Легална борба против ЕВН и Топлификација

Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Драги Кајганџии,
Бидејќи останатите теми во кои се дискутира на тема ЕВН и Топлификација во 90% од случаите се сведуваат на кукање и заебанции, а никаква конкретна акција, решив да отворам тема каде што од правен аспект можеме да дискутираме и разменуваме мислења како легално да се справиме со ужасов кој ни го приредија овие две фирми.
Едно големо БРАВО за Смрт за зони и пајак возила, кој има одлични предлози, а кои замалку немаше ни да ги видам од силни сеири и зафрканции на другите теми кои се бават со оваа проблематика:cuc: Затоа мислам дека е крајно време за ваква тема.
Секој кој има стручен совет или било каков конструктивен предлог е добредојден да се вклучи
(и од граѓански аспект, не само правен). Кој сака да се зеза и кому поскапувањата му се смешни, слободно нека продолжи на друго место.
Дајте да покажеме дека не потценија...МНОГУ.
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
475
Поени од реакции
177
За справување со ова незнам,освен да се договорат сите (НЕВОЗМОЖНО ЗА ОВОЈ НАРОД) на масовно не плаќање во знак на протест,друго искључете сите струја и ајт на свеќи,друго чаре незнам,ама едно знам дека го претераа мамето нивно лоповско,едно што ја покачија струјата по 10ти пат,друго што ја укинуваат ефтината струја преку ден,фактички дупло поскапување...Сеа малце за топлификација еве јас сум корисник и плаќам редовно ЕНОРМНО виски цени преку цела година (да ги мочам) сега им текна и на тие кои се во зграда кои немаат парно (мислам се исклучиле) да плаќаат по 10 денари квадрат од грејна површина со што се слагам (бидејќи во влез е топло,кај нив дома сакале нејќеле поминуваат грејни цевки) е сега на нас што користиме парно треба да ни намалат за едно 10-15% по правило...не верувам дека ќе се случи тоа али ај да се надам...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Oдлично...
Јас утринава почнав да ја подготвувам иницијативата за пред Уставен суд во врска со Правилата за снабдување со топлинска енергија.
Правилата се достапни на интернет страницата на Регулаторна:
http://www.erc.org.mk/Uploads/2012-07-30- PRAVILA SNABDUVANJE TOPLINSKA ENERGIJA.pdf
Планирам да ги нападнеме членовите: член 9 во ставовите 2,4 и 5; член13; член 53; член 56 став 3 и член 66
Во оспорување на овие членови, потребно е да се повикаме и на човековите права, како би можело, евентуално да се вложи жалба во Стразбур ( Судот во Стразбур прима жалби исклучиво за повреди на човековите права )
Како ќе напредувам во составување на оваа иницијатива ќе се консултирам со Вас.
Сеа малце за топлификација еве јас сум корисник и плаќам редовно ЕНОРМНО виски цени преку цела година (да ги мочам) сега им текна и на тие кои се во зграда кои немаат парно (мислам се исклучиле) да плаќаат по 10 денари квадрат од грејна површина со што се слагам (бидејќи во влез е топло,кај нив дома сакале нејќеле поминуваат грејни цевки) е сега на нас што користиме парно треба да ни намалат за едно 10-15% по правило...не верувам дека ќе се случи тоа али ај да се надам...
Тоа што плаќаш енормно високи сметки на АД Топлификација се должи на две работи:
1. Системот на Топлификација е вештачки поделен на три дела, производство, дистрибуција и снабдување. Секој од овие делови има лиценца и добива одобрување од Регулаторна и на тој начин ги „ ѕидаат “ цените.
2. Почнувајќи од грејната сезона 2007/2008, Топлификација самостојно наметна начин на мерење на потрошената топлинска енергија наречен „ мерење со калориметри “. Овој начин на мерење не е точен и постојано покажува плус во корист на Топлификација. Тој плус е се движи од најмалку 14% , па нагоре....
Благодарејќи на ова Топлификација испорачува астрономски сметки.
Сметката која ја плаќаш е три до четри пати повисока !, од колку што би требала реално да биде. Така да тие десетина посто што ги спомнуваш не се ништо во однос за тоа колку реално треба да плаќаш. Реалната цена е околу 18 денари месечно за квадратен метар загревана површина, па сам пресметај колку повеќе плаќаш
За високите сметки Топлификација, најнапред ги обвинуваше „ диво приклучените “, а подоцна, кога огромен број граѓани се исклучија, ги обвинуваше „ исклучените “ кои наводно со „ поминување на цевки “ и со „ топли ѕидови “ добивале топлина, која „ неисклучените “ ја плаќале.
Тоа е далеку од вистината. Со „ поминување на цевки “ и со „ топли ѕидови “ не е можно да се пренесе некое позначајно количество топлинска енергија. и ова Топлификација го прави само во стилот „ држете го крадецот “
Во тоа можеш и сам да се увериш. Кога ќе почне грејната сезона, со вентилот, исклучи ги радијаторите, па ќе видиш колку ќе се стоплиш со „ поминување на цевки “
Да не го задржуваме вниманието на другите учесници во дискусијата со ова, во прилог ти праќам дел од мојата изјава подготвена за Јавниот обвинител во која е прецизно објаснето и пресметано, колку топлина на овој начин може да се пренесе
 

Attachments

  • 170,1 KB Прегледи: 37
Член од
1 јануари 2010
Мислења
183
Поени од реакции
290
Поддршка од мене до оваа иницијатива за легална борба против овие две компании, но и против РКЕ.
Еднаш на оваа тема пишав, и пак сакам да повикам на масовен бојкот на користење на услугите на Топлификација (исклучување од системот на цели згради). Со тоа ќе ја ставиме Топлофикација во ситуација да понуди услуга, а корисниците да одлучат дали ќе прифатат (Топлификација ќе мора да понуди коректни услови ако сака да има корисници).
Така силата се префрла на страна на корисниците. Само треба единство (утопија за наши услови), но тоа ни е единствена шанса да ја ставиме Топлификација во подредена состојба.
Во случај на ЕВН, останува правната битка за подобрување на состојбата.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Немам никакви предлози од правен карактер,граѓански уште помалку дека нема кој да ги води али морам да пишам нешто зошто гледам многу малку луѓе го разбираат тој дел .

Не барајте помош од државата за решавање на монополите во Македонија зошто самата држава е таа која ги создава преку регулаторните комисии,закони и инспекции.ОКТА,ПОШТА,ТОПЛИФИКАЦИЈА,СТРУЈА и наскоро преку Гаспром и ГАС,ОБРАЗОВАНИЕ,ЗДРАВСТВО,ПЕНЗИИ се монополи создадени од државата со цел нивните бизнис партнери да се збогатат или пак они да пикнат дел од колачот во џеп.

Проблемот не треба да биде баран во повеќе регулации и нови комисии туку комплетната приватизација на сите тие сектори али не како што ги прават до сега ајде се заедно туку објект по објект. Тогаш ќе видиме како конкуренцијата помеѓу себе ќе ги сотре цените а услугата ќе стане само подобра.

Замислете каков ќе беше денес телекоминакцискиот сектор ако Мобимак уште постоеше и беше единствен мобилен оператор.Да не ни зборам за кабловските оператори кои цената ја однесоа до минималец со меѓусебнатат конкуренција.

ДРЖАВАТА НЕ Е РЕШЕНИЕТО ТУКУ ПРОБЛЕМОТ


Гледајте го видеово на англиски е али допира до главната идеја.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Се работи за едноставен случај на корупција. Топлифијација , како и другите енергетски приватизирани монополи има ресурси да ја купи било која Регулаторна комисија, политичар..дури и комплетна влада... во некое трло без сајбија каква е нажалост Република Македонија..и да си уприличи Правилник каков сака...
Во такви услови многу е тешко да се бориш со некој кој во рака ги има сите релевантни, плус лобисти и слични ѓњиди по јавните гласила колку сакаш , а може да си приушти и флота адвокати во било каков легален процес.
Тоа значи на тој пристап пиши пропало , освен како начин на празнење на гневот.
Потребен е ПОЛИТИЧКИ ПРИСТАП...., но мене тоа ми изгледа неверојатно , бидејќи сите актуелни и оние кои би сакале да бидат политичари тоа не ги интересира , туку само можноста кога ќе дојдат на власт..., ветувајќи брда и долини на овците кои гласаат за нив....како да се офајдат од јаслите кои ги полни Топлификација и сличните на нив....
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Се работи за едноставен случај на корупција. Топлифијација , како и другите енергетски приватизирани монополи има ресурси да ја купи било која Регулаторна комисија, политичар..дури и комплетна влада... во некое трло без сајбија каква е нажалост Република Македонија..и да си уприличи Правилник каков сака...
Во такви услови многу е тешко да се бориш со некој кој во рака ги има сите релевантни, плус лобисти и слични ѓњиди по јавните гласила колку сакаш , а може да си приушти и флота адвокати во било каков легален процес.
Тоа значи на тој пристап пиши пропало , освен како начин на празнење на гневот.
Потребен е ПОЛИТИЧКИ ПРИСТАП...., но мене тоа ми изгледа неверојатно , бидејќи сите актуелни и оние кои би сакале да бидат политичари тоа не ги интересира , туку само можноста кога ќе дојдат на власт..., ветувајќи брда и долини на овците кои гласаат за нив....како да се офајдат од јаслите кои ги полни Топлификација и сличните на нив....
Америка да сме пак ќе ги купат сите од регулаторна ,патем и ги купуваат таму и тоа таму добиваат договори во милијарди со поткупи .Не пак кај нас.

Замислете да имаше регулаторна комисија за телекомуникации.Гарант една порака ќе беше 5-10 денари а минута разговор 20-30.

Не ни треба политички пристап туку ни треба пристап со кој политиката ќе прекине да се меша во економијата.
 

slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
за оваа математика ние во другата тема дискутиравме уште пред 2 дена :)

Најпаметен потег е делот од предлог законот со кој секој стан треба да има калориметар и да си плаќа онолку колку што ќе потроши (исто како вода, струја и слично). Но овде се јавува друг проблем кој ги засега топлификација и поради тоа вршат притисок , Што се случува со топлината која се губи низ инсталациите , доколку се користат калориметри никој нема да ја плати и ќе испадне на товар на топлификација т.е тоа е нивна загуба. До сега овие загуби ги плаќаа станарите затоа што калориметрите беа постравувани на влез во подстаницата на објектот и потрошената енергија беше делена по квадратура на становите. Заради ова топлификација одбиваше да инсталира калориметри кај секој потрошувач посебно затоа што загувиде во системот ги плаќаа корисниците, а од сега ќе ги плаќаат исклучените корисници... (јбг монопол си е монопол едноставно им се може...)
Со цел да се намалат овие загуби и да нема никакви проблеми и сите да бидат среќни и весели потребно е да се постават нови инсталации во 90% (ако не и повеќе) од објектите со што би се намалиле загубите на топлина при транспорт, но сепак повеќе им се исплати на топлификација да си ги бричи муштериите отколку да инвестира.
А за тоа дека исклучените корисници преку ѕидовите добивале топлина од корисниците и од инсталациите кој поминуваат непосредно е проблем на топлификација која дозволила да се користи топловодно греење иако објектот има слаба изолација и инсталациите не се изолирани.
Друг проблем на топлификација е тоа што нивна е само инфраструктурата до стамбените објекти (не е нивна туку им е отстапена на користење од државата), а додека инсталациите во објектите, пумпи топлино изменувачи и се останато се на сопствениците на објектот.
Има уште милион ситници поради неправилности, нестручност, лоша изведба, дупки у закон поради кој има загуби во системот на топлификација и бидејки топлификација е многу повлијателна врз регулаторна комисија затоа сите овие трошоци ги покриваат граѓаните...

А кога сме кај загубите на енергија кој ние ги плаќаме од џеб тука е и инсталираната моќност која евн ни ја наплаќа секој месец како +33% од сметка само поради тоа што електричната инфраструктура е застарена и место да инвестираат во модернизација на истата со цел да ги намалат загубите они ни лупаат +33% на сметките и ич не им чуе, но ова е друга тема , пред некој ден најдов еден многу добар пост на еден блог за оваа тема па деновиве ќе пробам да отворам нова тема и овде (послабо сум упатен во електрична енергија па ми треба некое време да ја разработам темата :))
 
Член од
18 ноември 2010
Мислења
34
Поени од реакции
19
Граѓанска непослушност! Масовно неплаќање на сметките. Проблемот што нели сигурно нема да може да се собереме како нација во доволен број, може да се реши со популаризирање на ова. Еден пример кој би бил изведлив е во одреден ден, во одреден периот, масовно одење во наплатните центри на ЕВН и кинење на сметките! Сигурно ќе биде медиумски пропратено и бројот на граѓани кои ќе го направат тоа ќе расте експоненцијално.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Со граѓанска непослушност нема да се постигне ништо....бидејќи имаш давател на услуга и корисник

....притисокот треба да биде на Уставниот Суд како највисока инстанца...и Судот за човекови права....вториот чекор е разбивање на монополот и либерализација на пазарот на енергенси....тука притисокот треба да се врши врз Законодавната власт односно Собранието....иако немам никакви познавања од право и закони....мислам дека група граѓани (минимално 10000) можат да поднесат иницијатива за одреден закон односно негова промена....тука можеме да го бараме спасот....луѓе со познавање на оваа материја да изготват соодветна документација, а ние останатите да дадеме соодветна поддршка

инаку не е проблем цената на струјата и парното...ПРОБЛЕМ Е МОНОПОЛОТ И НЕСООДВЕТНАТА УСЛУГА.....на пример како корисник на топлинска енергија топлификација мене треба да ми испорачува топлинска енергија 24 часа дневно 365 дена во годината, а јас да одлучувам колку и кога ќе користам....и нормално да плаќам според испорачаната топлинска енергија, а не според квадратура и останати митолошки параметри

Со ЕВН ситуацијата е многу поедноставна....ЕВН е само преносител (дистрибутер)....а јас како потрошувач треба да имам право од кого и по која цена ќе купувам струја....ЕВН единствено треба да наплаќа за пренос на електрична енергија....

јас како потрошувач треба да имам избор од кого купувам струја....можеби сакам да плаќам по 100 денари за киловат час зелена струја од Сончевата електрана во Кадино или пак 15 денари од ТЕЦ Осломеј или пак 20 денари од минихидроцентралата што ќе ја направам на свој имот, а ЕВН е должна произведената струја да ми ја транспортира до посакуваната дестинација , а за услугата да ми наплати соодветен надомест

за секој проблем постои решение....а во Македонија за секој проблем постои нов проблем.....СПАСОТ Е ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА НА ПАЗАРОТ И РАЗБИВАЊЕ НА МОНОПОЛОТ
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
....притисокот треба да биде на Уставниот Суд како највисока инстанца...и Судот за човекови права....вториот чекор е разбивање на монополот и либерализација на пазарот на енергенси....тука притисокот треба да се врши врз Законодавната власт односно Собранието....иако немам никакви познавања од право и закони....мислам дека група граѓани (минимално 10000) можат да поднесат иницијатива за одреден закон односно негова промена....тука можеме да го бараме спасот....луѓе со познавање на оваа материја да изготват соодветна документација, а ние останатите да дадеме соодветна поддршка

Ако ова е вистина и има некој доброволци овдека кои се разбираат во право да го средат тој дел 10 000 потписи ќе собереме одма.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ако ова е вистина и има некој доброволци овдека кои се разбираат во право да го средат тој дел 10 000 потписи ќе собереме одма.
Вистина е. Постапката се вика “Граѓанска иницијатива“и во денешно време на посредна демократија, заедно со референдумот се единствени форми на непосредна демократија.


....


Ете го...
100 граѓани се потребни за да се покрене иницијатива, 10.000 се за потписи за претседателски кандидат. :icon_mrgr: 150.000 потписи треба за референдум.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom