Таа иста Вистина, која е Светлина, која се подразбира во секоја искра на Разбирливото, што е таа ако не Себството на Секој Човек? Таа е она кое го одредува секoe негово движење, она кое лежи најблиску до неговото срце и душа, и навистина претставува нивна главна пружина и бројчаник, принцип на одделување и на мерење.
Иницијацијата, етимолошки, е патување навнатре, Патешествие на Откривање (О Прекрасен Свет!) на сопствената Душа. И тоа е Вистината која стои на клунот од бродот, секогаш на готовс, тоа е Вистината која бдее и со силната рака ја крепи крмата!
Вистината е нашиот Пат и Вистината е нашата Цел, Да! Ќе дојде за сите момент на голема Светлина кога ќе се покаже дека Патот е самата Цел, и во тој час секој од нас ќе извика:
"ЈАС СУМ ПАТОТ, ВИСТИНАТА И ЖИВОТОТ!"
Да, и Животот исто така, Вечен Живот во безграничен Простор, оти што е животот ако не продолжено разрешување на различните спротивности преку грчот на Љубовта под Волја, т.е преку постојана, експлозивна, оргијастична перцепција на Вистината, растворање на подвоеноста во една блескава ѕвезда на Вистината која вечно се врти и се движи, исполнувајќи го Небото со Светлина?
Извадок од книгата - "Мали есеи за Вистината" од Алистер Кроули.