Легална борба против ЕВН и Топлификација

Selekt3

Волшебник
Член од
3 август 2011
Мислења
254
Поени од реакции
45
Референдумско Прашање:
Дали сакате да се поскапи парното и струјата?
Да Не
Баш се чудам кој би бил исходот...:)
Референдумот треба да биди за дали да се укине укинувањето на евтината струја.
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Ова е Македонија колку што знаеме сите дека државата стои зад монополот како што кажаа погоре. Во ред е тоа што сакате преку легален пат да направите нешто, но според мене мислам дека треба да се излезе пред влада и да се протестира, и да застане народот на нозе и да каже не на Топлификација и ЕВН Зошто ова стварно веќе не може да се издржи секоја година поголема и поголема сметка за струја еве сега и нема ефтина струја ... :mad: Не живеам во стан но јаки и душа на овие што живеат во стан. Кое е тоа право да не можеш да се исклучиш од парно ? ова е со сила те тера на нешто што не сакаш :confused: Не верувам дека некој ќе излезе и да протестира Бидејќи овие вмровциве и овие од сдсм ко браќа се кога се работи за монопол :mad: Ми иде да земам еден авион и да ги урнам ЕВН и Топлификација.

Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Нема веќе запршка и перење на евтина тарифа: народот ќе ја урива цената на струјата на протести

03

АВГ 2012
15:41

На масовен бојкот на сметките за струја, на бунт пред Владата, на деноноќни протести се додека надлежните не ја повлечат одлуката за поскапување и за укинување на евтината струја од 13 часот до 16 повикуваат револтираните граѓани по последниот шок во режија на Регулаторната комисија.

Во недостиг на официјална поддршка од граѓанските асоцијации, граѓаните се самоорганизираат на социјалните мрежи, критикуваат, предлагаат чаре како да се преживее кризата што ни претстои по поскапувањето, ги повикуваат надлежните да го вратат стариот ценовник.
Еве што порачува народот на Фејсбук и на Твитер:
„Треба бунт да кренеме – ветер дупка не полни“;
„Треба да се удри и по властa и по опозиција која ќе сака да собира политички поени“;
„Поздрав до Владата на РМ, така продолжете! Најдобри сте! - Љубов – ЕВН;
„Што значи ЕВН ? – евтино веќе нема“;
„Дали го заборавив рутерот вклучен дома?“;
„ Планирам да му правам underclock на процесорот, да ми троши помаку“;
„Твитер пакет со вклучени 100 бесплатни твита месечно“;
„Струјата моли: не пали ме, (ќе те) боли!“;
„Колку чини сега еден твит по ново?;
„Со новата тарифа на ЕВН туширање преку недела само после 22 часот“;
„Пази да не те видат родителите дека твиташ на скапа струја!“;
„Се знае кај треба да протестирам – пред влада, и тоа со едно конкретно барање: ЕВН да се национализира и да работи без профит!“;
На поскапувањето на струјата реагира Народниот правобранител Иџет Мемети кој побарал објаснување од регулаторите за ваквиот чекор, но не ја исклучи можноста реакција да достави и до пратениците.
Со реакција денеска се јави и Социјалдемократскиот сојуз кој побара од Регулаторната комисија за енергетика итно да ги повлече донесениот правилник и тарифници со кои граѓаните ќе плаќаат прескапа струја.
Доколку нашиот апел не биде прифатен, најавуваме дека ќе ги искористиме сите расположливи демократски мерки. Подолг период ја предупредувавме јавноста дека власта нема стратегија за контрола на растот на цената на струјата и баравме од владата да излезе со нејзини предвидувања што ќе се случува со цената на струјата, но таа тоа упорно го крие“, вели Зоран Јовановски, потпретседател на СДСМ.
Според СДСМ поскапувањето на струјата од 10 проценти, по втор пат оваа година, неизбежно ќе биде силен удар врз граѓаните и фирмите, а заедно со поскапувањето и на бензините директно ќе влијае на зголемување на цените на храната и останатите основни производи неопходни за да се преживее.
„Но покрај јавно објавеното поскапување на струјата од 10 проценти, власта ни приреди уште еден ценовен шок кој внимателно го криеја до самиот крај. Регулаторна комисија, предводена од Димитар Петров, бивш функционер на ВМРО – ДПМНЕ, реши без никаква претходна најава, да ја укине и дневната евтина тарифа на струјата која важеше од 13 до 16 часот. Тоа е направено токму во пресрет на празникот „Илинден“, како обид ова дополнително поскапување да помине што е можно помалку забележано во јавноста. Укинувањето на дневната ефтина тарифа на струјата, направено молчешкум, е еден од најподмолните потези што сме ги виделе. Со ваквото скриено поскапување, струјата поскапува не за 10 проценти, туку за околу 20“, вели Јовановски.
За ВМРО-ДПМНЕ ова е делумно резултат и на штетните потези на владините функционери на СДСМ.
„Крајно лицемерно е и неодговорно СДСМ да се однесува како душегрижник за стандардот на граѓаните и сиромашните. За тоа требаше да размислува во времето на првиот мандат на Црвенковски кога сиромаштијата вртоглаво растеше и кога стотици илјади лица останаа на работ на егзестенцијата поради неговата криминална приватизација. Кога СДСМ изразува загриженост за цената на електричната енергија треба да се запраша зошто Владата на СДСМ во 2006 година го продаде ЕСМ на австриска ЕВН за евтини пари непосредно пред парламентарните избори. Тогаш не само што го ставија во залог социјалниот стандард на граѓаните, туку и на ЕВН со купопродажниот договор и овозможија долгогодишни бенефиции“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

http://www.mkd.mk/49033/makedonija/nema-veke-zaprska-i-perenje-na-evtina-struja/

НЕ само да не ја поскапат струјата за 10% и да не ја укинат дневната евтина струја туку и да ја намалат за 10% ! И таа што беше до сега беше изгор!
Не може евн против народот.. или ?
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Референдумско Прашање:
Дали сакате да се поскапи парното и струјата?
Да Не
Баш се чудам кој би бил исходот...:)
Не туку дали да се либерализира пазарот на електрична енергија и да се укине државната регулаторна комисија и да се забрани државно мешање во енергетскиот сектор.,

Е тоа би било прашање.
 
Член од
3 август 2012
Мислења
62
Поени од реакции
2
Не туку дали да се либерализира пазарот на електрична енергија и да се укине државната регулаторна комисија и да се забрани државно мешање во енергетскиот сектор.
Може ЕЛЕМ да се подели на делови (електрани) и приватизира. Ама ЕВН нема шанси прво е веќе приватен а второ дури и да се подели на повеќе делови пак ќе биде монопол...нема ваљда да се градат по 3-4 пара бандери од конкурентски фирми. Не ми е јасно зошто Дистрибуција место електрани е приватна треба обратно.
 
Selekt3

Волшебник
Член од
3 август 2011
Мислења
254
Поени од реакции
45
Ништо неможиме да направиме само преку форумов. Значи треба на полно форуми ова да биде шема. На фејсбук после подоми на улици, кафани, меани, стадиони, кладилници сегде и тогаш ќе се пее една песна пред евн ЛАЛАЛАЛАЛЛАЛА ЛАЛАЛАЛА АЛЛАЛАЛА
 
Абе прво треба да се одлучи што ќе се прави.

Ако се иде преку судство да се тужи тогаш правници како Зони ја превзимаат работата и тука во најголем дел завршува работата на другите освен можеби за да се организираат протести за притисок.

Ако се иде преку каков било друг метод како референдум или пишување петиции до собранието за промена на законите тогаш треба да се одлучи со каква содржина ќе бидат.Тука може да се иде или да се врати кон планирана економија или пазарна и тука ќе падне добар раскол меѓи сите кои би сакале да помогнат за во која насока да се иде.

Рим не го изградиле за еден ден.Нека дојде некој правник прво да каже што како може да се прави па тогаш ќе збориме.
 
K

kalimer0

Гостин
Од некаде мора да се почне а ова е најголемиот форум во земјава. Предлагам да се почне веднаш, прво да се состави добар текст каде на попрост начин (за секој да разбере) ќе биде објаснета ситуацијата и што треба да се преземе и после почнуваме со спамирање.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Јас на фејсбукот се дупнав од промовирање на сите страни што ги имам го постирав ова.
Браво, така треба(y)
Само, познавајќи го македонскиот менталитет, тешко дека нешто ќе се активира оттаму.
Предлагам активирање во реалноста, за промена.
Кој е за поднесување на граѓанска иницијатива???
Не бидете мрзи и не тролајте, кој е ЗА, нека ми пише на ПП.
Ајде да видам дали може да се соберат 100 потписи!!!
Ако има, правам документ и се потпишуваме од понеделник, масовно.
 
Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
ЕВН ви е како бензинските станици на неа и кажуват по колку да ја продава струјата таа струја не произведува само ја продава ЕЛЕМ државната компанија произведува а кога не може да ги задоволува потребите увезува овде е и проблемот увезената струја е многу скапа овие покачувања се токму заради тоа само за оваа зима сме увезле 30 милиони евра повеќе струја од предвиденото.
Значи ЕЛЕМ ако произведува ефтина стуја ќе имаме струја уште на ова ценовно ниво проблемот е увозот треба да направиме капацитети да ги задоволиме нашите потреби.
Вака уште ќе расте цената бидејки увезената струја е многу скапа.

С О О П Ш Т Е Н И Е
Еве што вели Регулаторна имаме втора најефтина струја и вели само ние сме имале дневна ефтина струја и вели да сме благодарни што на некои им е укината и во недела дневната ефтина а ние уште ја имаме.

Проблемот кај нас не е толку цената туку стандардот.Не е исто на 3-4000 илјади евра семејни примања да платиш 50 евра струја и во нашиот случај на 300-400 евра.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Од некаде мора да се почне а ова е најголемиот форум во земјава. Предлагам да се почне веднаш, прво да се состави добар текст каде на попрост начин (за секој да разбере) ќе биде објаснета ситуацијата и што треба да се преземе и после почнуваме со спамирање.
Ситуацијата сите ја разбираат тоа што е потребно е решение на ситуацијата кое ќе биде спамирано а за до тоа да дојде е малку тешко
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Абе прво треба да се одлучи што ќе се прави.

Ако се иде преку судство да се тужи тогаш правници како Зони ја превзимаат работата и тука во најголем дел завршува работата на другите освен можеби за да се организираат протести за притисок.

Ако се иде преку каков било друг метод како референдум или пишување петиции до собранието за промена на законите тогаш треба да се одлучи со каква содржина ќе бидат.Тука може да се иде или да се врати кон планирана економија или пазарна и тука ќе падне добар раскол меѓи сите кои би сакале да помогнат за во која насока да се иде.

Рим не го изградиле за еден ден.Нека дојде некој правник прво да каже што како може да се прави па тогаш ќе збориме.

нема одлучување бе, се знае, одиме и го "палиме" цел ЕВН, само така ќе не сфатат сериозно.

нема многу философии
 
Член од
3 август 2012
Мислења
62
Поени од реакции
2
Ништо неможиме да направиме само преку форумов. Значи треба на полно форуми ова да биде шема. На фејсбук после подоми на улици, кафани, меани, стадиони, кладилници сегде и тогаш ќе се пее една песна пред евн ЛАЛАЛАЛАЛЛАЛА ЛАЛАЛАЛА АЛЛАЛАЛА
ЕВН не е крива власта е.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Браво, така треба(y)
Само, познавајќи го македонскиот менталитет, тешко дека нешто ќе се активира оттаму.
Предлагам активирање во реалноста, за промена.
Кој е за поднесување на граѓанска иницијатива???
Не бидете мрзи и не тролајте, кој е ЗА, нека ми пише на ПП.
Ајде да видам дали може да се соберат 100 потписи!!!
Ако има, правам документ и се потпишуваме од понеделник, масовно.
Јас сум ЗА 100 потписи ќе соберам во зграда само ако треба не е тоа проблем али ако се сложувам со содржината.
--- надополнето: 3 август 2012 во 16:35 ---
нема одлучување бе, се знае, одиме и го "палиме" цел ЕВН, само така ќе не сфатат сериозно.

нема многу философии
Гледаш во старт си грешка.

Крива е власта не ЕВН .За тоа и зборам пола не го разбираат најдобро ни проблемот.
Ќе се тргне во погрешна насока како да се бара национализација на ЕВН или владата да одлучува колкава ќе биде цената и се ќе отиде во погрешна насока државата 10 години назад ќе си ја вратиме.

Сите забораваат дека ЕСМ беше огромен загубар и никој не плаќаше сметки имав другар кој имаше 10 ГОДИНИ не платени сметки па после кукаше кога дојде ЕВН како не било фер.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Јас сум ЗА 100 потписи ќе соберам во зграда само ако треба не е тоа проблем али ако се сложувам со содржината.
Добро, тогаш ајде колеги правници, ве повикувам да составиме документ со добра содржина. Јас во меѓувреме ќе се информирам што и како треба.

Имаш некои сугестии околу содржината???
 
Kajgana Shop

На врв Bottom