Зависи од куќа до куќа .............. просечно околу 50е годишно ............. зборам за просечна куќа, барем досега, а во иднина ќе видиме !
750 ден годишно за 100 квадрати куќа, од каде тоа 50е, да не има камата за ненавремено плаќање?
Како тоа може да оделат пари за одмор надвор од границите, а немаат пари за данок? Извадат кредити за да идат на одмор на некое море, имаат мобилен од 500 евра и после е нема пари за данок. Море треба да им бараат и платени последни сметки од струја, вода......
Многу кога ќе се вратат од одмор ќе ги чекаат извршители пред врата поради тоа што ги оставија сметките а отидоа на одмор.
--- надополнето: 31 јули 2012 во 02:53 ---
Супер штом моделот е земен од Холандија. Ајде сега нека стават минимум плата како во Холандија, па да почнеме да кешираме на граница.
Он: Буџетот е црна дупка. Капиталните инвестиции ги избришаа со ребалансот, ама изгледа и за плати и пензии им снемало. Шуќур за споменици има.
Данокот во Македонија е според минималната плата, исто и во Холандија. пр тука годишно ако е 17 евра таму е 170.
И да се стави минимална плата како во Холандија данокот нема да е ист ќе биде поголем, а со тоа и поголеми сметки за струја, вода, поскапи прехрамбени прозиводи, облека.... итн и после пак ќе се жалите и пак ќе немате пари.
Вие сакате плата како во западна европа а трошкови како во Македонија е нема така.
Штом четиричлено семејство идат на одмор преку граница значи ја имаат минималната плата на Холанѓаните со себе мора да имаат (100 евра од лице = 400 евра + 400 евра за јадење, ако идат со кола + 200 евра, ако немаат пасоши + 100 евра = 1100, сигурно не тргнале со нашата минимална плата од 8500 ден.
Ако немаш за кеш на граница не заслужуваш да идеш на одмор надвор од Македонија.
Во просек стави 1000 ден годишно со камата, тоа е по 90 ден месечно и за тоа ли да ви прават проблем на граница?
Уствари знаеш ли дома колку ви дојде за данок за 2012 година?
Зошто не се жалите за сметките за телевизија што ги покачија на 190 ден гледам сите ги плаќаат и што годишно изнесуваат повеќе и од данокот. Тоа според мене не е задолжително да се плаќа, а данокот е бил и ќе биде задолжителен.