За мене капитализмот е слобода, а комунизмот е зандана. Не негирам дека сум имал бенефит од социјализирана здравствена заштита, социјализирана едукација итн но, парите за сето тоа дошле од слободниот пазар и имам најголем респект за големите капиталисти бидејќи тие се најдоброто од пазарот. Исто како што го почитувам Меси и Мајкл Џордан го почитувам и Ворен Бафер човекот е генијалец исто и Карлос Слим е цар. Тоа се талентирани и успешни луѓе.
За мене можност јас да учествувам на пазарот на капитал и да се обидам со свое знеање умеење па и среќа е интегрален дел од слободата и основно човеково право според ООН (правото на сопственост). Инаку и секој е дел од тој пазар на капитал ако поседуваш нешто ти си автоматски некој вид на капиталист имаш куќа значи се кладиш на пазарот на недвижнини и земјиште итн. Како и да е...
Јас имам некој инвестиции во различен капитал сеуште неможам да живеам само од тоа иако се окулу 30-40% од мојот месечен приход во просек и пополека растат може некој ден ќе може и 100% да живеам од мојот капитал може и никогаш и нема, може дури и да можам нема да сакам зошто мојата професија ме исполнува и несакам да се бавам само со манипулација на капитал т.е. според Маркс да станам буржуа-капиталист. Но, ми се допаѓа можноста и слободата да пробам и да се бавам и со таа активност. Едноставно премногу сум слушал како луѓе се жалат за пари и еден ден решив да анализирам кој е нивниот проблем после години проучување стекнав одредено подлабока ниво на познавање на пазарот на капитал и почнав да се бавам со тоа со одреден успех па, и повремен неуспех. Повеќе ми е желба да пробам и да си ја видам среќата и колку добро го разбирам системот т.е. да си го проверам знаењето во пракса. Нема некоја желба да станам богат да има вила на карбите и слуги да ми носат коктели не ме исполнува тоа туку само сакам предизивик и да се натпреварувам. Исто како во спорт иако сум доста не талентиран во тој дел а за уметност уште помалку ме бива. Ама ме бива за анализи, математика и логика и сум доста дисциплинирна личност и си ги знам добро добрите и лошите страни на мојата личност што е битно во инвестирањето.
За моралот на капитализмот.
Поседувам мала количина акции од Епл. Епл има фабрика во Кина, Фокскон кој ја критикуваат за условите за работа. Јас со моите пари (во микроскопски дел) сум помогнал да се отвори таа фабрика. Но, таа фабрика не им го направила животот полош на работниците туку посреќен. Работниците сами си одбрале поради што им било подобро и животот им бил посреќен да работат за Епл одколку да садат ориз на 2 декари земја значи немало присила се е слободна воља. Јас со моите скромни средства сум усреќил некој Кинез и сум подобрил нечив живот, тоа е убавината на капитализмот. Луѓето меѓусебно си помагаат за обострана корист. Секој кој се впуштол во трансакцијата верувал дека ќе му биде подобар животот ако ја направи, ова е маргинализам ваљда ме сваќаш.
За мене ограничување на пазарот е форма на ограничување на слободата но, сум реалист во некој случаи е потреба државна интервенција но, тоа треба да случаии каде тоа е крајно неопходно и се гледа од небо дека пазарот е неефикасен или има доста јаки екстерналии. Како и да е несакам да морализирам многу повеќе ме интересира личниот бенефит и сакам повеќе да знам како функционира системот одколку да го менувам не сум моќен толку а, и мислам дека го немам правото моите лични погледи да ги наметнувам на друг, ама несакам некој тоа и на мене да ми го прави. За мене слобода и сигурност е кога секој си го тера својот бизнис и не се меша во туѓа манџа или мисли дека неговиот светоглед е најдобар и најисправен а со тоа ми се засилува чуството на сигурност од некоја будала да ми се меша во манџата.
Порано многу морализирав и се фурав на некој леви идеологии ама со текот на годините и проучувајќи го системот започнав да ја ценам неговата убавина и комплексност и како треба да се игра играта...немам амбиција да го сменам светот само сакам да пробам што можам да направам со овие карти што ми се поделени.
Го сакам капитализмот бидејќи можностите се неограничени ако ги следиш неговите правила. А не сум човек кој сака граници и некој да му кажува што да се прави...
Немав намера да коментирам и да се мешам „у туѓи манџи“ но кога веќе го спомна Апл и Фокскон, па уште и си бил акционер, сметам дека треба да го почиташ ова:
1.Кинескиот град Шенжен е местото каде што поголемиот дел од нашето „срање“ се изработува. Пред 30 години, Шенжен беше мало село на река. Сега тоа е град со 13 милиони жители – поголем од Њу Јорк.
2.Фокскон, едно од претпријатијата кои изработуваат АјФони и АјПади (и производи за многу други претпријатија за електроника), има фабрика во Шенжен која вработува 430 000 луѓе.
3.Има 20 самопослуги во фабриката на Фокскон во Шенжен. Секоја од нив служи 10 000 луѓе.
4.Работничката од Фокскон со која разговараше Мајк Дејзи, надвор од портите на фабриката чувани од стража со пушки, беше 13 годишно девојче. Таа го полира стаклото на илјадници нови АјФони дневно.
5.Тринаесетгодишната работничка рече дека Фокскон нема обѕир спрема возраста на работниците што ги вработува. Има инспекции на лице место, од време на време, но Фокскон секогаш знае кога тие ќе се случат. И пред да дојдат инспекторите, Фокскон само ги заменува младоликите работници со постари.
6.Во првите два часа вон фабричките порти, Дејзи запознава работници кои велат дека тие имаат 14, 13 и 12 години (заедно со многу постари). Дејзи пресметува дека околу 5% од работниците со кои тој зборувал се малолетни.
7.Дејзи претпоставува дека Апл, како што е опседнато со детали, мора да го знае ова. Или, ако тие не го знаат ова, тоа е поради што тие не сакаат да знаат.
8.Дејзи посетува други фабрики во Шенжен, преставувајќи се како потенцијален муштерија. Тој открива дека повеќето фабрички подови се огромни простории исполнети со 20 000-30 000 работници во секоја од нив. Просториите се тивки: Нема машини, и не е дозволено да се зборува. Кога трудот е обезвреден толку ниско, нема зошто со друго да се произведува освен рачно.
9.Кинескиот работен „час“ е 60 минути – не како американскиот „час“, кој генерално содржи паузи за
Фејсбук, тоалет, телефонски повик и нешко малку разговор. Официјалниот работен ден во Кина е 8 часа долг, но стандардната смена е 12 часа. Генерално, овие смени се зголемуваат на 14-16 часа, посебно кога има многу нови апарати да се изработат. Додека Дејзи беше во Шенжен, еден работник од Фокскон умрел после работење од 34 часовна смена.
10.Производните ленти може само да се движат онолку бргу колку нивниот најбавен работник, па сите работници се набљудувани со камери. Повеќето работници стојат.
11. Работниците остануваат во заеднички спални соби. Во 12-на-12 цементно кубна соба, Дејзи наброи 15 кревети, наредени како фиоки до таван. Американците со нормална големина не би ги собрало.
12.Синдикатите се незаконски во Кина. Секој кој ќе биде откриен дека се обидува да создаде синдикат е праќан во затвор.
13.Дејзи разговараше со десетици (поранешни) работници кои тајно поддржувале синдикат. Една група зборувала за користењето на „хексан“, чистач на мониторот на
Ајфон. Хексанот испарува побргу од другите чистачи на монитори, што овозможува производната лента да се движи побргу. Хексанот исто така е невро-отровен. Рацете на работниците кои му кажуваа за тоа им се тресат неконтролирано.
14.Некои работници не можат да работат повеќе бидејќи нивните раце биле уништени работејќи го истото нешто стотици илјади пари за време на многу години (
mega-carpal-tunnel). Ова можело да биде избегнато ако работниците имале преместувачки работни места. Штом работничките раце повеќе не работат, очигледно, тие се конзервирани.
15.Една поранешна работничка го прашала нејзиното претпријатие да ‘и плати за нејзината прекувремена работа, а кога нејзиното претпријатие одбило, таа отишла во бирото за работни односи. Бирото за работни односи ја ставил на црн список којшто циркулирал до секое претпријатие во регионот. Работниците на црниот список се жигосани како „бељаџии“ и претпријатијата не сакаат да ги вработуваат.
16.Еден работник ја скрши својата рака во метална преса во Фокскон. Фокскон не му даде медицинска грижа. Кога раката на работникот оздраве, со неа не можеше повеќе да работи. Па, тие го отпуштија. (За среќа, работникот беше способен да најде нова работа, во пилара. Часовите таму се многу подобри, вели тој, само 70 часа неделно).
17.Овој работник, патем, ги изработувал металните рамки на АјПадите во Фокскон. Дејзи му го покажал својот
АјПад. Работникот никогаш порано не видел АјПад. Го држел и си играл со него. Рекол дека е „магичен“.
Оригиналниот текст можеш да го прочиташ тука
http://www.businessinsider.com/apple-child-labor-2012-1
Слична е положбата на нашите „текстилци“.
Каде е слободата на работниците.
Можеби Макијавели е во право кога рекол „Целта ги оправдува средствата“ - Денес целта е максимализирање на профитот, а кои средства ќе се користат (дали некој ќе умре или ќе се одземе нечија слобода) не е битно.
И само уште ова. Незнам зошто цело време се врти тезава околу капитализам vs социјализам/комунизам. Јас само сакам секој да живее во послободен и посигурен свет (значи сум против денешното угнетување на работниците, а социјализмот/комунизмот оставете го на страна).
--- надополнето: 31 јули 2012 во 09:17 ---
ту биг то фал е западна заебанција која е основа на кризата. Велиш капитализмот ќе пропадне, не, нема капитализмот да пропадне туку ќе пропаднат оние кои се осмелуваат на државен интервенционизам во економијата, нешто кое според пазарниот капитализам не смее да го прават.
Само кратко да ти реплицирам: Според економските мислители или ајде поточно според Кејнз (кој е еден од најпочитуваните економисти приврзаници на пазарниот систем) државниот интервенционализам за време на криза е неминовен со цел зголемување на побарувачката. И Кајнз не пропаднал туку се издигнал како херој на капитализмот за време на Големата економска криза.
Ако не ти се допаѓа како се поставени работите, стани капиталист. Ако немаш капитал, оди во странство работи 5 години, заработи 100000 евра, врати се, отвори фирма, вработи луѓе и биди и ти капиталист.
Да видиме дали ќе е така едноставно како што на прв поглед ти изгледа и дали твоите ставови за неправдите и нееднаквоста ќе опстојат.
Затоа што проценил дека може. Негова работа е што ќе прави со неговите пари. Правиш класична грешка да мислиш дека парите на фирмата се заеднички па секој има право на нив. Не, капиталот на фирмата е на газдата или на акционерите. Ти се согласуваш таму да работиш за плата. Може компанијата да има профит 100 пати поголем од вкупната плата на сите работници, тоа не значи дека тие пари треба да ги делат со работниците, туку тие ќе прават што сметаат дека треба со нив.
Ти мислиш дека така лесно можеш да заработиш 100.000 евра.... ако може така секој би пошол странство.
+ Јас не зборувам за мојата лична состојба и слобода (ти не ме знаеш мене, јас можеби сум капиталист можеби сум работник). Јас зборувам за општите права и слободи на работниците (и тоа е мој став и денешниве состојби не ме тераат да мислам поинаку). „Негова работа е што ќе прави со неговите пари“ - ДА! Но во што е подобар од мене па да има толку многу пари. Зошто некој да пати ако неговиот татко нема пари а тој е талентиран.