Македонска ракометна репрезентација - (жени)

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
А за утакмицата беше со многу осцилации и на крај јас не верував дека ќе победиме али ете испадна и тоа 4 гола а можеше и повеќе па така да мора да сме задоволни од резултатот.

А кога ти си верувал дека некоја наша репрезентација во фудбал/кошарка/одбојка/ракомет/ватерполо итн. дека ќе победи???

Иначе солден натпревар беше иако јас очекував повисока победа зашто секоаш знаеме на гости да се какнеме. Но сепак и ова е победа без оглед со колкава разлика беше.
Се надевам на подобра игра на реваншот и пласман на Светско, нормално!
Напред Наши :oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 
Со оглед на играта и 4 разлика се сосема солидна предност. Видливо беше дека им фалат на девојките натпревари. Лошо почнаа во одбраната, а во 2ро полувреме се поправија. Нападот не беше баш најсигурен, а и оние 2 промашени пенали при крајот мораа да се искористат. Очигледни се проблемите во организацијата на нападите, со оглед на тоа дека немаме добар плејмерјкер.
Во Австрија се е можно, секако ќе се врши притисок и врз судиите, така да се е отворено.
 
Сеуште ништо не е решено ... 4 гола разлика не се недостижни.Така да треба добро да одиграме на гости ако сакаме да одиме напред :)
 
Доколку не замешаат прсти Прокоп и компанија ќе ги тепаме и таму. За мечов да кажам дека атмосферата во сала беше ептен тапа, навивање нула, во 3-4000 публика можеби само 500 души навиваа онака како што треба. Стартувавме лошо, ама мислам дека тоа беше најмногу поради лошо поставената тактика од селекторот, одбраната ни беше швајцарско сирење (6-0) и не полнеа без проблем. Во второ полувреме со тактика 4-2 во одбрана изигравме перфектно, само што недостигаше реализација. И нашето ново крило Деспотовска беше одлична, не ми е јасно зашто Петковиќ последните 15-тина минути играше со Кресоја на десно крило (се покажа како непродуктивна на таа позиција). Во одбрана одлични беа Црвенкоска, Деспотовска, Кресоја, Младеновска, Мечевска, а во напад... мислам дека моравме да ги искористиме седмерците. Ај... ќе биде во петок... ќе се радуваме на уште едно првенство :)
 
makedonce ti e citas izglea
добри беа лавиците некој ги нарече,како се бореа се потсетив на првенството кај нас што беше,дури и се наежив неколку пати и некоја солза од срека и гордост пуштив,тоа изгледа беше затоа што вчера нашите фудбалери не покажаа ништо од играта со срце,освен неколку,треба да гледат од ракометаркиве,инаку за мечот солидна предност,ама се плашам од судиите таму у европската кучка,Деспотовска супер се покажа,Младеноска во одбрана цар,надежни сме,браво девојки.......се гордеееме со вас,срцето на терен го оставате
 
Браво браво за девојките ... одлична борбена игра... и на крај секако заслужена победа.... се надевам ќе победиме дури и на гости не само што ќе ја зачуваме предноста и ќе одиме понатака.... браво Македонија !
:oeoeoe::oeoeoe:
 
А кога ти си верувал дека некоја наша репрезентација во фудбал/кошарка/одбојка/ракомет/ватерполо итн. дека ќе победи???

Иначе солден натпревар беше иако јас очекував повисока победа зашто секоаш знаеме на гости да се какнеме. Но сепак и ова е победа без оглед со колкава разлика беше.
Се надевам на подобра игра на реваншот и пласман на Светско, нормално!
Напред Наши :oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:



Јас сум секогаш оптимист и тоа сум го кажал и порано затоа што јас имам победнички менталитет и секогаш одам на победа без разлика со кого да играм. Па така нека размислуваат и девојките во петок и резултатот ќе биде во наша корист.
 
bravo devojki:bravo::olee: Се плашам од судиите на реваншот во Австрија:nesum:

:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 
Доколку не замешаат прсти Прокоп и компанија ќе ги тепаме и таму. За мечов да кажам дека атмосферата во сала беше ептен тапа, навивање нула, во 3-4000 публика можеби само 500 души навиваа онака како што треба. Стартувавме лошо, ама мислам дека тоа беше најмногу поради лошо поставената тактика од селекторот, одбраната ни беше швајцарско сирење (6-0) и не полнеа без проблем. Во второ полувреме со тактика 4-2 во одбрана изигравме перфектно, само што недостигаше реализација. И нашето ново крило Деспотовска беше одлична, не ми е јасно зашто Петковиќ последните 15-тина минути играше со Кресоја на десно крило (се покажа како непродуктивна на таа позиција). Во одбрана одлични беа Црвенкоска, Деспотовска, Кресоја, Младеновска, Мечевска, а во напад... мислам дека моравме да ги искористиме седмерците. Ај... ќе биде во петок... ќе се радуваме на уште едно првенство :)

Оти е млада, ќе падни под притисокот. Тогаш се кршеше резултатот. Сепак, Кресоја има појќе искуство :)
 
Не знам колку години има Деспотовска, но добро се држеше и требаше да пробаме уште малце со неа. Ама па ни Кресоја не е којзнае колку постара, не знам точно, ама повеќе од 23 години нема :)
 
Кресоја изигра добро во одбрана пресече нешто играше фластер. Деспотовска не беше нај нај во одбрана ама добра беше во напад или понекогаш се менуваа работите. Млади ракометарки се има надеж, тек сега влегуваат во правилната форма.

Инаку правилен резултат имаме разлика, само таму смирена игра и цврство во одбрана и завршено е.
 
Па сега костурот е репрезентацијата шо беше на Јуниорското Првенство во 2003 година кај нас шо беше, со исклучок на неколку поискусни ракометарки, кои ги водат останатите :)

Знам дека не му е местото тука, ама да не отворам тема за џабе. Шо се случи со Семра Радончиќ? :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom