Македонска ракометна репрезентација - (жени)

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Како прво да им честитам на девојките за борбената игра,иако не сум задоволен можевме да победиме и со 6-7 гола ,промашивме два пенала на крајот.Реваншот во Инсбрук ќе биде многу неизвесен и се надевам на уште еден пласман на СП.
 
Не го гледав натпреварот, па не можам да коментирам за играта. НЕ треба да бидеме незадоволни, победа од 4 гола разлика е добар резултат. Не е недостижна но се надевам е доволна.
 
Честитки на победата, само нека изиграат храбро на гости и да победат.Не го гледав мечот, па нема да коментирам повеќе.
 
Па сега костурот е репрезентацијата шо беше на Јуниорското Првенство во 2003 година кај нас шо беше, со исклучок на неколку поискусни ракометарки, кои ги водат останатите :)

Знам дека не му е местото тука, ама да не отворам тема за џабе. Шо се случи со Семра Радончиќ? :)
Семра Радончиќ брани во новиот српски прволигаш Јагодина и му е сопруга на Александар Стојановиќ поранешен играч на Вардар и Металург. Очекувала повик за ЕП, но не го доби, во овој текст таа кажува дека за оваа година планира да паузира и да го проширува семејството :raz: Дефинитивно најдобар голман кој некогаш бранел за Македонија или македонска екипа (освен Дину), не знам зашто се прават на тошо овие од федерација, зарем да дозволиме така лесно да го изгубиме најдобриот голман :raz: Среќа што во Србија сеуште немаат увидено какви голмански квалитети поседува Семра :)

Еве го текстот
Код:
http://www.noviput.autentik.net/indexn.php?a_id=907;c_id=25
 
Србите нема да ја викнат, поради фактот шо е странец, а и + Македонка. Знајш дека Србите се тешки патриоти. :)
Така да, мислам дека е сигурна од тој аспект.

Е сега за повик во нашата репрезентација, некој треба да им укажи на овие тикварите во РФМ, пошто тие сами да се заангажираат, малце потешко. :)
 
Нема кој да се заангажира, на никој не му е гајле, да им беше гајле ќе се заангажираа... Сите како риби молчат, и весници и федерации.
 
Нема кој да се заангажира, на никој не му е гајле, да им беше гајле ќе се заангажираа... Сите како риби молчат, и весници и федерации.

Дајте информации повеке за Семра, колку настапи има за репрезентација...како игра во Србија...итн...повеке информации.

Па ке пишам јас и ке пратам во рфм.
 
Напиши на google Семра Радончиќ (на кирилица) мислам ќе видиш дека нема потреба од воведи... со оглед на тоа што нејзиниот тим играше во втората српска лига не можам да најдам многу информации (т.е. не можам да најдам никакви). Но ќе се обидам утре да контактирам со личности кои го пратат ракометот во Србија, па ќе видиме што ќе дознаеме. Наскоро на мојот блог ќе имам и статија за неа, па ќе видиме што можеме да постигнеме така. Немам многу надеж во РФМ, единствено преку некој дневен весник да го покрениме прашањето зашто таа не е повикана за репрезентација после СП 2007 кога мислам дека беше трет голман.
 
Зашто ја немаше Пецевска? Не видов никој да спомне, а ме мрзи да читам се од почеток.
 
Зашто ја немаше Пецевска? Не видов никој да спомне, а ме мрзи да читам се од почеток.

Пецевска е повредена, уште закрепнува од операција. Мислам дека беше на коленото, ама не сум сигурен. :)
 
Пецевска е повредена, уште закрепнува од операција. Мислам дека беше на коленото, ама не сум сигурен. :)
Токму така... Пецевска беше повредена после еден карате зафат од играч на Металург...
 
Па на сателитска највероватно ќе има на ORF Sport.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom