Точно е дека кучињата пренесуваат бактерии, но доколку сопственикот одржува добра хигиена самиот, нема голем ризик да пренесат болест. Мачките, иако навидум почисти, се преносници на опасни болести бидејќи на забите имаат бактерии кои теоретски може да бидат погубни за човекот. Еве, прочитајте го
текстов.
Но (намерно големо и болдирано), доколку сопственикот одржува добра хигиена и внимава, домашните миленици имаат исклучиво позитивно влијание на животот на сопственикот. Безброј истражувања докажуваат дека е добро за имунитетот на малите деца да имаат миленици, исто како и за психичкиот развој. Исто така, го исмеа
Hiperaktiv, но повеќе на своја штета одиш и покажуваш дека си неинформиран, аутистичните деца навистина имаат терапија со животни. Исто како што и се користат кучињата и мачките за психотерапија и како помошници за луѓе со секакви болести и инвалидитети.
Прочитај и види колку кучињата им помагаат на луѓето.
Инаку, јас со мојот имунитет имам пудлица дома која ја чувам веќе добри 14 години. Внимавам, не ја пуштам кај мене на кревет, после секое галење ги мијам добро рацете, итн (тука вметни ги сите мерки за добра хигиена). Порано кога немав никакви проблеми го пуштав кучето и во кревет и немав добиено ниеднаш инфекција од него. Така што, сѐ се сведува на добра хигиена.
Пораснав со тоа куче, и иако е сега стар прдло го сакам како член од семејството. И, да, луѓето што никогаш не чувале милениче не можат да разберат дека иако е "само животинка" има повеќе свест, интелигенција и разбирање од некои луѓе што ги познавам.