Родители ја убиле својата ќерка пред другите деца за да ја „одбранат честа”

Член од
14 август 2006
Мислења
45.703
Поени од реакции
85.588
Британците со пакистанско потекло Ифтикар Ахмед и неговата сопруга Фарзана се осудени на доживотен затвор од Судот во Честер, северна Англија, поради убиство на нивната 17-годишна ќерка Шафила.

Убиството се случило во септември 2003 година кога родителите ја задушиле својата ќерка ставајќи и пластична кеса во устата, а потоа прогласиле дека е исчезната, молејќи ја полицијата и јавноста да помогнат околу расветлувањето на судбината на нивното дете.
Во текот на неколкунеделното судење беше обелоденето дека родителите ја убиле ќерката за да ја „одбранат честа“ на семејството, обвинувајки ја дека живеела „премногу на западен начин“ и дека го „осрамотила доброто име“ на родителите во пакистанската заедница во Велика Британија.
„Убиствата поради честа“ или суровите казнувања на „отпадниците“ од традицијата и начинот на живот за кои тие велат дека е во согласност со Исламот, се честа појава меѓу британските муслимани. Тие настојуваат нивните деца да го продолжат традиционалниот начин на живот и во новата средина во која сега живеат, спротивставувајќи се на примањето на западниот стил.
Несреќната Шафила Ахмед била убиена пред очите на нејзините сестри и братот кои морале да ја гледаат егзекуцијата, како предупредување и тие да не се „одметнат“. Една од сестрите на судењето беше главниот сведок на обвинителството.
Главната причина за „нарушените углед и чест“ на семејството, сепак, не било тоа што убиената девојка се облекувала по западната мода, а не во традиционалните пакистански носии, туку тоа што таа одбила да ја омажат со „договорена свадба“. Во летото 2003 година девојката со своите родители биле во Пакистан за да ја договорат венчавката, што обично се прави со возрасен маж, но обидот пропаднал бидејќи девојката испила белило за платно и тешко го оштетила своето грло. Веднаш по враќањето, родителите ја известиле полицијата дека нивната ќерка исчезнала.
Мртвото тело на младата Шафила Ахмед е најдено неколку месеци подоцна, на поцетокот на 2004 година, во една река.
Двајцата родители ќе мора да поминат во затвор најмалку по 25 години, пред да може да побараат да бидат ослободени.
 
Голем е Алах.

:facepalm:


Серизоно, колку треба да бидеш РЕТАРДИРАН за да си ја угушиш сопствената ќерка со пластична кеса, затоа што не сака да се мажи за некој кого го гледа прв пат во животот??

И да ги натераш другите деца да го гледаат тоа?

Истото прашање го поставив кај бомбашот во Бугарија. Што не е во ред со овие луѓе? Што имаат во главите?
 
Што имаат во главите?

Болни илузии за одржување на пропаднати традиции, срам од комшии и пошироко и неверојатно мала моќ за разумно расудување.
 
Ѓубре капиталистичко, робовластичко. Каква смелост има дете да си убие. Попрво по својот живот ќе посегнам, отколку по животот на детето.


ТО ТРЕБЕ ДА СЕ УБИЕ !!!
 
Ѓубре капиталистичко, робовластичко. Каква смелост има дете да си убие. Попрво по својот живот ќе посегнам, отколку по животот на детето.


ТО ТРЕБЕ ДА СЕ УБИЕ !!!

Каква врска има капитализмот тука? :)
 
Tipicni seljaci se ovie. Ke pojdat na krajot na svetot, dobivaat sansa da napravat nesto razlicno i da napravat povekje otkolku vo rodnoto im smotano selo, ke napravat deca i ocekuvaat tie da se odnesuvaat kako da se izrasnati vo zemjata na potekloto, a ne vo zemjata vo koja se rodeni. Starcive ne sfakjaat deka koga ednas ke se preselis vo multietnicka zemja decata tvoi ke imaat drug mentalitet. Sigurno devojkava povekje sakala da go pravi toa sto go pravat vrsnicite Britanci otkolku da se samoubie vo imeto na religijata ili da se omazi so 60 godisen starec.
 
Болни и ретардирани ѓубриња.. и овие се нарекуваат родители?? :facepalm::facepalm::facepalm:
Некои луѓе не заслужуваат да имат ни Д од деца:cenzura:.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom