Грција ги „фиромизира“ новите регистарски таблички

Статус
Затворена за нови мислења.

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Романија и Бугарија беа на истото мизерно економско ниво со нас, па беа примени во ЕУ, затоа што никој не се спротивстави.

Види, јас не пишувам повќе на темава, ќе оставиме на другите да просудат кој е во право. А ти можеш уште еден пост после мојот да напишеш, бидејќи си модератор, и тоа поприлично суетен, па ти имај го завршниот збор во кој ќе бидеш во право.

Бива?

;)
Епа ние ја имаме среќата Грција да се буни за наше членство. Не е Грција светска сила па да кажува кој ќе влезе или нема да влезе, едноставно си има силно лоби и длабоки врски со големите земји. Си може. Не сме ние среќлии ко бугарчињата, од мизерија оп во ЕУ. Ние сме до Косово и Србија, помизерни здравје. Ако не да се преместиме измеѓу Бугарија и Романија и така не искаат да не стискаат.
Фала на почеста, завршниот збор ќе ми биде за Каролина Гочева, велиш катран и пердуви оти се верила со Грк? Смртна казна за предавство! Ако онаа што седи во парламент и се вика Силвана Бонева пишува книги со мажот и како сме ние Бугари. Барем Каролина не ја ранам јас и не и плаќам бензин да се вози на моја сметка. Оваа крастава на наш грб пропагира нова историја и ми ја крои судбината, иде на одмор во Халкиди и гласа за закони, да бидам искрена и личи на бугарка, така како блага ретардација да има фатено.
 
Username1

шо е бе?
Член од
2 март 2012
Мислења
585
Поени од реакции
551
До некаде е во право Ставро,ама тоа бугарското од него излезе и неможам да се сложам со него за ништо повеќе.
А Бонева веќе ко да е полиена со катран уште перјата фалат.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
И пак се враќаме на почеток, имам право каде сакам да одам со мои пари, али сум без морал, без интегритет и предавник зошто сум ја одбрала најблиската дестинација. А сите останати се со висок морал и големи патриоти, биле секаде каде што ги работат во здрав ум, али не биле во Грција јессс патриот сум! Од такви патриоти еден се кандидираше и за градоначалник на Благоевград и ја делеше Македонија.
Ми се лоши од муабетов. Награда за големиот патриотски дух (кој исклучиво важи само за Грција, фала богу пу пу не важи за другите)10% покачена струја од септември, живели патриоти.
Интегритетот е лична работа, не е нешто што треба да го споредиш со интегритетот на Љубчо, Љубе, Грујо и Бранко и било кој на овој свет.
Значи ти како леандра мислиш дека политиката на Грција е неправедна, но за да си ги задоволиш своите потреби си ги прекршуваш личните кодекси и директно ја поддржуваш таа политика со парите што ги оставаш таму.
 
noviot

Форевер Aлоун :(
Член од
19 април 2006
Мислења
446
Поени од реакции
170
baras da pisuvam na kirilica bidejki si nepismen, neznaes da citas latinica, a ja ke si odam pak vo grcija, ti bidi patriota i odi vo ohrid
Честито батка, најкретенски одговор што сум го видел досега на кајгана форумoв хахахаха. Очигледно имаш пречки во развојот, па нема да те замарам повеќе со муабет да не те боли главата многу. А за другово, слободно да си идеш на миконос, можда ќе имаш среќа да ти го опаша некој од гејскине педерчиња. Со среќа!
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Интегритетот е лична работа, не е нешто што треба да го споредиш со интегритетот на Љубчо, Љубе, Грујо и Бранко и било кој на овој свет.
Значи ти како леандра мислиш дека политиката на Грција е неправедна, но за да си ги задоволиш своите потреби си ги прекршуваш личните кодекси и директно ја поддржуваш таа политика со парите што ги оставаш таму.
Исто како и сите луѓе во оваа држава, сите до еден без исклучок. Јас во Грција, друг во Бугарија, трет во Косово, четврти во Албанија, итн.
Само што јас имам доблест да кажам дека сум била ваму и таму, другите како пички под кошула ќутат, а се удираат во гради па после ги има во весници, а овде магла продаваат. За жал од лицемерие ќе се умре некој ден во оваа држава.
Светец не сум, ниту моралист, ниту глумам голем патриот. Си ја сакам земјата и народот како сите што си ја сакаме. Обичен човек кој за 4 дена сака да отиде на најблиското море и најубавото за да се одмори во тишина, зошто утре пак треба да работи за да оваа држава има од каде да краде и лупа давачки, за да имате образование, здравство и грбава администрација. Ако тоа ме прави предавник нејсе предавник сум. Вие не сте. Ако ви е така мирна совеста.
А на Грците јас секој ден со работата им давам по 70 евра за царински документи. На Бугарите им давам 25 евра за царински и 100 евра мито за да има што да јадат голтарите. Албанците некако најефтини ми се по 15 евра на секој влез. Србите ги частам по 90 евра на влегување и патарини, Косоварите по 40 евра од ден. А на Македонија се она што ќе остане. Така да јас во секој случај финансирам и блокади и асимилации и терористи и апаши. Али мора да се живее.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Едно е кога мора да се живее, друго е кога се работи за малоземски задоволства.
Верувам дека ти како бизнисмен барем декларативно на форумов, повеќе придонесуваш од многу самодекларирани патриоти во оваа држава кој ја цицаат истата, но тоа пак не е темата.
Ние овде се обидуваме да го калибрираме човечкиот компас низ аргументи е дали е правилно или не моменталното одењето во Грција на одмор.
Кога утре Грција би ја сменала асимилаторската политика и постапувала како што и доликува на сосед, можеби и самиот би се истоварил со една вреќа пиперки на Лептокарија.
Засега кога ќе појдам таму ретко го имам чуството на горчина додека јадам гиро дека ги спонзорирам истите тие кои донекаде се виновни за нарушеното здравје на моите родители.
За Бугарија и Албанија веќе е кажано, точно е дека можеби си имаат некаква агенда, но конкретно досега не можиме да ги обвиниме за нацистичка политика спрема државава.
Ако утре истите постапат како Грција, сигурно ќе ги презирам и сонарподниците кои ќе појдат таму на одмор.
 
Јас виновник за нарушено здравје гледам само во мојата држава. Во никој друг. Ние можеме и без ЕУ и Нато да живееме, незнам зошто ја ставате Грција како прашање на живот или смрт. Без нивното амин да не умревме случајно? Не. Повеќе горчина имам кога шетам пред парламент кај нас или пред влада. Тогаш го имам тоа чувство. Али гледаш различно реагираме, ти ги кривиш Грците оти те донеле до ова дереџе, што апсолутно е муабет само за широки народни маси, а јас си ја кривам владата за лошата економска ситуација кај нас. Е сега бидејќи не е економски муабетов, да не го ширам.
Во Бугарија пари да ми даваш не одам на одмор. Не оти не ги сакам како народ, далеку од тоа. Оти едноставно не ми се допаѓа ниту море, ниту храна основен предуслов за одмор. Да одам некаде каде што ќе се чувствувам лошо за свои пари немам намера. Да одам до Албанија по кривини за 4 дена исто немам намера. А да седам дома не ми се седи. Ти слободно презирај ме, не ти се мешам. Ако сите живееме според тоа што е правилно или неправилно за некого, јас досега ќе требаше да се убијам. Судии во земјава еден тон, чисто лице, совест, морални, патриоти, традиционални, абе фазла муабет да не правам. Али само кога треба друг да се суди. Најубав бизнис е со огледала, задолжителен закон, секој да има големо огледало дома.
 
G

Gray Foxx

Гостин
А сеа иде тој клише муабет.
Оти не се бојкотира Бејк Ролс, Окта, Скопско итн...? :D
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
А сеа иде тој клише муабет.
Оти не се бојкотира Бејк Ролс, Окта, Скопско итн...? :D
Значи да се разбереме, Скопско е македонски бренд. Скопска пивара ја купија Грци кои немаат врска со проблемот со името како прво, а како второ во фабриките работат Македонци кои зимаат плата и јадат леб од тоа. Скопско секогаш БИЛ, секогаш ЌЕ БИДЕ МАКЕДОНСКИ бренд. Газдите се менуваат, Скопско останува. Скопско timeless. ;)Вредноста на Скопско како симбол на квалитет и традиција никогаш нема да исчезне.
Некои го бојкотираа Скопско уште пред да го купат Грци.
 
Username1

шо е бе?
Член од
2 март 2012
Мислења
585
Поени од реакции
551
Го бојкотираа Битолчани :D
 
G

Gray Foxx

Гостин
^
А кај е тој слоганот Најдоброто од Македонија? :icon_mrgr:

:icon_lol:
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Јас виновник за нарушено здравје гледам само во мојата држава. Во никој друг. Ние можеме и без ЕУ и Нато да живееме, незнам зошто ја ставате Грција како прашање на живот или смрт. Без нивното амин да не умревме случајно? Не. Повеќе горчина имам кога шетам пред парламент кај нас или пред влада. Тогаш го имам тоа чувство. Али гледаш различно реагираме, ти ги кривиш Грците оти те донеле до ова дереџе, што апсолутно е муабет само за широки народни маси, а јас си ја кривам владата за лошата економска ситуација кај нас. Е сега бидејќи не е економски муабетов, да не го ширам.
Во Бугарија пари да ми даваш не одам на одмор. Не оти не ги сакам како народ, далеку од тоа. Оти едноставно не ми се допаѓа ниту море, ниту храна основен предуслов за одмор. Да одам некаде каде што ќе се чувствувам лошо за свои пари немам намера. Да одам до Албанија по кривини за 4 дена исто немам намера. А да седам дома не ми се седи. Ти слободно презирај ме, не ти се мешам. Ако сите живееме според тоа што е правилно или неправилно за некого, јас досега ќе требаше да се убијам. Судии во земјава еден тон, чисто лице, совест, морални, патриоти, традиционални, абе фазла муабет да не правам. Али само кога треба друг да се суди. Најубав бизнис е со огледала, задолжителен закон, секој да има големо огледало дома.
Последен пост од моја страна од причина што ги исцрпив моите аргументи за да не станам здодевен на останатите што не читаат да се повторуваме.
Мислам дека и Грците се директно виновни за дел од нашата немаштија и ти се согласи самата на тоа во погорните постови.
Нашите политичари ги презирам повеќе од грчките, но живеењето во Македонија не е право на избор барем не' за повеќето жители на државата. Не верувам дека можат да се качат во југото и да се укотват наредниот ден во Минхен за да живеат таму како што тоа го прават во Паралија на 10 дена.
И не знам што упорно ги анализираш и се споредуваш со останатите кои те "судаат", еве признавам дека имам помалку интегритет од тебе за многу работи, можеби и сите останати кои те судаат (морал, чисто лице и традиционалност се нешто друго), но тоа не те прави тебе човек на кого интегритетот му е доблест.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom