Законот на Телема

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
Замерки се даваат на оние кои се во состојба да ја разберат замерката или „боцкањето“ и да објаснат или пак тие да научат нешто...
Што замерка да дадам за муслиманите кога види ги на темите за „научни чуда во коранот“. Бесцелно е зборувањето и замерките... треба да се расправам, да мешам политика и религија (а нели тие се две различни нешта, NOT), да мешам Албанци и Македонци (како овие две нации да имаат екслузивитет врз христијанството и исламот)...
Не се коментира и муабети со секој за свети работи (y)

Ќе дојде друг Хептаграм за 300 години и тој ќе им дава замерки како денес јас на темата христијанство :pos:
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Хепта или Ипси,
Може ли да кажете кој е ставот на Телемата за јавето и сонот,може и линк да посочите?
Лајкот ти е затоа што успеа да напишеш реченица која има смисол.

It is a small step for the human kind, but a giant leap for you...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
Ете јас ќе пробам да ти одговорам... иако не знам колку ќе ти го погодам одговорот.
Сега сакаш за јавето, за сонот или за врската помеѓу овие две работи што мислат телемитите? :P
Јас мислам дека има различни сфаќања за тоа...

Сепак сонот го сметаме за битен дел од разбирањето на себе си и истражување на највнатрешното кај поединецот. Сонот и јавето се надополнуваат понекогаш. Од едно исто место доаѓаат.
Не секој сон е јаве но не и секое јаве е сон.

Малку технички одговор:
Во Либер 777 може да најдеш под колоната со име „Магиски моќи“ за патеката гимел која е патека преку бездната (каде што се наоѓа лажната сефира Да'ат или Знаење) дека постои Дивинација преку Сон :) Како ли е ова можно? И дали е можно? Па има начини да проверите...
Гимел ги има атрибуциите на Месечина, а месечина е Јесод. Јесод во превод значи Темел, некои велат дека е тоа местото на несвесното кај човекот. И од таму почнува интелектот кај човекот на Дрвото на Животот. Мислам дека ќе ја видите врската на сонот со реалноста...

Но сепак, гимел значи камила пред се, која минува преку пустината на умот и го трансцедентира. Ако не ти е тренирана „камилата“ за патувања низ пустината на умот(со разните форми на јога на пример), не тргнувај. Ќе се загубиш во тоа што е јаве што сон, што е реалност а што фатаморгана.

П.С. Јаве тебе ти значи „реаност“, „вистина“? Или нешто друго?
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.611
Поени од реакции
1.160

Реалност,вистина.
Сите симболи се меѓусебно заменливи, бидејќи секој во себе ја содржи сопствената спротивност. И ова е големата Мистерија на Горните Сефироти кои се над Бездната. Оти под Бездната противречноста е поделба, но над Бездната противречноста е Единство. И не би можело да постои ништо вистинито освен преку противречноста која ја содржи во себе.

Извадок од Визија и глас.
Во ред е тоа дека не секој сон е јаве и секое јаве сон.
Но,овие што се над бездната имаат ли јаве и сон или тие две нешта се едно,во кое е испреплетено јавето и сонот.

Ако ние викаме да се најдеме на пиво (јаве),може тие викаат се гледаме во сонот,бидејќи нема поделби во нините сваќања и не постои дуален свет,како тие долу под бездната.

Можеби грешам,но би сакал ваше мислење.:rolleyes:
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
„Овие што се над бездната“ се овде меѓу нас... Нивното искуство е само поглемо од нашето... Тие гледаат „одозгора“ врз таблата на животот, така да....
Тие имаат едно. Тие немаат сон.

Но за да пијат пиво, мора да се дружат со „другите“. Така да, мора да бидат како нас за да направиме една тура пиво... не би сакал некој да те заморува со работи што не ги разбираш кога пиеш пиво нели.

Но сепак, можеби и викаат така како што велиш ти, и тебе тоа ќе ти биде нереално и неточно или лудо и никако не може да го трансцендентираш тоа нивно тврдење и да го надминеш или потврдиш или негираш овде каде што бараш логика и разум, нормално ова важи ако не се сработи она од претходниот пост :)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
Па Редот и Законот дојде од оние што ја поминале бездната...
А има пак и телемити кои се сеуште во степенот Човек на Земјата...

Би рекол, секаде се гледаат... (y)
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.611
Поени од реакции
1.160
Па Редот и Законот дојде од оние што ја поминале бездната...
А има пак и телемити кои се сеуште во степенот Човек на Земјата...

Би рекол, секаде се гледаат... (y)
Редот и Законт дошол од оние кои ја поминале бездната,тоа му доаѓа како и во Христијанството каде исто така Законот дошол од оној кој поминал на другата страна.
Со таа разлика што таму се чека негово второ доаѓање за да ги земе оние кои се во исчекување,а кај вас самостојно се стремите да го достигнете и воедно преминете на другата страна.

Само како информација.
Колку луѓе поминале до сега,како бројка?
Кога велам поминале,мислам навистина поминале,а не на дофат да им било.

п.с.Не се тревожи за споредбата со одредената религија,тоа е само споредба ништо повеќе.;)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
Многупати претходно зборував дека ние не броиме луѓе... за разлика од христијанство или ислам кои се џиткаат со броеви колку имаат луѓе.
Немаме потреба од тоа...
Така да ова ќе остане неодговорено...

Се надевам во блиска иднина ќе имам време па ќе ви дадам цитати и извадоци од разни документи и пракси што воопшто значи „Преминување на Бездната“, што претходни на истата... и зошто некој патот го навел да ја минува истата таа бездна ... за да ви биде колку толку јасно не за друго.

П.С. Велиш во христијанството еден помина... а другите? Што, чекаат? :cautious:
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.611
Поени од реакции
1.160
Многупати претходно зборував дека ние не броиме луѓе... за разлика од христијанство или ислам кои се џиткаат со броеви колку имаат луѓе.
Немаме потреба од тоа...
(y)
Така да ова ќе остане неодговорено...
Но,сепак иднината ја гледате во напуштање на религиите и нивно постепено изумирање,каде до израз ќе дојде човековата индивидуалност,слобода во себе спознавањето и меѓу човечката почит и љубов која е над природните закони на џунглата.
Претпоставувам тогаш бројката ќе биде само еден,Човек.;)

Се надевам во блиска иднина ќе имам време па ќе ви дадам цитати и извадоци од разни документи и пракси што воопшто значи „Преминување на Бездната“, што претходни на истата... и зошто некој патот го навел да ја минува истата таа бездна ... за да ви биде колку толку јасно не за друго.
Преминување на Бездната кажана со поинков речник значи умирање.Ако си свесен дека тоа кон што одиш значи нечие умирање,тогаш целта не може да се оправда заради намерната загуба.
На дофат ќе биде,но никогаш нема да ја достигнете.

Поправиме ако грешам.

П.С. Велиш во христијанството еден помина... а другите? Што, чекаат? :cautious:
Самоубиството го сметаат за грев,што мислиш кој греши.
Оној кој сака да умре свесен за тоа што го губи и да ја помине Бездната или оној на кого му е кажано да чека и остане во своето верување до доаѓањето на Човекот?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Преминување на Бездната кажана со поинков речник значи умирање.Ако си свесен дека тоа кон што одиш значи нечие умирање,тогаш целта не може да се оправда заради намерната загуба.
На дофат ќе биде,но никогаш нема да ја достигнете.
Степените кој постојат, најдобро го отсликуваат тој процес:

  1. Егото е привлечено кон Соларниот Систем.
  2. Детето искусува Раѓање.
  3. Човекот искусува Живот.
  4. Тој искусува Смрт.
  5. Тој го искусува Светот над Смртта.
  6. Целиот овој циклус од Сингуларни Настани е вовлечен во Анихилација.
Во О.Т.О. овие последователни фази се прикажани, како што следува:
  1. 00 (Минервал).
  2. I0 (Иницијација).
  3. II0 (Посветување).
  4. III0 (Преданост).
  5. IV0 (Перфекција или Егзалтација).
  6. P.I. (Потполн Иницијант).
Исто така во второто поглавје на Liber Al vel Legis стои следново:

6. Јас сум пламен што гори во срцето на секој човек, и во јадрото на секоја ѕвезда. Јас сум Живот, и дарител на Живот, но сепак спознавањето на мене е спознавање на смртта.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
Ах, ти пак дриблаш во место со твои размисли... забораваш дека си на тема телема и дека треба да имаш телемитски пристап кон работите... или барем да пробаш да го разбереш тој пристап... Бесцелно онака поставуваш прашања.

И пак за тоа како ние гледаме на она или ова според тебе, и што мислиме ние за она или ова, а ти самиот ми рече не сакаш да читаш ништо за телема...
Како не те мрзи да се заморуваш со нешто што те иритира не знам...

Да ти кажам право, грешиш во своите размисли и не мислам да ти го поправам мислењето бидејќи е бесцелно, размислите не може да ти се променат однадвор... сам ќе си го поправиш размислувањето еден ден, ако имаш волја и знаење нормално...

Имај убав ден, недела е (y)

П.С. Никогаш не постои во нашиот речник... и реков секој телемит по својот пат...
 
Форумот е место каде се разменуваат мислења за да се доближат разликите помеѓу групите и членовите со одредени разлики.
Но избегнувањето на разговорот со напад на соговорникот со зборовите "ова е тема телема","немаш телемитски пристап", "бесцелно поставува прашање","замараш" итн.
Само покажува колку е големо вашето его.:facepalm:
Не постои глупо прашање,постои само глуп одговор,со омаложување и напад на оној кој поставил прашање.

Како не те мрзи да се заморуваш со нешто што те иритира не знам...
Зашто воопшто сте отвориле тема Телема и ти како нејзин преставник си тука?
Треба сите телемитски мисли да имаат за да разберат.
Ништо поразлично не кажуваат и христиајните и муслиманите.
Ревен вернику Хепта.:P
Да ти кажам право, грешиш во своите размисли и не мислам да ти го поправам мислењето бидејќи е бесцелно, размислите не може да ти се променат однадвор... сам ќе си го поправиш размислувањето еден ден, ако имаш волја и знаење нормално...
Чудно,но и јас го мислам истото за тебе,со таа разлика што знаењето не ти треба тоа е само товар, кој не ти дозволува да прескокнеш од другата страна.

Имај убав ден, недела е (y)
Деновите постојат за оние под Бездната.Одмори се,утре те чека работа.

П.С. Никогаш не постои во нашиот речник... и реков секој телемит по својот пат...
Ипси,даде многу подобар пост иако даде само цитати.
Барем се подруди во контекст на разговорот да земе конструктивно учество,без да омаловажува и напаѓа.

п.с.Хепта,самобендисани сте,каде си тргнал со тој ум?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
Ете зошто не сакам секому да давам одговор и добиваш одговори какви што не сакаш...
Бидејќи сепак реално не те интересира телемата и само сакаш да се испукаш и да ми кажеш каков сум јас и ништо друго...

Не е проблемот што ти не знаеш што е телема и како и зошто... туку тоа што не сакаш ниту да научиш нешто. Секој може да не знае, но некој како тебе, да ме заморува бесцелно со прашања, а претходно да ми кажал во пп како нема ништо секако да прочита за телема бидејќи не го интересира... каков сакаш јас да имам пристап спрема тебе?
Христијански или телемитски пристап?
Но како ти е волја, не се може против тоа... нели.

Телемитски да размислуваш ти реков во смисла да смениш перспектива, дури и да е тоа само „виртуелна“ промена на свеста... Да видиш од друг агол пред да пресудиш за нештото, бидејќи ти веќе имаш став, и не ме ни читаш ниту сакаш да ме разбереш мене и да го напуштиш тој свој став за некоја работа.
А не беше во некоја навредлива или не знам каква конотација... некако не се разбираме јас и ти по форумов.

Инаку темата за телемава, не е отворена од мене, не знам зошто е отворена, сигурно за да се напише кој колку знае и што, да се поправи некоја размисла или погрешна престава... Може и да биде затворена ништо страшно.
Јас не сум преставник на Телемата, така да... никој не ме назначил за тоа... јас само зборувам тоа што мислам дека треба да го кажам... а дали ќе ви се допаѓа тоа... па некако не ми е грижа кога и соговорникот не му е грижа за темата...

П.С. Па јас и Ипсисимус не сме ист човек, немаме ист пристап. Само се жалиш нешто овие неколку дена...
Пробај малку телемитски пристап ти велам јас, ти го сфаќаш тоа како навреда...
Ако ме прашаш како до тој пристап, земи прочитај малку за нашата философија, ти реков и пп дека не мора да прифаќаш веднаш се за вистина, но барем ќе научиш нешто поеќе во твојот живот. Ти ми велиш дека секако НЕМА да прочиташ. Што бараш на темава... да ми судиш што ќе ти кажам и како? :vozbud:

П.П.С. Јас сум тргнал по својот пат, како и секоја друга Ѕвезда.

Тhy feet in mire, thine head in murk,
O man, how piteous thy plight,
The doubts that daunt, the ills that irk,
Thou hast nor wit nor will to fight—
How hope in heart, or worth in work?
No star in sight!

* * * * *
That shall end never that began.
All things endure because they are.
Do what thou wilt, for every man
And every woman is a star.
Pan is not dead; he liveth, Pan!
Break down the bar!
To man I come, the number of
A man my number, Lion of Light;
I am The Beast whose Law is Love.
Love under will, his royal right—
Behold within, and not above,
One star in sight! - Линк
 
Kajgana Shop

На врв Bottom