Серии од нашите телевизии :)

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
се сеќавате на Белото циганче?
и Супер Ѕвезда
Денис напаст хахах...го обожавав
Големи и мали...а исто имаше и една серија Умни глави ама неможам да најдам линк И Пријатели беше доста гледана
 
Чисто ме интересира кои се тие едукативни емисии и филмови на МАКЕДОНСКИТЕ телевизии?

Друго, порано тупеа со шпански серии, тоа е факт, ама сега сме преплавени, од 5-24, единствено нешто што има на 90 посто од телевизиите се турски/индиски серии и вести. Тоа го немаше пред 4,5+ години.

Факт е дека денешната програма е 10 пати полоша од порано. (Повторно зборувам за македонските телевизии)
Телма еве. Секој ден даваат документарци за разни теми. Ја даваат емисијата Ловечко око (за лов и риболов) оваа е многу интересна и едукативна ако те интересира тоа поле.
Даваат една документарна серија Диви суштества. Насловот си кажува за што е
Даваат и квалитетни серии: house, law and order, monk...

Имаше една емисија со Владо Јовановски (не знам на која програма) за Македонија (историја, убави места во МК...). Оваа е исто така многу добра. Има што да се гледа по телевизииве. И сега ако ги извадиме само добрите работи од овој период од телевизијата (како што правиме во темава) ќе има многу материјал и кога некој од страна што не е запознаен многу со телевизијата порано и сега ќе помисли дека само добри емисии и серии давале на ТВ.
Единствено на канал5 (и 5+) даваат премногу серии. Всушност, мислам дека само еден документарец дневно даваат, а и тој не знам колку е добар

Разгледај програма на било која телевизија и самата ќе се увериш дека прикажуваат се и сешто. Сега не можам да најдам програма од порано но и тогаш имаше секаков материјал
И порано и сега имало срање, не би рекол дека денес е полоша програмата
 
Абе отвори Сител......програмската шема им се состои од турско-индиски серии, реприза на истите тие серии и Вести со легендарниот Латас.
Ебате програмската шема....
 
Абе отвори Сител......програмската шема им се состои од турско-индиски серии, реприза на истите тие серии и Вести со легендарниот Латас.
Ебате програмската шема....

Леле Сител како ме нервира со турските, а посебно индиските серии(кога плачат косата ми се крева)!!!:notworthy:
 
Леле Сител како ме нервира со турските, а посебно индиските серии(кога плачат косата ми се крева)!!!:notworthy:

Се да им ебам ја упропастија програмата. Освен телма и мтв недна телевизија нема ништо да понуди освен турски срања.
 
Се да им ебам ја упропастија програмата. Освен телма и мтв недна телевизија нема ништо да понуди освен турски срања.

Пинк 15 ми беше 100 пати подобра од Сител и Канал 5, иако имаше турбофолк.
 
А ви текнува на оваа, до сега не беше спомната, иако беше фамилијарна драма, беше интересна серија, барем за мене:

271_judging_amy_468.jpg


judging_amy_400x600.jpg
 
Ееееј судијката Ејми.....заедно со ЈАГ колку ги обожавав серииве порано.
 
Луѓе ај помош, плс и шлс :)
(sorry шо сум надвор од тема, нема да се повтори)
Дали некој од вас, има информација за филмов . .
најдов торенти, ем шо се француски, ем никој не ги . . нема seeds :S :(

1990018.jpg

White Tuft - The Little Beaver

btw Филмот е прекрасен :)
 
Пред малку се пoтсетив на серијата Road to Avonlea...
Пораснав со неа и мислам дека ми е едно од најголемите обележја на моето детство...Немало ден, а да не ја гледам серијава на телевизија...И тоа сеуште се сеќавам на ладните есенски попладниња, кога бев вратена од школо и дома кај мене во топло, легната на кревет во пижами и гледав Road to Avonlea...Мислам дека се соживував со сите ликови...Од овој аспект кога ја гледам серијава, не можам да се изначудам на прекрасната, топла и хармонична музика, на сценографијата и оригиналната приказна...
Ова како почнуваше за тие што ја гледаа...На секое делче од музикава се сеќавам...:love:

Штета што на денешниве деца не им се сервираат вакви серии, туку патетични глупости, вештачки емисии креирани од неинтелигентни мајмуни и компјутерски игри...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom