични мигови, Ило Марков Малешевски се наоѓал во Ќустендил и со својот авторитет се грижел за настанувањето на бегалците од Пијанечко за оние кои ја создале Пијанечката Република како слободна територија во Царевоселско, прва во тоа време на Балканот.
Тој издејствувал руските војски да ја преминат демаркациона линија што минувала по должината на Коњевската планина за да се ослободи простор за непречено доаѓање на бегалците од Пијанец.
Неговата голема желба да се врати во Пијанец или во родното Берово никогаѓ не згаснала, но, останала неостварена.
Создавањето на Пијанечката Република и неговата револуционерна и ајдутска дејност во Пијанец и Малешевијата им биле добро познати на турците и секое негово враќање на тие простори претставувало смртна опсност за него. Тоа било главната причина што тој повеќе не можел да се врати во својата родна Македонија но останал како жива легенда во сеќавање во македонскиот народ.

Вечна му слава
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Во историската литература не се забележани насилствата во двомесечната слобода на Пијанец во 1878 година.
На 15 септември 1878 година една чета башибозуци го нападнале селото Долни Црквинец запалиле 25 куќи и убиле повеќе селани. После тој настан преживеаните се повлекле до новопоставената граница спрема Бугарија.
Мудурот во Царево Село, Расим бег, го обвинил Атанас Николов дека божем одел кај брат му Иванчо во Кочани и му земал 15 лири, Тасе Лавчиски од с.Истевник и баба Пелагија - калугерка биле нападнати, на полноќ, од заптии кои им ја огарбиле куќата и ги одвеле во затвор во Приштина каде биле испитувани 4 месеци.

На 15 мај 1883 година бил притворен Ангел Генов од с. Каменица а по 2 дена и Иван Гоцев и одведени во затвор во Приштина како бунтовници. Од иста причина биле приведени и тепани Тодор и неговиот син Атанас од с. Киселица, Иванчи Мицков и Атанас Симов, со обвинување дека се комити биле држани во затвор во Кочани 6 месеци а се пуштени откако им земале по 10 лири казна.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
ЛУЃЕТО ОД ПИЈАНЕЦ НЕ СЕ ПЛЕШЕЛЕ ОД ОКУПАТОРИТЕ

Во една телеграма од 16 март 1879 година се соопштува за убистав во Царево Село и Ѕвегор.

Австрискиот весник ,, Политише Коресподенц" од 30 март 1879 пишува дека по неколку месеци од враќањето на турската војска во Пијанец, биле убиени 128 души македонско население од овоиј крај.
Рускиот весник ,,Новое Времја" од 17 април 1879 соопштува дека во село Панчарево турците убиле 12 лица, и на ноѓ од пушка наболе тригодишно дете. Аверики Попстојанов од Пијанечко за тие настани забележал: "Кога се слушна дека ќе се склучи примирје (се мисли на примирјето на руско-турската војна 1877-1878) османлиите се нафрлија врз селата да ловат комити со диви викотници. Се исплашија сиромашните селани и побегнаа со голи души кон Ќустендилско и Врачанско. Злосторниците ги достигнуваа и ги убиваа, ограбуваа имоти и цркви, се разорија каде поминаа, како пожар опустошија".

Тие сосотојби создале општи насилства. Турци од с.Калиманци, Кочанско отишле во с.Дулица, го убиле Петар Златков и му го зеле житото од амбарот. По неколку дена, во истото село дошол Шабан ага од Кочани со група турци и се населил во семејството Дамјанови кои имале слепо седумнаесетгодично девојче. Безмилосниот ага немал ни срам ни грев, па посегнал по слепото девојче го силувал а татко му го убил. По неколку дена истиот крвник се вратил во селото со 135 турци и ги убиле во нивниот дом Стојко и жена м, Стојан Петров го врзале за гредите на куќата со главата надолу и ја запалиле куќата.
На патот помеѓу Царево село и Кочани бил убиен учителот од Царево село Димитар Ѓеоргиев.

Во есента 1878 година положбата на мекдонското насаеление се влошила уште повеќе. За тоа белгискиот учен Емил до Лавеле, во својот труд ,,Балканскиот полуостров" запишал: "Турците во Пијанечкиот крај ги тераат селсаните да им остават се од што имаат потреба: храна, алишта, оружје и муниција. Тешко им и горко на тие што се спротивставувале. Куќите им се ограбувани и палени, а жените силувани. Пијанечката област била толку многу напаѓана што половината од селата се разрушени. Пет села и повеќе од 1500 куќи наполно изчезнале".
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Двомесечната пијанечка Република во Македонија претставува врв на Дедо Иловата револуционерна дејност во Македонија. Неговата желба да ја види Македонија слободна се остварила само во еден дел од неа - во Пијанец, во област која тој ја чувствувал како своја и каде што има голем број четници, соработници и пријатели.

Со тој чин, тој зазел високо и предно место на страниците на нашата македонска историја како војвода и револуционер, како трибун што ги поставил фундаментите на организираното ширење на национално-револуционерното движење во поробена Македонија против отоманските влсти.

Неговите подвизи и дела остануваат цврсто вткаени во свеста и памтењето на македонскиот народ и ќе претставуваат показ, со вредносна тежина и за идните генерации.
--- надополнето: 11 август 2012 во 22:18 ---
Pijanechka Republika.JPG
 

spas72

Oficial
Член од
13 мај 2008
Мислења
280
Поени од реакции
47
Прошение од жителите на Пиjaнечкото окржие до руските военни власти за вoвеждане на гражданско управление вo окрaга, 18 март 1878 г.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Прошение од жителите на Пиjaнечкото окржие до руските военни власти за вoвеждане на гражданско управление вo окрaга, 18 март 1878 г.
Фалсификуваниот наслов од бан под потписите гласи: ,, Прошение от пијанечките б'лгари за в'веждане на руско управление в областта, 18 март 1878.,,

Нема Пијанечки бугари, има Пијанечки македонци.
 

spas72

Oficial
Член од
13 мај 2008
Мислења
280
Поени од реакции
47
Фалсификуваниот наслов од бан под потписите гласи: ,, Прошение от пијанечките б'лгари за в'веждане на руско управление в областта, 18 март 1878.,,

Нема Пијанечки бугари, има Пијанечки македонци.
Има или нема тоа ти или jа нај малку можем да го определаме.
Гевара, ти бре дечко прочете ли го текстот или само правиш ветар моабед.
Интересно е тоа што го пишуваш во темата, а по интересно што ништо не излиза за некаква Пиjанечка република во интернета и и тоа е голем пропуск на Свтските и Европски историчари
Убаво ште е да покажеш некоj документ или што и да е од тогашно време па и ние да научим нешто.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom